БУГАРСКА АМБАСАДА“, СЕ УШТЕ НЕРАСЧИСТЕНА ИНТИРГА 2

 

Несомнено, прогласувањето на повеќепартизмот во 1990 година створи услови на врвот на македонската политичка сцена да избие партијата ВМРО-ДПМНЕ. Причината за овој развој на настаните треба да е доволно јасна благодарение на понудените извадоци од записите на Брајлсфорд дека името ВМРО отсекогаш било синоним за македонска сувереност. Но, партијата ВМРО-ДПМНЕ не беше само носител на светите букви, туку и на идеите на историското ВМРО, што значеше будење на македонскиот патриотизам и желба за достоинствено постоење помеѓу семејството на народите. Затоа, со прогласувањето на политичкиот плурализам и последователното осамостојување на Република Македонија службата за државна безбедност била принудена да продолжи да ги обработува политичките противници на владеачката србокомунистичка гарнитура под изговор дека тие, како приврзаници на партијата ВМРО-ДПМНЕ, автоматски претставуваат потенцијални терористи решени насилно да го уриваат уставниот поредок на републиката со помош на државните служби на Бугарија.

Лажните вести дека во Македонија сѐ уште има бугараши и дека тие треба да се бараат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ зпочнаа уште во првите денови повеќепартискиот систем кога Тито Петковски го организираше растурањето на пробугарски летки во името на водечката промакедонска, а воедно и пропазарна и прозападна партија. Постојани беа и гласините дека лидерството на партијата има симпатии кон Софија, и до некаде тие гласини беа оправдувани од стана на подметантите кртови во партијата предводени од професорката по марксизам, Доста Димовска, која за своите извонредни дела во служба на Службата конечно беше наградена со позицијата Министер за внатрешни работи, а подоцна и амбасадор на РМ во Бугарија. Меѓутоа, сликата за бугараштвото на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините приврзаници беше значајна од уште една причина, овој пат од меѓународен размер. Имено, уште од расколот помеѓу Тито и Сталин, Југославија станала финансиски зависник на добродушноста на САД и на Западот. Комунистите се претставувале себеси како застапници на Западот во комунистичкиот свет, како „Кока-кола социјалисти“ кои во возврат за финанскиката помош и неисплатените кредити требале да играат улога на мамец за другите социјалистички држави дека сојузништвото со Западот е далеку поисплатливо одошто верноста кон Москва. Оваа лага продолжила и во 1990-тите години, кога Киро Глигоров се претставувал себеси и својата свита како про-западно, односно про-ЕУ и про-НАТО ориентирани – лага која што живее до денешен ден – а тогашната опозиција, односно македонските патриоти означени како „ултранационалисти“, ориентирани проруски виа Бугарија. Ова е причината зошто за време на формативните години на македонската држава, Западот беше цврсто во аголот на СДСМ, и зошто истиот Запад, како што велат англичаните, го сврте своето слепо око кон изборната измама во 1994 година.

Инаку, зачетоците на аферата „Бугарската амбасада“ можат да се најдат четири години пред нејзиното извршување, во октомври 1992 година. Тогаш, опишувајќи го Петровски како човек кој произлегува од семејство со „непријателско држење“ и поради тоа што од распаѓањето на социјалистичкиот и воспоставувањето на повеќепартискиот систем тој стоел на „ВМР-овски идеолошко-политички позиции“, поради што „како сопственик на економски јака фирима за време на првите повеќепартиски избори истиот за својата партија одвоил и дал позамашна сума пари за пропаганда и агитација“ и поради тоа што „према сознанијата на СДБ во досегашната соработка со лица од Р. Бугарија истиот прави зделки под сомнителни услови и околности“, а „средината во која се движи и лицата со кои е близок и редовно контактира се лица кои произлегуваат од семејства со исто или слично минато и сегашно држање“ дека тој „треба да претставува интерес на СДБ“.[vii]

