ДАЛИ АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ЏЕС БЕЈЛИ ГО ОФИЦИЈАЛИЗИРАЛ ИЛИ СЕ РАБОТИ ЗА САМОВОЛИЕ НА ВРАБОТЕН ВО АМБАСАДАТА НА САД


Јордан Петровски 28.03.2018
На нетов налетав на едно писмо, писмо кое представува сериозен преседан во дипломатското однесување на амбасадата на САД.  Поточно амбасадата на САД , пишувам абасада на САД а не службеник или Албанец вработен во амбасадата , бидејки се работи за официјален документ со кој амбасадата на САД го известува барателот на виза за влез во САД  е напишано на Албански јазик, јазик кој НЕ Е  ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК СПОРЕД УСТАВОТ НА Р. МАКЕДОНИЈА. Известувањето од амбасадата на САД морало да биде или на Англиски, официјалниот јазик на САД или на официјалниот јазик на земјата домаќин во случајв Македониа значи на Македонски.
Дали Министерството за Надворешни Работи и министерот Димитров ке смеат да реагираат или пак за нив оваа ке „доказ“ дека еве САД го подржува законот!! И затоа почнува да го применува Албанскиот јазик како ОФИЦИЈАЛЕН, односно го спроведува  законот за Албански јазик како порака до председателот Иванов дека САД бара да го потпише  а и ако не го потпише тие ке го применуваат. Јас сум уверен дека МНР и Димитров нема да реагират бидејки нивната вистинска цел е што поголема омраза кон САД и Запад  а и коалициониот парнер ке се налути па може да се раскине коалицијата.   

 






 

Read 1182 times