ДАЛИ СЛУЖБАТА ПАК КЕ ИЗБЕРЕ ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ

 Јордан Петровски 15.05.2017

Во ова време—невреме веке почнаа да се јавуват многу „загрижени“ вмроОВЦИ што нудат решение за спас на вмро ДПМНЕ. Загрижените вмроОВЦИ како спасители на партијата нудат луѓе кои биле дел од криминалната и антимакедонската власт на Груевски и братучедите!! Луѓе кои молчеле за криминалите, луѓе кои и денеска не го осудуват Груевски, луѓе кои наместо после првите „бомби“ да побараат оставка од лидерот, тие се впуштија во беспоштедна одбрана на екс-Премиерот. Спас на ВМРО дпмне не е можен ако во Партијата остане и еден човек кој бил дел од власта на Груевски, како во партиската, така и во извршната власт. Без темелно чистење нема можност да се отстранат инсталациите на  Службите: УДБА и КОС-ОПЕРА во партијата.  Единствен начин за чистење на партијата  е да  се спречи човек на СЛУЖБАТА повторно да биде поставен за нејзин лидер!! За да не дојде повторно човек на Службата на чело на ВМРО ДПМНЕ ке се обидам преку текстов да објаснам некои работи. 

За да сѐ она што ке го напишам во продолжение стане доволно јасно треба да се потсетиме на изборите во Србија од 2012 година и формирањето на владата после тие избори. До изборите во 2012 година во Србија на власт беа КОС, Тадиќ и неговата  Демократска партија и УДБа, Дачиќ со неговата Социјалистичка партија. Коалицијата ДС и СПС победи на изборите во 2012 година, но ненадејно Дачиќ не ја продолжи коалицијата со Тадиќ. Преговорите и натегањата траеа неколку месеци за на крај Дачиќ да направи коалиција со Напредната Странка на Тома Николиќ и така да се прекине правењето заедничка влада помеѓу КОС и УДБа.

Кон ова ке додадам и една кратка фактографија за тоа што се случувало кога ВМРО ДПМНЕ „победувало“ на изборите. Имено во 1998 година ВМРО ДПМНЕ по победата на изборите направи влада коалицирајки со Демократска алтернатива, партија составена од луѓе кои биле членови или симпатизери на партијата на КОС, Савез Комуниста Покрет за Југославију, меѓу кои можеше да се најде и голобрадиот Никола Груевски. Во 2006 година после победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите, тие коалицираа со Новата Социјал Демократска Партија чиј основач беше Тито Петковски, неформален председател на СК ПЈ. Во 2008 година ВМРО ДПМНЕ се обиде да не коалицира со партија чие потекло е поврзано со СК ПЈ, но тогаш службата го извлече својот џокер: партијата на Аца Антиќ, вработениот во GENEX и дружината. 

Пред да продолжам понатака ке напишам збор-два и за причината зошто судирот помеѓу КОС и УДБа, или поточно КОС-армискиот врв и следбениците на Mилошевиќевата визија за Македонија, досега не излезе со сета жестина на виделина. Имено, додека во ВМРО ДПМНЕ, ВМРО имаше влијание, односно имаше членови кои беа вистински следбеници на идеата и мотото на Организацијата: самостојна, демократска, прозападно, поточно проамерикански орјентирана македонска држава, и КОС и УДБа водеа битка ВМРО ДПМНЕ да ја исчистат од ВМРОвци и така да да ја исправат сопствената лоша проценка за ефектот од спојувањето на ДПМНЕ со ВМРО СДРМА/ПРАВДА, односно ефектот што кај Македонците ке го предизвикаат четирите златни букви: В М Р О. 

 

независните“ медиумски работници пред да почне битката помеѓу КОС и УДБа беа во нераскинлива дружба потоа кој каде доби распоред !! 

