„Нова Македонија“ продолжува со пристрастно однесување во полемиката која не по моја волја се води на нејзините страници. Имено, моето писмо „ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ, ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА „ЈАК“, НА СЕКОЈА ЛАГА ПА И НА ТВОЈАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ“ со кое реагирав на писмото на Гојко Јаковлевски „Зошто атака врз основачите на ВМРО-ДПМНЕ и врз партијата?“ објавено во „Нова Македонија“ не е објавено на интернет изданието на истото издание!? Со необјавувањето на моето писмо читателите кои го следат интернет изданието на „Нова Македонија“ се ускратени да го прочитаат моето писмо и во него да ги видат доказите кои Гојко „ЈАК“ се обидува со лаги да ги демантира во неговиот нов демант. На скенот од рубриката писма се гледа дека моето писмо го нема. Се надевам дека Уредникот на рубриката писма ке го исправи пропустот и ке го објави и тоа писмо.

Гојко „ЈАК“ вели:
Новиот демант, односно напад врз мојата личност, Петровски го почнува со нова лага. Пишува дека по мој наговор му се јавил Лазе Шаршмит, неколку часа пред највеселата ноќ во годината, и тоа на човек што не го познава: „На 31.12.2016 година, по негов наговор, ми се јави извесен Лазе Шаршмит за да ми сугерира да не пишувам текстови во кои објавувам документи за тоа кој навистина е Гојко ’Јак’ и дека ќе ми ја прати неговата книга за да ја прочитам...“. Поголема лага и измислица, не сум прочитал, згора на тоа, измисленото јавување го посочува како клучен доказ на вистината.
За демант на лагава на лажгото Гојко, Оперативната Позиција во Западен Берлин „ЈАК“ ке понудам два непобитни доказа.
Првиот доказ е дека разговорот со Laze Schaarschmidt бил вистинити и дека во разговорот извсниот Laze ја бара мојата адреса за да ми ја пратат книгата на Гојко „ЈАК“. Тоа од скенов непобитно се потврдува:
И вториот доказ, реакцијата-коментарот на Laze Schaarschmidt на мојот текст, поточно на моето споменување на Laze Schaarschmidt во моето писмото. Еве ја целата дискусија, ако може оваа да се нарече дискусија:
Ова го извадив, а е од реакцијата на Laze Schaarschmidt на Фејсбук на моето споменување на него во моето писмо за да Гојко „ЈАК“ го види и докаже дека мојот разговор на 31.12.2016 година со Laze Schaarschmidt бил лага, измислица
Гојко „ЈАК“ продолжува со лаги и манупулации па вели:
За ненапишаното писмо од Драган Богдановски до мене, кое е измислено, не е потпишано од Драган, го пласира во медиумите како крунски доказ дека не сум бил основач на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е чист фалсификат. Дали сум или не сум основач на партијата, има илјадници пишувани текстови, книги, а впрочем има живи сведоци со кои заеднички учествувавме во формирањето на партијата. Петровски за да ја покрие сопствената лага, во реакцијата посочува дека писмото му го дал потпретседателот на ДООМ и НОФМ за САД, Трајко Трајковски. На овој начин сака одговорноста да му ја префрли на друго лице, во стилот „јас сум чист, писмото го добив и го пласирав“. Нема потреба никому да му се правдам, а најмалку на Петровски, но уште еднаш ќе потврдам дека во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година, се состанавме: Драган Богдановски, идеологот на ВМРО-ДПМНЕ и јас, Гојко Јаковлески од дијаспората, а од Македонија дојдоа Љупчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски.
Во моето писмо „ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ, ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА ’ЈАК’, НА СЕКОЈА ЛАГА ПА И НА ТВОЈАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ“, објавив од каде сум го добил писмото и наместо Гојко „ЈАК“ да провери кај Трајко Трајковски дали постои такво писмо, тој споменувањето на Трајко Трајковски од моја страна го представува како префрлање на мојата одговорност. Причината е јасна, Гојко „ЈАК“ несмее да го контактира Трајко Трајковски, бидејки Трајко Трајковски ке ја каже вистинатаи на тој начин ке потврди дека Гојко „ЈАК“ ЛАЖЕ!! Гојко „ЈАК“ не го коментира доказот, неколкуте различни писма кои ги пишувал Драган Богдановски и од кои се гледа дека писмото кое јас сум го приложил како доказ е пишувано на иста машина и од ист човек, на едно од писмата го има и потписот на Дрган Богдановски. Гојко „ЈАК“ не коментира дека истото писмо за кое вели дека непостои, го објавил и брат му Мане на порталот „Македонска Нација“. Доказите врзани за наводното непосточко писмо за да не ги повторувам се надевам дека моето предходно писмо ке биде објавено на интернет изданието на „Нова Македонија“. Ке ги повторам со очекување!
