БИЛ ЈАНКОВЦИ

Во куќата пожарот секогаш избива одвнатре, ама се гаси однадвор!
Државата ја „зафаќа пожар“ кога во неа ке се воспостави диктатура, односно недемократски, комунистички систем. Диктатурата како и пожарот е востпоставена одвнатре на државата!
Значи диктатурата треба да се гаси однадвор. Да не бидам погрешно разбран тоа „гаснење“ на диктатурата, односно смена на тоталитарниот комунистчки систем однадвор не е со воена интервенција на некоја странска држава, туку со ангажирање на дисидентите, кои заминале надвор од државата. 
Еве едно видео за тоа како Хрватите ја ангажирале својата диаспора. 

{youtube}https://www.youtube.com/watch?time_continue=376&v=9XWkA8o0i30{/youtube}

За жал Македонија нема таква диаспора денеска, додуша немала ни пред 1990 година.

Македонија има  многу малку луѓе кои морале да заминат бидејки биле противници на системот, а тие луше службата многу лесно ги изолирала и во странство. Причина за лесната изолација лежи во фактот што 99,9% од  Македонците се економски емигранти кои сакаат да си дојдат во Македонија барем еднаш во годината и затоа не сакаат, не се подготвени да го понесат товарот на борбата со системот.
 
За да некој не ми каже дека не е точно дека диктатурата во Македонија не е воспоставена одвнатре ке потсетам на следново:

1945 година никој однадвор не го наметна комунизмот, туку комунистичкиот систем го инсталираа луѓе родени во Македоија . 1991 година никој однадвор не го наметна Ј. Мијалков, Кљусев, Наумов  …. Глигоров !! Никој однадвор не го наметна, Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Никола Груевски,  Зоран Заев, тие се наметнати од СЛУЖБАТА, односно од врвот на Заробената Држава а со цел да се зачува  тоталитарнио комунистички систем, односно диктатурата!