Чистката на ВМРОвци во ВМРО ДПМНЕ почнува со мал интензитет после Прилепскиот конгрес, но по Кичевскиот зема потполн замав и завршува некаде по изборите 2008 година, па откако  единствениот и вистинскиот чинител кој ги загрозуваше интерестие на СРБИЈА во Македонија беше поразен, неминовно беше да дојде до борба внатре во СРПСКИТЕ ИНСТАЛАЦИИ. Водството на КОС-ОПЕРА, уверен сум се надевале дека со активирањето во 2010/11 година на екипата од УЈДИ, формирањето на „Балканска Транзициона Правда“, „РЕКОМ“ итн., Тадиќ повторно ке победи во Србија и така ке му овозможи на КОС да тргне во конечна пресметка сo УДБа, сo промилошевиќевска определба. Пресметката беше најавена во текстот РЕЖИМОТ НА МИЛОШЕВИЌ КОРИСТЕЛ 150 АГЕНТИ ВО МАКЕДОНИЈА, текст кој беше преработка на на текстот ТАЈНИТЕ НА БАЛКАНСКИОТ ШТАЗИЛЕНД ама новинарите кои го обајвија ден после објавата на оргиналниот текст на КОТЛЕ никаде не споменаа дека автор на текстот е Даме Чкатроски!? Ке се присетите се надевам колку во медиумите финансирани од Владе Милчин беа споменувани:  „Балканска Транзициона Правда“ и „РЕКОМ“ ако се погледне кои сѐ луѓе од Македонија беа во структурите на тие две многу „битни“ организации, сликата е дека судирот е од домашен карактер. 

КОТЛЕ  беше избрано да го обајви текстот по основа на тоа што важиме за сајт кој не припаѓа ниту на СДСМ ниту на ДПМНЕ, а сме поборници за лустрација—за откривањето на работењето на службите на државна безбедност и санкционирање на злоделата вржени преку министерствата за внатрешни работи. Според мене текстот беше да ги подисплаши луѓето на УДБа. Колку текста со слична содржина се објавени во Србија незнам, но убеден сум дека цел на тестовите беше да се помогне на УДБа. Еве дел од текстот:

Инаку, анализите на групата Кооп и Капиниќ, која ја преставувал Зоран Петровиќ, на тој состанок излегле со следните бројки. Во бивша СФРЈ режимот на Милошевиќ користел 2100 агенти вон Србија – во Хрватска 450, во Словенија -150, во Македонија – 150, во Босна – 350, во Косово – 700 и во Црна Гора – 200. Останати граѓани со престој во соседните земји – Австрија, Кипар, Унгарија, Романија, Бугарија ,Грција и Албанија - вкупно 200. Сите граѓани на бивша СФРЈ, или лица со повеќе државјанства.

Сите овие 2100 лица биле поделени во повеќе категории - политичка, медиумска, бизнис сфера (кршење на ембарго и воено/економска и логистичка подршка на режимот на Милошевиќ),безбедносна сфера, со дискрипција на војска, полиција и тајни служби, посебни здружениа и лоби групи.

Сите овие 2100 лица биле поделени во повеќе категории - политичка, медиумска, бизнис сфера (кршење на ембарго и воено/економска и логистичка подршка на режимот на Милошевиќ),безбедносна сфера, со дискрипција на војска, полиција и тајни служби,посебни здружениа и лоби групи.

Интересно е да се спомне дека секоја политичка партија од бившата СФРЈ имала контакт со овие групи и поединци, по сите основи. Секоја опозициска партија, создадена во, пред и после распадот на СФРЈ, била создавана од овие служби. Посебно диспаритетот бил јасен и впечатлив во следното - на партиите кои произлегле од бившите комунистички партии не им се придавало големо значење, поради тоа што тие биле основани од републичките сојузи на комунистите, а пак опозиционерите или десницата во целост била под тајните служби на СФРЈ и на Милошевиќ.

Освртот за ова го поднел Радован Димитриевиќ од ЦЕИГ, а целата анализа за ова ќе се обидам да биде објавена скоро.  