Новата лага на Гојко „ЈАК“ во герданот од лаги изнесени во писмото:
Ниту нѐ пречека човек од УДБ-а, а г. Петровски сака на нечесен начин без никаков повод и причина, некој од нас да го направи дека бил шпион на УДБ-а, нишанејќи кон мене.
Иако на Гојко, Оперативната Позиција во Западен Берлин „ЈАК“ јасно му посочив дека, „добредојде во Минхен на иницијаторите за основање на партијата ќе им посака соработник на македонските тајни служби“ не е мое тврдење, туку дека е тоа тврдење превземено колумната на Јанко Бачев: „Бившиот кодош на вмровците, денес е заменик-директор на тајната полиција – улогата на тајната полиција во дваесетте години на ВМРО - ДПМНЕ “ за која колумна во писмото дадов и линк за да се првери веродостојноста за напишаното!!
„Чудно“ е што Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“ не реагирал на таа колумна на ЕКС Разузнавачот Јанко Бачев!! „ЈАК“ не демантирал и не го тужел Јанко Бачев кога го објавил текстот со за него спорниот дел!!
Да продолжам со еден многу интересен цитат од писмото на Гојко:
За идејата за формирање на партијата, Драган ме информира во телефонскиот разговор кога ме побара на почетокот на април 1990 година. Со паѓањето на Берлинскиот ѕид, со обединувањето на двете Германии, веќе се создадени услови и во Македонија да формираме демократска партија,
Да не прилагам други докази мислам дека за секој разумен човек ке е доволно да посочам дека Драган Богдановски 15.03.1990. год., во „Млад Борец“ го обзнанува основањето на ДПМНЕ. Во предходното писмо објавив скен од луѓето кои Драган Богдановски ги назначил во привремениот Координативан совет, таму го нема Гојко „ЈАК“ а го нема затоа што истиот НЕ УЧЕСТВУВАЛ во ОСНОВАЊЕТО НА ДПМНЕ!
Ке потенцирам повторно, зар на почетокот на април, наводно кога Драган му се јавува на Гојко „ЈАК“ и му предлага да формираат демократска партија Драган и Гојко „ЈАК“ ке договараат состанок за после ДВА месеци!! Малку услул Гојко „ЈАК“ во лагите!!
Гојко „ЈАК“ продолжува со лагите па вели:
Во Минхен дискутиравме за програмата на партијата ДПМНЕ. Мислам дека Борис Змејковски предложи да се стави префиксот ВМРО.
Која програма Гојко сте договарале, кога програмата е објавена 15.03.1990 во Млад Борец!! Змејковски само ви пренесува информација дека дошло до спојување на ВМРО и ДПМНЕ!!
На 24.04.1990 година, Дане Поповски со сопругата Стефка пристига во Ресен, каде иако ненајавен на автобуската станица го пречекуваат Диана Транталовска и Борис Змејковски--интересно ке е да објаснат Змејко или Диана како дознале за доаѓањето на Дане? Во тие денови на престојот на Дане Поповски во Царев Двор се финализираат договорите и конечно е договорено спојувањето на ДПМНЕ со ВМРО. Прифатени се двата услова: програмата на ВМРО и во името на партијата првин да стои ВМРО. На конечниот договор покрај Дане Поповски и Змејко биле и Наум Андоновски од село Перово, ресенско, професор по англиски, Гоце Андоновски од Царев Двор и Митко Николовски од село Перово!!
За средбата во Минхен сведочење на Љупчо Георгиевски:
За крај текстот го оставив оваа:
Што е многу, многу е, па и од некојси азилант во Канада, што ја напуштил Македонија во годините по менувањето на политичкиот и економскиот систем, кога Македонија стана самостојна држава.
Гојко ако дошло до промена на политичкиот систем во Македонија СДБ/УБК немала да прогонува Македонци, симаптизери или членови на ВМРО ДПМНЕ. Во период 1991 -2000 година, според покојниот др. Зоран Тодоровски директорот на Архивот на Р. Македонија и др. Јанко Бачев екс разузнавач, се отворени околу ЧЕТИРИ илјади досиеа. Според некои мои сознанија таа бројка е далеку поголема. Со судскиот процес за добивање на азил докажав дека во Македонија не дошло до промена на политичкиот систем. На такво исто мислење е и Венецијанската комисија која вели дека на Македонија и треба лустрација и за периодот после 1991 година.
Јордан Петровски
политички азилант од Канада