Меѓутоа, подлабоката, и впрочем суштинска причина за ковањето на заверата „Бугарска амбасада“, сепак треба да се бара во настојувањата на србо(-грко)комунистичкиот режим којшто владее со Македонија од 1912/1918 година да го одвои народот од својата Организација, и на тој начин целосно да го откорени од својот суштински трудољубив, чесен и верен идентитет. Петровски и основачот и идејниот водач на ВМРО-СДРМА (ПРАВДА), Дане Поповски, во 2011 година дадоа свое сиже на овој феномен:

ВМРО никогаш не згаснало… „Марица“ знае најубаво и најизворно. Прашајте ја, таа нѐ возеше до [нејзините] центри за „демократизација“ и „пацифизација“, наречени од „непријателите“ на комунизмот, станици на милицијата. „Таа“ ќе ви потврди дека ВМРО секогаш било присутно во Македонија и покрај невидениот прогон, судења и убиства.

За да се направи дистинкција од ВМРО-то на Ванчо Михајлов, во 1947. год. ја формиравме ВМРО-СДРМА ПРАВДА и само за неколку месеци постоење собравме преку 28.000 членови, со што ја продолживме борбата за самостојна, суверена и ОБЕДИНЕТА Македонија. Тројца од четворицата основачи се сѐ уште живи а дел од нив никогаш не прекратиле со активностите.

На формирањето на ВМРО-СДРМА ПРАВДА никој не приговараше, па ниту Ванчо Михајлов, иако знаеше за нејзиното основање и делување. Не приговараа ниту во другите делови на Македонија: Пиринска и Егејска, каде што беше возобновено ВМРО, што е јасен и недвосмислен показател, каде е континуитетот на ВМРО!

По многу децении и тешки надмудрувања со комунистичката тајна полиција, раководството на ВМРО - СДРМА ПРАВДА, согледувајќи го моментот-распадот на Југославија, донесе решение на ДПМНЕ да му даде шанса да го продолжи континуитетот на ВМРО и така да се изборат за суверненоста и самостојноста на делот од Македонија кој се наоѓаше во составот на Југославија. Силите во ДПМНЕ кои беа инсталирани од УДБА и кои требеше да им послужат на српско-комунистичките сили како декор дека во Македонија постои плурализам и демократија, многу бргу ја сватија опасноста од четирите златни букви и тргнаа во офанзива да ги елиминираат вистинските носители на идејата на ВМРО. Тој атак беше пресилен за неискусното и чесно гласачко тело внатре во партијата, што на УДБА ѝ овозможи да однесат победа: да не дозволат ниту еден член на ВМРО да влезе во раководните структури на ВМРО ДПМНЕ и со тоа УДБА воспостави целосна контрола врз ВМРО ДПМНЕ. Тие случувања беа пресудни за нашето повлекување.

Борбата против „БУГАРШТИНАТА“ во ВМРО-ДПМНЕ во овие 20 години е всушност перфиден начин за елиминација на македонската идеја и сквернавење на идеалот на ВМРО. Старите, а и новите комунистички структури беа изненадени од две работи: од тоа дека на нивното дело ДПМНЕ,постои иницијатива и желба да се додаде ВМРО и од ефектот кој го предизвикаа четирите златни букви ВМРО кај Македонците.

(…)

Војната на ЈНА против републиките „сепаратисти“ Хрватска и Босна и Херцеговина почна да зема сериозен замав. Меѓународната заедница, како мерка да се спречи крвопролевањето, изготви мерки за економски санкции и трговско ембарго против Југославија–која беше сметана за агресор против волјата на граѓаните на Хрватска и БиХ кои не сакаа повеќе да се дел од таа држава. Затоа и не треба да чуди „коинциденцијата“, што македонската влада која до есента 1991 година „за жива глава“ не даваше да се прогласува македонска независност, одеднаш сврте нов лист и нагло тргна кон барање на „меѓународно признавање“ на независноста.

Но, тоа е само врвот на ледениот брег. Поради ембаргата и санкциите кои ѝ се подготвуваа на Југославија, Милошевиќ итро донесе одлука официјално Македонија да стане посебно правно лице од Југославија, при што би се користела како линија на снабдување и финансирање на долгата војна која претстоеше. За да биде сигурен дека Македонија сепак ќе остане неимплементирана во светските оранизации, го употреби „џокерот“ Грција која под итно го оспори името. Леснотијата со која оспорувањето и прифаќањето да се смени името го прифатија Глигоров, Црвенковски, Андов и Малески јасно укажува дека биле длабоко инволвирани во сценариото и дека тие, веќе со сигурност може да се тврди, СЕ ИЗВЕДУВАЧИ НА РАБОТИТЕ.