Целиот текст на тука: ТАЈНИТЕ НА БАЛКАНСКИОТ ШТАЗИЛЕНД

Дека не бевме избраани случајно ми беше јасно од прв момент  и затоа се обидов да пронајдам повеке за тој состанок и да пронајдам некои од лицата кои наводно присуствувале на тој состанок. За таков состанок и за такви луѓе не пронајдов никакво инфо. Затоа побарав од Даме Чкатроски авторот на текстот да ми даде контакт со тие луѓе:

 

 

 

До ден денешен не го добив бараните контакти а и најавените нови БОМБАСТИЧНИ текстови, причина КОС 2012 година ја изгуби битката.

После поразот во Србија на водството на КОС му станало јасно дека мора да изнајде нова стратегија за да стаса до победата. КОС донесе решение својот поход кон целосно освојување на целосната власт да ја започне од Македонија, тука структурите на КОС останале нечепнати a освојувањето на власта го планирале преку СДСМ. За реализација на планот се појавил неочекуван проблем, председателот на СДСМ Бранко Црвенковски, тој како и Глигоров еднакво ги почитувал/припаѓал и на двете служби и несакал да подржи нуту една од двете, затоа морaл да биде сменет од функцијата.  Кон крајот на 2012 се појавуват првите знаци за започнување на  кампањта за смена на Црвенковски:

Во секоја кампања за рушење на некоја личност, службата користи метод на девалавација на личноста!! Еве уште еден показател дека Црвенковски  морал да падне:

 

Во арсеналот на марифетлуците на Службата омилен марифетлук е формирање на група од незадоволници-СЕПАРАТИСТИ :). Улогата на предводник на незадоволниците службата ја додели на проверен нивни играч, Борче Трајковски  „БОЈ“, но сега само под нов псевдоним „БОКИ—БУРГИЈА“.

Многумина ке кажат дека оваа што го напишав погоре не држи, дека сите гледаме какви притисоци вршат  САД, ЕУ, кон ВМРО ДПМНЕ, и затоа не станува збор за судир помеѓу УДБа и КОС -ОПЕРА туку странците решиле да ја разнебитат Македонија. Дали сте се запрашале како ЕУ и САД градат мислење за проблемот во Македонија? Некој ке каже па имаат свои разузнавачи. Да, имаат разузнавачи. Но, од кого и од каде тие разузнавачи прибираат информации? Прибирааат информации од македонските гласила, од селектирани „граѓани“ и од извештаи на „Невладините Организации“! Кој ги контролира „Невладините Организации“? Кој ги избира нивните челните луѓе? Во Тоталитарните Системи за да биде задоволена формата, поточно за да и тие тврдат дека се демократски, се формираат Граѓански Здруженија кои ги формира Тајната Идеолошка Полиција.

Според доказите со кои располагам  во Граѓанските здруженија во Македонија нема ни „Г“ од граѓанско. Тие здруженија се формирани од Тајната Идеолошка Полиција за да работат на зачувување на Тоталитарниот Едноумен Комунистички Систем, односно, да го попречат формирањето на вистиски граѓански здруженија, и со своето делување да блокираат секаква идеа, совет или препорака од институции надвор од Македонија за либерализација на државата и почитување на индивидуалните права.

Дали некој слушна дека невладините организации биле носители на притисокот врз власта да ги спороведување во дело на Резолуциите на Советот на Европа за осуда на комунитичките злодела?   

Дали некој слушна во Македонија дека „Граѓанските здруженија“ препоракава на ЕУ за тоа дека за да Македонија стане Демократска и Слободна држава треба ПРОМЕНА НА СИСТЕМОТ ја повторија барем еднаш откако ја искажа посредникот Ванхауте?

