Јордан Петровски 02.05.2018
Многупати досега сум напишал дека една од причините зошто ЕУ и САД не реагираат соодветно кога предлагаат мерки како Македонија да излезе од кризата, како причина сум наведувал дека тоа се должи на нивното непознавање на ситуацијата. Поточно заради извештаите кои од Македонија до своите централи и до своите финсиери ги праќаат НВО-ата како Хелсиншки комитет, Хјуман Рајтс, Метаморфозис и Фондацијата Отворено Општество, попозната како Фондација СОРОС, Зелена Лупа и др. Ова се извештаите врз чија база многу влади ја градат својата надворешна политика кон одредени држави, во случајов кон Македонија.
До заклучок дека извештаите на НВО-ата од Македонија се непотполни, слободно можам да кажам лажни, дојдов кога ги добив сите документи (тука спаѓаат документи кои ги прибирале адвокатите кои ме застапуваа и документи кои ги прибирала државата Канада) за мојот процес за добивање политички азил во Канада, процес кој траеше од јануари 2001 до декември 2004 година, со две рочишта, невообичаено долго за процесите за азил во Канада.
Причината за вака долгиот процес и двете сослушувања лежеше во фактот дека ниту моите адвокати, ниту државата Канада не можеа да пронајдат било каков извештај за прогон на политички и идеолошки неистомисленици во Македонија. За мја среќа, јас како доказ за мојот прогон го бев можност да го приложам моето полициско досие, доказ кој непобитно укажуваше дека ситемот во Македонија и покрај повекепартизмот и нов Устав останал тоталитарен, онаков каков бил во времето на комунистичка Југославија.
Деновиве на фејсбук од постот на Филип Стојановски, програмски директор на МЕТАОРФОЗИС дознав дека тие правеле некакво истажување на тема Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со примената на законските рамки поврзани со прислушување .

Се понадевав дека во овој извештај конечно ке најдам една целосна слика за прислушкувањето во Р. Македонија.
Мене најмногу ме интересираше делот „Практика на националните институции за заштита на правата на граѓаните“ бидејки тој дел е многу битен за градење сликата кај западните држави за прислушкувањето во Македонија!
Во извештајот како пример за неуставно прислушкување се споменува аферата Големото Уво од 2000 година, а авторите ни збор не напишале дека во таа 2000 година се отворени депоата на Тајната идеолошка полиција и на јавноста и така станаа достапни досиеата на луѓето кои биле прогонувани како идеолошки и политички противници на Комунистичкиот систем. Ке беше донекаде разбирливо што авторите не го споменале отворањето на досиеата ако на виделина не излезе дека Тајната идеолошка полиција го продолжила прогонот на исти лица кои ги гонела и пред 1991 година, но на луѓето кои биле прогонувани пред 1991 година, им се придодадени и нови, оние кои своите заложби за самостојна, суверена и демократска Македонија ги изразиле кога бил најавен повекепартизмот, значи во период после 1990 година. Колкава е бројката на прогонувани по 1991 година, најдобро говори фактот дека Тајната идеолошка полиција имала „регрутирано“ преку 350 илјади соработника.
Сите прогонувани лица од политички и идеолошки причини се НУСТАВНО: прислушкувани, следени, користени се и други оперативно-технички мерки. Во тие оперативно-технички мерки спаѓаат озвучување на домовите, работните простории, подметнување на провокатори, прислушкување на телефони итн., и сето тоа е правено неуставно!!
Ке наведам само хронолошки неколку големи афери кои ги осмислила и спровела Тајната идеолошка полиција во периодот 1991-2000 година, а кои биле насочени кон партијата ВМРО ДПМНЕ, со цел во зародиш да го попречи стварањето на вистинска демократска партија во Македонија:
1. „Бугарски Летоци“
2. „ДУВЛО“
3. „Сина Птица“
4. „Темел“
5. „Раскол“
6. „Бугарска амбасада“
7. Обидот со купување на пратеници и градење на афери во 2000 година за рушење на легитимно избраната влада на Георгиевски:
Само два месеци подоцна ќе стане јасно што содржел планот Б. Бевме сведоци на обидот за рушење на коалицијата одвнатре, преку таканареченото 'ново парламентарно мнозинство'НПМ, каде главните борци ќе бидат алтернативците на Циле и група пратеници што од ДПМНЕ ќе ги отцепи потпретседателот Борис Стојменов. Деталите И сценариото за планот Б се разработувани на тајни средбите што се одржувани во една приватна куќа на Водно. Планот не успеа. Се виде дека и Љубчо не седел со скрстени раце. Но тогаш се покажа дека владата се уште ја има подршката однадвор.
