СПОРЕД НЕТПРЕС, ГРУЕВСКИ УТРЕ “КЕ ПИЕ ПАТОС”

 Хан доаѓа во Скопје со решение за излез од кризата?

1 јуни 2015

Според изворите на МИА, Хан ќе инсистира утре врз основа на неговиот документ, кој е непознат за јавноста, да се надмине политичката криза во Македонија, со тоа што на Груевски и Заев, како и на лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети, ќе им понуди и награда за земјата поради тоа што ќе биде ставен крај на кризата. Имено, понудата е неформален почеток на т.н. скрининг-процес на Македонија со Европската комисија за клучните поглавја при отворањена формалните преговори за членство во Европската унија.

Како што е познато, скрининг-процесот е споредување на македонското со европското законодавство и се случува откако Европскиот совет ќе даде дозвола за отворање на формалните преговори за членство. Поради блокадите од страна на Грција на Советот, Еврокомисијата веќе шест години се обидува да го премости овој период во кој постојано дава препораки за отворање на преговорите со Македонија, а тие никако да започнат. Па, така, во последниот прогрес-извештај што го презентираше поранешниот комесар за проширување Штефан Филе, се препорача некој начин на неформално отворање на скринингот на поглавјата 23 и 24, односно поглавја за владеење на првото и слободата на изразувањето и медиумите, што се клучни од сите 35 преговарачки поглавја во процесот на преговори.

NETPRES“

   ЕК во преговорите сака да обезбеди независна истрага за “бомбите” и “Куманово”

30-05-2015

Да се потсетиме за што станува збор. Овие две поглавија се отвараат на почетокот на преговарачкиот процес за членство во ЕУ и тие остануваат отворени се до крајот на преговорите и се додека не се исполнат нивните барања. Поглавијата 23 и 24 се однесуваат, помеѓу другото, на независноста на судството и слободата на изразувањето. Екс-комесарот Штефан Филе им ја даде главната улога во преговорите пред две години во својата стратегија за проширување. За формално отворање на овие две поглавија потребна е согласност на сите земји членки која е невозможна поради грчката блокада.

Според информациите на НОВА, овие две поглавија треба да отворат пат за да се обезбеди независна истрага токму за содржината на снимките но исто така и за настаните во Куманово. Брисел од самиот почеток на кризата повторува дека е потребна независна истрага за содржината на снимките а на 11 мај комесарот Јоханес Хан побара да се најде кој е одговорен за настаните во Куманово.

NOVATV