Зошто е тоа така? Зошто при толку „Граѓански здруженија“, ставот на сите е ист по прашањето за осуда на Комунистичките злодела и препораката на ЕУ за Промена на системот? Малку историја, поточно ХРОНОЛОГИЈА за да работите станат појасни:

Сите „Граѓански здруженија“, зборувам за оние влијателните, чии мислења секојдневно ни ги пренесуваат „независните медиуми“, потекнуваат, т.е. се финасирани и основани од еден центар: Фондацијата Отворено Општество ‒ Македонија! ФООМ е првото „Граѓанско Здружение“, формирано во „самостојна“ Македонија.  Владимир Милчин, од прв ден па сѐ до мината година беше на чело на ФООМ. Идејата на „отвореното општество“ што го промовираше Милчин, со мали исклучоци, беше во невладиниот и медиумски сектор да етаблира мрежа која по очекуваниот пад на државните монополи ќе биде алтернативна поддршка на олигархиската пост-комунистичка елита, како и најмоќното училиште за регрутација на нео-комунисти. Задача која до денеска ја изврши одлично! А зошто да не ја изврши одлично? Милчин во овие дваест и кусур години имаше на располагање СТО и кусур МИЛИОНИ долари. Во држава каде човечка душа се купува со сендвич и сокче и таа душа е подготвена да загине за тој што му го дава сендвичот и сокчето, се наметнува прашањето колку ли души има купено Владе Милчин и што сѐ се уште подготвени тие да сторат за исполнување на задачата: зачувување на Тоталитарниот Едноумен Комунистички Систем!!

Значи на САД и ЕУ информации им даваат луѓе на Службата. Ова сознание ми се потврди читајки ги извештаите на ЦИА од кои беше симната забраната за објавување. А читав извештаи за период 1945-2002 година. На тој начин е градена слика за хуманоста на Титовиот комунизам, како онаа дека Глигоров е прогресивен и умерен. Се разбира за да таквата слика биде веродостојна противниците на Глигоров и на продолжувачите на комунистичкиот систем, мораше да бидат, УЛТРАДЕСНИЧАРИ, ТЕРОРИСТИ, НАЦИОНАЛИСТИ,  НАЦИОНАЛШОВИНИСТИ, АНТИАЛБАНЦИ, ТОТАЛИТАРИСТИ, или во жаргонот на СДБ: Врховисти, Ванчомихајловисти, и Бугараши.

За ВМРО ДПМНЕ од дента на нејзиното основање се прави слика дека се, ТЕРОРИСТИ, НАЦИОНАЛИСТИ и АНТИАЛБАНЦИ. Денеска веке знаеме чии луѓе биле „ВИЈУГА“, БИКЧЕТО, „РАШОМОН“, „ПАТНИК“, „АДУТ“, „ЈАК“, „МАРТА“, „КНИГА“, „ЛЕДИ“ и уште стотици други. Но најбитни во последните десет години се Сашо Мијалков и Никола Груевски. Поголема потврда за тоа кој е нивниот наредбодавач, односно за тоа на која служба ѝ аргатуваат братучедите, нема од тоа што од прв ден на превземањето на власта од страна на „Фамилијата“, Силјан Аврамовски стана заменик директор на Сашо Мијалков. Кога Сашо замина во 2015 година, Силјан и ЛУСТРИРАН остана во УБК на местото заменик директор. Говорите и постапките на споменативе луѓе послужија како доказ во намера да се створи лажна слика дека во Македонија се води „битка“ помеѓу националисти/фашисти-ВМРО ДПМНЕ  и демократи-СДСМ. Дали е тоа така? Ако направиме мало претражување и ако судиме според фактите ке видиме дека тоа не е така. Паравојска “СИНА ПТИЦА“ беше дело на ОПЕРА, иницијаторите, луѓето на КОС—Млекце и УДБа—Добри Величковски не беа судени. „Конгрес во Солун“ е изјава на Драган Богдановски алијас „РАШОМОН“ дадена во ноември 1990 во Канада а повторена на когресот во Прилеп. За АНТИАЛБАСТВОТО на ВМРО ДПМНЕ ке говорам низ следното: Во времето на владење на СДСМ се случија најбруталните пресметики со Албанците, пресметки кои однесоа човечки цивилни животи.