КАКО ДБК ЈА УРИВАЛА ВЛАДАТА НА ГЕОРГИЕВСКИ
После книгата 'Од Осака до Дижонска' во која преку сопственото искуство ни ја пренесе криминална транзиција, авторот екс бизнисменот Борче Трајковски наскоро ќе го издаде продолжението, насловено како 'Досие БОЈ- врвна тајна'. Првичната верзија Фокус имаше можност да ја прочита уште минатата година. Во ова возбудливо четиво, Трајковски го опфаќа периодот 2000 и 2001-ва година, кога за да избегне издржување на едногодишната казна затвор станува соработник на службата.
Ви го пренесуваме делот кога агентот од ДБК, што тој го именува како 'Михајло', во 2000-тата му дава налог на Борче односно БОЈ да му даде наводна 'сигурна' информација на Латас од ТВ Сител дека 'Љубчо подготвува акција против дваесетина видни бизнисмени'. Задачата 'Михајло' му ја објаснил со следниве инструкции:
- Слушај ме внимателно. Оваа Влада мора да падне! Веќе со сигурност знаеме дека 'Дебелиот' ќе ја напушти коалицијата со Георгиевски и ќе излезе од Владата. Тој со себе ќе повлече доволно пратеници што ќе значи дека Владата ќе го загуби мнозинството ... Како и да е, неколку одбрани луѓе од ДБК, меѓу кои сум и јас, подготвуваме повеќе скандали и афери кои треба дополнително да го разнишаат Георгиевски и морам да признам дека имаме сериозен проблем со подготовките. Не знаеме што да одбереме. Пливаат во афери и скандали! Реакциите што ги добиваме од Интерпол, Еуропол и другите разузнавачки служби од надвор, се многу сериозни. Бараат да интервенираме, а не знаат дека ни се врзани и рацете и нозете, и ушите и очите.
Во 1999 година е донесен законот за слободен пристап кон досиеата и со тоа беше овозможено аферите Бугарска Амбасада, Расколот, Темел, Дувло, Сина Птица итн. да добијат потврда дека се дело на Тајната идеолошка полиција. Покрај потврдите дека споменатите афери се дело на Тајната идеолошка полиција на виделина излезе и дека е вршено масовно прекршување на со Устав загарантираното правото на тајност на писмата и на сите други облици на општење, за кое нема збор во прелиминарниот извештај.
Бидејки на сајтот на МЕТАМОРФОЗИС стои дека текстовите и содржината во нив се единствена одговорност на авторите и дека за тоа не може да се смета дека тие го одразуваат гледиштето на фоданцијата „Метаморфозис“ помислив дека ке прифатат да објават текст кој ке ја даде и сликата за прислушкувањето и другите форми на злоупотреба на СД/УБК.
Од таа причина од име на Комитетот за Демократизација на Македонија, испратив меил во кој понудивме соработка за да извештајот ја претстави вистинската состојба во Македонија.
Бидејки и по неколку дена не добив никаков одговор од „Метаморфосис“ на мојот меил, се обидов да го контактирам поставувачот на веста на Фејсзбук, господинот Филип Стојановски, програмски директор на фондацијата :



Но и тој мој обид остана безуспешен господинот Стојановски не најде за сходно да одговори. Знак дека Метаморфозис итекако се слага со извештајот и е подготвен по секоја цена да го брани!
Аферата Големото Уво беше обелоденета за да се сврти вниманието на јавноста од досиеата!! Не одговарањето на Метаморфозис на мојот меил, ме наведува на мисла дека текстописците, односно „истражувачите“, кои Метаморфозис можеби и ги платил за извештајот и можеби и им дал инструкции од каде да почнат да ја градат приказната за злопупотреби на УБК. Приказна која во вид на извештај пак ке покаже дека само кога „некомунистичката “ а во бит итекако комунистичка ДПМНЕ само комунистичка од Сталинистичката провинеција е на власт, се прават злоупотреби на УВК, односно Петата Управа. Битката на Титовости и Сталинисти во левицата ке трае се додека постои коунистичката идеа во Макееонија!!
И кога беше обзнанета аферата „Големото Уво“ и кога беше обзнанета аферата „БОМБИ“ не се појави ниту еден разговор од прислушкување на лице кое е прогонувано, односно лице за кое УБК/УДБ води доисе од Идеолошки и Политички причини.
За крај на текстов, се додека не превземаме ништо за да на земјите од светот кои ги финансираат НВО ата, Граѓанските Здруженија кои се творби на Тајната Идеолошка Полиција и кои во светот ја градат сликата за безгрешноста на Комунистичкиот Тоталитарен Ситемот, кој во Македеонија опстојува од 1945 година и ке опстојува се додека преку судски процес не биде растурена Тајната Идеолошка Полиција. Само со растурање на Тајната Идеолошка Полиција , односно со нејзино елиминирање од општествената и политичката сцена во Македонија ке има слобода на медиумите, слобода на говор, слобода на политичка мисла и здружување, еднаковст пред законите, почитување на индивидуални човекови права и слободи. За да го оствариме тоа мора, оние кои се сметаат за вистински демократи а демократ само оној човек кој еднаково ги осудува фашизмот и комунизмот, да „формираат“ барем едно вистинско НВО!