Гледано чисто објектвно, како стратегија, тоа беше генијален потег на Милошевиќ. Затоа се донесе одлуката официјално Македонија да се дистанцира од СР Југославија и да бара меѓународно признавање како независна и самостојна држава. За да во очите на меѓународната заедница Македонија делува како држава со вистинска амбиција да стане суверена и самостојна, и да воспостави демократија и да му се придружи на остатокот од напредниот и ментално нормалниот свет, одлично им послужи Љубчо Георгивски, кој во времето 1990-1995 година беше вистински следбеник на идеата на ВМРО.

Во моментот кога Милошевиќ беше приморан да потпише капитулација во Дејтон на македонската „самостојност“ ѝ дојде крај. Во Скопје дојде „генерал“ Зоран Јаначковиќ да си ја разбуди заспаната војска и тој лично да ја води операцијата „смрт на Македонија и Македонците“. Љубчо беше експресно префрлен од следбеник на идејата на ВМРО во следбеник на доларите. Колку беше голема заслепеноста од сјајот на парите на Љубчо зборува примерот дека Јаначковиќ му го смени скоро целото негово блиско опкружување: дојдоа „дечки“ за кои Љубчо беше предупредуван дека се испрдоци на УДБА и КОС, односно на Јаначковиќ и генералот на КОС, Васиљевиќ.

Има неколку тешки докази за длабоката инволвираност на двете влади, наводно со провмровска провиненција, за нивната поврзаност со Белград, но, ќе издвоиме само две. Ги двоиме овие две поради тоа што се толку лесно решливи, а воедно најбрзо и најлесно водат до демонтажата на инсталациите од север и тоа во двете главни служби КОС и СДБ или како ние ја викаме од „милост“ УДБА.

1. Случајот „Сина Птица“, е дело на КОС и е копија на „случјот Шпегељ“—случај што е работен по сценарио на „ОПЕРА“ и кој имал за цел да го прикаже раководстото, се разбира не целото (само оние кои не се дел од сценариото на УДБА за формирање на ВМРО-ДПМНЕ) и дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои под обвинение дека се вооружуваат и прават паралелна воена формација, ќе бидат уапсени. Тука владата на Љубчо Георгиевски, но пред сѐ самиот Георгиевски, има 102% одговорност зошто Д.С.-Млекце и ден-денес шета слободен и можеби подготвува некои нови сценарија.

2. Наметнувањето на „БУГАРШТИНАТА“ на ВМРО. Почнувајки од „летоците“ во 1990, па летоците кои ги растураше Аце „Циганот“ во 1994 година и случајот со бугарската амбасада во 1997.

Можеби за летоците во 1990 и 1994 година не можат да се најдат докази. Но затоа пак, случувањата со обидот да се докаже дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од Бугарија, е најлесен и најбрз начин да се дојде до врвот на српските инсталации во Македонија. Затоа зачудува фактот што двете влади на ВМРО-ДПМНЕ не го истераа расчистувањето до крај. За волја на вистината, за владата на Љубчо има една олеснителна околност: многу бргу по дозволата да имаме слободен увид во досиеата, се случи „војната“ во 2001 година.[viii]

Номиналното образложение за политичко-идеолошката обработка на Петровски е дадена во предлогот за неговото заведување во претходна обработка, број 26 452 од 13.04.1993 година каде се наведува дека:

Сознанијата и податоците со кои располага СДБ, укажуваат дека Петровски Јордан се занимава со разузнавачка активност во корист на БНРС, насочена кон насилна промена или загрозување на Уставниот поредок и безбедноста на Републиката. Истиот произлегува од средно имотно семејство од Куманово, кое во времето на НОБ било на страна на окупаторот.[ix] (…) Јордан е сопственик на приватно претпријатие „Снежана и Синови“. Како сопственик на фирма истиот има воспоставено повеќе деловни и приватни односи и остварува редовни контакти со повеќе лица од Р. Бугарија, Русија и други ИЕ земји. Посебно внимание заслужува неговата деловна соработка со приватни и општествени фирми од Р. Бугарија, а посебно контатките со Огњан Петков, началник на Одделение на министерство за трговија на Р. Бугарија, за кого располагаме со потврдени сознанија дека се користи од БНРС. Пред соработник на СДБ Петков има изјавено дека на сопственици на фирми од Р. Македонија кои се членови или симпатизери на ВМРО, максимално да им се излегува во пресрет. Тоа бил официјален став на државата. Работата со такви фирми како што е на Јордан Петровски, била од државен интерес.

(…) 

Целта на заведување во ПО на Петровски е откривање, следење, потврдување и документирање на неговата противуставна активност, поради што ќе биде изготвен и посебен план на оперативни и оперативно-технички мерки и активности, кој ќе биде составен дел од овој предлог.[x]

Планот на оперативни и оперативно-технички мерки и активности кои биле превземени во врска со претходната обработка на Јордан Петровски со цел „откривање, потврдување, документирање и спречување на непријателската активност на ПО ‘ЦРНИ’“ предвидувал дека:

1.     Ќе биде проучен кругот на блиските пријателски врски од подрачјето и пошироко, со цел изнаоѓање позитивно лице за користење,

2.     Проучување на деловната соработка со лица сопственици на фирми од подрачјето и пошироко, со цел изнаоѓање позитивно лице за користење,

3.     Ќе се проучат врските и односите на ПО „Црни“, со хххххххххххххххх, со цел согледување можност за пристап и негово понатамошно користење према „Црни“,

4.     Примена на мерката ххххххх на неговиот домашен телефон,

5.     Примена на мерката ххххххх на неговиот телефон во фирмата „Снежана и Синови“,

6.     Разговор ххххххххххххххххххххх во врска со неговата деловна соработка со приватни и општествени фирми од Р. Бугарија,

7.     Проучување на врските и односите на ПО „Црни“ со ххххххххххххххх хххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххх[xi]

Додека последователен „План на оперативни и оперативно-технички мерки и активности“ додал дека:

1.     Понасочено и поорганизирано ќе се користат оперативните врски ххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххх

2.     Повремено ќе се користи и хххххххххххххххххххххххххххххххххххххх

(…)

6.     Продолжување со откривање и продолжување на неговите врски со Р. Бугарија, поготово од редовите на ВМРО – СМД, деловни и др. врски,

7.     Примена на мерката Следење во земјата, кога патува надвор од Куманово,

8.     Примена на мерката следење за време на негово патување и престој во Р. Бугарија,

9.     Зависно од добиените резултати по реализација на овие мерки, ќе биде определен нашиот однос и третман.[xii]

Понатамошна службена белешка за информативен разговор со цел „добивање на сознанија за активноста на ОО ‘РИМЉАНИН’“  фрла светло на вистинската природа на обработката на Петровски од страна на СДБ:

Изворот не информира дека тој (односно претпријатијата хххххххххххх ххххххххххх од Белград за кои работи) деловно соработува со Јордан Петровски (носителот на ПО „Црни“ по линија на ххххх сопственикот на претпријатието „Снежана и Синови“; со Драган Стојановски сопственикот на претријатието „Мак Микс“ ПТ СМД и неговиот партнер Предраг Димковски ххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххх Сите тројца биле спонзори на партијата ВМРО-ДПМНЕ на последните избори, а тој лично во тоа време им зел роба ххххххххххххххх во вредност од 1,5 милион ДЕМ и не им дал пари веднаш туку сега им дава намештај од претпријатието „КОМПО“. Поради оваа тројцата му биле многу лути на изворот бидејќи дел од парите требале да ги користат во предизборната трка.[xiii]

Во истата белешка се среќава и дејноста на агентот провокатор, ОО „Римљанин“ кој глуми терорист:

Во времето на изборите, нивниот изборен штаб се наоѓал во кафиќот „Студио-54“, на Драган, и изворот редовно се гледал со нив тука. Притоа забележал дека Предраг хххххххххххххх редовно ја напаѓал постојната власт, нарекувајќи ги со погрдни зборови, дури рекол дека ќе мора лично да се вооружаат, за да можат власта да ја земат со сила, бидејќи по мирен пат немаат шанса да ги добијат изборите.[xiv]