Битпазарските настани (1992) во кои власта на СДСМ ја употреби полицијата имаа за цел структурите на државната безбедност да ги засилат своите позиции во црниот пазар на цигари. Тој пазар (особено во 1990тите) го водеа исклучиво луѓе од врвот на СДСМ, избрани од Службата. Најлесен и наједноставен начин за внесување на цигари без плаќање на царина и други давачки беше преку фри-шоповите. А, кои беа газдите на фри-шоповите? Бандитската пресметка на Битпазар до ден днеска ниту едно НВО не го окаратеризира како дивеење на нациналистите од СДСМ ниту пак како воспоставување на криминал на фамилијата која тогаш беше на чело на мафијата!

Вториот настан кој ке го спомнам е растурањето на „приватната журка“ во Мала Речица од страна на Фрчковски, и се разбира полицијата (1995). Во реастрањето на „приватната журката“ имаше и загинати, пак цивили. По повод тоа брутално кршење на човековите права од страна на СДСМ—попречување на отворање на ПРИВАТЕН униврзитет—не се огласи ниту Хелсиншки комитет, ниту Фондацијата Отворено Општество, а заради молкот на овие два битни центра на антимакедонизам и светската јавност беше ускратена од било какви полезни информации.

Третиот настен е „одбраната на Уставот„ преку пред неколку часа донесениот закон за знамиња во Гостивар (1997), овој пат во режија на Тито Петковски „предеседател на држава“ и потписник на законот во ниедно време, Чокревски министер на МВР, Црвенковски премиер!! Пак имаше човечки жртви и пак молк од оние кои наводно ги бранеа човековите права и слободи во Македонија. 

Како може после ваквите брутални употреби на полицијата СДСМ да не се НАЦИОНАЛИСТИ во очите на САД, ЕУ? 

Моето прво соочување со фактот дека демократскиот свет знае многу малку, односно незнае речиси ништо за случувањата во Македонија за периодот после 1991 година се случи откако ги добив документите од мојот судски процес за добивање азил во Канада. Она што е најинтересно е содржината на доказите кои би ги окарактеризирал како периферни, односно, материјалите кои правниците од двете стани, „одбраната и обвинителот“ ги користат да ја отсликаат позадината на случајот: каде е Македонија; кој живее во Македонија, односно, каков е етничкиот состав; кои/што се Македонците; каков е политичкиот живот до државата итн. Пред сѐ, се работи за мислења на дадени севрноамерикански академици (кои патем велат дека македонците легитимно се уникатен етникум), извештаи на ЦИА и ФБИ, како и извештаи за РМ од страна на невладини организации, како Хелсиншкиот комитет, Хјуман рајтс уач и слично, заклучно со 2002 година. Со други зборови речено материјалите се сликата која владиниот и т.н. „граѓански” сектор ја стварале за Македонија во очите на странците од 1990 до 2002 година.

Помеѓу другото, докуметнтацијата содржи извештај од Хјуман рајтс уач за случувањат во Љуботен долг 26 страници, како и кратка хронологија на српското прашање во Македонија. Севкупната документација изобилува со извештаи на „невладиниот” сектор по однос на прашањата на Ромите, Албанците, Турците, хомосексуалците и жените. Читајќи ги овие материјали помислив дека станува збор за некоја друга земја, а не за државата Макеонија во која сум живеел 50 години. Мислам дека ова не е мој личен феномен, оти во извештаите, особено оние од „граѓанскиот” сектор нема никаква напомена за маките на стечајните работници; за селективноста на судскиот систем; за жалбите на опозицијата (1992-1998) за изборните неисправности; за обвинувањата од страната на истата опозиција за двократниот државен удар сторен од Киро Глигоров во 1991 и 1992; или пак за постојаните обвинувања дека владини функционери се вмешани во шверцот на цигари, оружје и дрога, нема збор за мафијашката приватизација, нема збор за Битпазар, Куклиш, Радовиш, Ѓорче Петров, Мала Речица, или Гостивар.

