КОТЛЕ - HOSTPAPA

Еве го КОТЛЕ после месец и кусур повторно да ви понуди информации и форум каде што ке можете да продискутирате за одредени теми. Свесни сме дека дискусии по обичај нема да има многу ...

Но да објаснам што е причината што КОТЛЕ го немаше волку време, имено сајтот беше хакиран на 14.07.2014 во 2 и 43 ПМ. За два дена го отстранивме проблемот и побаравмер од хостинг комапнијата ХОСТПАПА да го прикачи бекапот кој беше должна да го прави. Првиот одговор беше дека бекапот треба да го направиме сами, се сложивмње и побаравме да ни го даде фајловите. ....  Наместо фајловите добивме одговор дека сепак тие ке го качат.

Во меѓувреме побаравме да ни  ја дадат и ИП адресата од која е извршено хакирањето, односно бришењето на фајловоте на сајтот.  Добивме одговор дека ке го сторат тоа. Поминаа неколку дена од ХОСПАПА не сторија ништо, интервениравме. Во телефонскиот разговор со Администраторот добивме малку чуден и за нас изненадуваи одговор, имено Администраторот не извести дека не го сочувале целиот сајт туку сочувале само делови. Рековме добро качиетеги деловите за да профункционира КОТЛЕ и да видиме колку сте сочувале. Добивме одговор дека ние треба да ги прикачиме фајловите. Ги побаравме да ни ги пратат. Добивме потврден одговор дека тоа ке го сторат. Поминаа два три дена од фајловите ни трага ни глас, повторно интервенција од наша страна, одговорот беше  повеке од смешен не сме нагласиле дека сакаме тоа да го сторат итно и затоа не ги пратиле.  Но на секоја лага и доаѓа крај така и на оваа играње мижи татара дојде крајот. Од фајловите ни трага ни глас, повторно раговор со Администраторот  и од него добивме непријатна вест, имено тие немале бекап на нашиот сајт од технички проблеми. Беше многу "љубезен" и понуди да ни ги врати парите кои сме ги платиле за правење на бекапот и да ни даде уште 6 месеци бесплатен хостинг и бекап на сајтот. Нашиот одговор беше дека тоа е прмногу потценувачко и навредливо за нас и кон вредноста на трудот кој е вложен во сајтот, сајтот веке имал големина од 6ГБ. Му предложивме на Администраторот  да седнеме и да поразговараме за решение на проблемот. Решение, да го градиме повторно сајтот, дискусиите неможеме да ги вратиме но документите кои беа прикачени на КОТЛЕ се сочувани. Со нивното прикачување можеби ке предизвикаме пак дискусилја. Но од ХОСТПАПА несакаа да се видиме и да разговараме. Кога пак ги потсетивме дека не сме ја добиле сеуште ИП адресата од каде е извршен упадот добивме одговор дека нема да ни ја дадат.!!??

На нас единствено ни преостанува да ги тужиме и така да се обидеме да дознаеме што навистина се случило со КОТЛЕ. Да дознаеме дали КОТЛЕ е хакиран?? Ако е хакиран од кого е извршено хакирањето. Ако не е хакиран значи се работи за техниа грешка кај ХОСТПАПА !!! Дали таа грешка е случајна или не. Велиме случајна или не бидејки е невозможно за период од ДВЕ години, период во кој им е плаќано да правт бекап да немаат направено ниту еден.

Во прилог ке ставам неколку мелови од ХОСТПАПА.  Напомена ХОСТПАПА е прворангирана компанија за хостинг во Канада.

Read 1308 times