Конечно, изворот, кој во оперативниот коментар се обележува како „наша пријателска врска од порано“, и кој претходно изјавил дека на финансиерите на ВМРО-ДПМНЕ им зел роба вредност од 1,5 милион ДЕМ, а за која не им дал пари, туку со задоцнување почнал да им праќа мебел во компензација, рекол дека:

Сите тројца имаат земено кредити од банка, и имаат проблеми со исплаќање на камати, бидејќи неработеле успешно. Јордан и Драган ги дале кафиќите под хипотека, а Предраг има земено своевремено „заем за вработување“.[xv]

По четиригодишна обраборка на неговите деловни врски под образложение дека тој претставува опасност по мирот и уставниот поредок на Републиката, кумановската Управа на дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во март 1996 година оценила дека пристигнал погодниот час за „расчистување“ со Петровски. Притоа складно изготвила „План за обабување на информативен разговор“ со него:

Врз основа на предлогот и изнесените податоци и сознанија за севкупната разузнавачка дејност на Петровски Јордан, а заради расчистување на неговите врски и контакти со безбедносно интересни лица од Р. Бугарија, СР Југославија, Русија и Украина, се планираат следните мерки и активности:

- разговорот би отпочнал со изнесување на негови биографски податоци, како и податоци за неговото потесно семејство;

-  изнесување на податоци во врска со неговата финансиска состојба како приватен бизнисмен, кој колку му долгува и на кого и колку тој му долгува;

- откривање на родбинските и пријателски врски на подрачјето на општината, Републиката и пошироко;

- откривање на родбинските и пријателските врски во други земји, со посебен акцент на неговите врски во Бугарија, СР Југославија, Русија и Украина;

- расчистување на неговите врски со Огњан Петков, трговски аташе во амбасадата на Р. Бугарија во Белград;

- изнесување податоци во врска со неговата намера за негово иселување од Р. Македонија;

- конкретизирање на сознанијата во врска со неговите контакти со ххххххххххххх и со лица пројавени со својата противуставна активност од позиции на МЕ[xvi] и Врховизам;

- зависно од текот и развојот на разговорот и зависно од изнесените сознанија и податоци како одговори на нашите прашања, ќе му бидат поставувани и др. прашања со цел расчистување на извесни нејаснотии и дилеми.[xvii]

На 23 октомври 1996 година, четири години по првичниот интерес на Службата во Јордан Петровски, оперативниот работник кој бил задолжен за неговата обработка поднел „Предлог“ за негово „дерегистрирање од претходна обработка“ со образложение дека:

Сознанијата и податоците со кои располагаше ДБК за Петровски Душан Јордан, укажува дека истиот се занимава со разузнавачка активност во корист на БНРС, насочена кон насилна промена или загрозување на Уставниот поредок и безбедноста на Републиката.

(…)

Севкупните сознанија со кои располагаше ДБК за Петровски Јордан, како и за семејството од кое потекнува, даваа основи на сомненија дека истиот БНРС, го користи или создава услови за негово ангажирање и користење према нашата земја, поради што во текот на месец мај 1993 година беше заведен во ПО под псевдонимот „Црни“, а со цел откривање, следење, документирање и попречување на неговата противуставна активност, за што беа превземени повеќе оперативни и оперативно-технички мерики хххххххххххх и активности. ххххххххххххх хххххххххххххххххххххххххххххххххххх

Иако беа превземени мерки и активности не беа во целост потврдени сознанијата и податоците поради кои беше заведен, поради што беше одлучено со истиот да се обави информативен разговор, по претходно изготвен предлог и конкретно изготвен план.[xviii]

И, иако четиригодишното следење, прислушкување, подметнување на кодоши и провокатори не успеале да ги потврдат сомненијата дека Петровски превзема разузнавачки дејности против уставниот поредок и безбедноста на Македонија, според оперативниот работник, овој меѓународен шпиун признал сѐ кога бил учтиво прашан за неговата активност!

 

 

Read 1223 times