Во извештаите на невладините за случувањата во Македонија нема да се најде ниту забелешка за моето јавно обзнанување  дека се сомневам дека нелегално сум обработуван од страна на СДБ (1998). Ниту пак ќе видите забелешка за фактот дека со отварањето на досиеата во 2000 година на јавноста ѝ се достапни непобитни докзи за НЕУСТАВНО користење на органите за државна безбедност од страна партијата на власт—проблем чие потелко може лесно да се најде во аналите на Комунистичкиот период. За да добиете слика во колкав обем било НУСТАВНОТО прислушкување во периодот 1992-1998 година, ке понудам докази за прислушкувањето но сега од еден друг агол. Докази преку кои се доаѓа до податок дека  биле прислушкувани околу ПЕДЕСТ илјади граѓани, ако сметам според методологијата на Заев. Ама затоа пак во извештаите можат да се прочитаат статии кои зборуваат за малтретирање на македонски Албанци и Роми од страна на МВР. Како и статии за тоа како српската Заедница во Македонија постојано се жали на дискриминација, небаре им се врши геноцид. Во извештаите, исто така може и да се најдат забелешки за „ултра-десничарските националисти“ од ВМРО-ДПМНЕ, како и за „прогресивните умерени сили“ предводени од Киро Глигоров, кој според овие извештаи бил глас на либерализмот уште додека бил дел од тесниот состав на Тито. Накратко, извештаите створаат слика слична на онаа на Германија од 1930-тите: општество на тешка етничка нетрпеливост и завојуваност; Македонците како народ кој ги поттиснува малцинствата, па дури се подготвува и да ги депортира; додека извештајот од Љуботен ја потврдува тезата дека македонците се варварски народ. 

Заради просторот нема да  навлегувам во подлабока анализа за кадровската екипираност на Невладините како „ПРОВЕРКА НА ФАКТИ“, „СВЕДОК“, ВОА итн., доволно ке е само да им ги погледнете анализите, извештаите, како и изборот на дописниците на странските списанија од Македонија. Ке спомнам само еден факт: дописник на CNN на почетокот на деведесетите била Камелија Шојлевска—и денеска тврдокорен бранител на Тоталитарниот Едноумен Комунистички Систем.

После овој долг увод се надевам дека станува јасно каква битка ке се води околу изборот на председател на ВМРО ДПМНЕ.  Аргатите на КОС-ОПЕРА и УДБа веке турбо промовираат свои кандидати меѓу нив и Никола Поповски, Никола Димитров, и Антонио Милошоски—сите до еден можат да ѝ парираат на Рада Шекеринска со својата негативна харизма—и на тој начин се обидуват партијата да ја заджат под контрола на Службата. Дали оној дел на членството кое во сите овие атаци на ДБК врз Партијата од 1990 година па до денеска, успеа да остане верно на идеалот на ВМРО: самостојна, демократска македонска држава—или како тие во 1947 година се изјаснувале за да бидат јасно разбрани: Македонија под протекторат на Америка—ке дозволи ВМРО ДПМНЕ да продоложи да биде раководено од Службата, или ке тргне во конечна битка за ослободување на Партијата, а со тоа и во битката за ослободување на Македонија од смртоносната прегратка на политичко-полициското, комунистичко подземје. Предгратка која води кон федерализација и распад на Македонија. 

За да се спречат игрите на органите за државната безбедност, изборот на председател несмее да се врши како досега, со помош на „гатачки“ или со прошетки со кајче низ езеро.

 

Или пак со предлог на некој центар на моќ кој ке се повикува на својот долгогодишен партиски стаж. Изборот мора да се отпочне со САМОКАНДИДИРАЊЕ  и овој пат мора да тргне од Опшинските Комитети, тие да бидат првите филтри на патот на кандидатите кон финалната битка . Финална битка со јавна ТВ дебата помеѓу неколкуте кандидати кои ке се “пробијат“ до финалето и избор несмее да биде на конгерс туку со гласање на сите членови на партијата. Гласање кое ке  одвива во просториите на Опшинските Комитети. 

пс уште многу има да се пишува, но колку и да напишам секогаш на ваква тема ке има недореченост.

Read 1797 times