КОЈ Е РЕИНКАРНАЦИЈАТА НА ЖИКА ЛАЗИЋ

Потикнувањето на братоубиствената војна помеѓу Македонците  било оружје кое го употребувале сите поробувачи на Македонија. за да го уништат секое движење за ослободување на Македонија.
Нема да одам подалеку во историјата бидејки тоа не е тема на ова видео. Видеово, односно серијалов е врзан за случувањата  во Македонија кои допринесоа Макеоднија да не се осамостои, поточно да не стане Самсотохна суверена и Демократска дежава да остане Заробена Држава . 
Само страшливците не учат од своето минато, бидејки ако учат ке го осознаат својот непријател и ке немаат оправдување за својата пасивност ке немаат оправдување зошто не се бореле за својата слобода и слободата на своите наследници. 
За да ни стане кристално јасно зошто СЛУЖБАТА дозволила формирање на партија со предзнак ВМРО ке го споменав оваа: 

Живојин (Жика) Лазић у септембру 1923. године ствара Удружење против бугарских бандита, организацију чији је циљ био да спречи подршку становништва ВМРО

Председник владе Љубомир Давидовић отворено изражава неслагање са Лазићевом одлуком да се на чело организације поставе Стојан Мишев и Григор Циклев, на шта је Лазић одговорио да “није нашао бољи механизам од међусобног истребљивања бивших и садашњих бугарских комита”.

Значи на УДБа/СДБ, односно на Здружението за борба МАКЕДОНСКИТЕ „бандити“ требало да им се најде механизам како ке ги откријат оние кои не биле откриени дотогаш од СЛУЖБАТА и не биле обработени!!

ДЕСЕТ ПРСТИ 1

Прашањето на водиделкава е јасно како бел ден ама одгорот од Богоевски е врзан за проблемот на поплавите во Сахара предизвикани од момсумските дождови!! 

Ако се држеше Богоевски до ветувањето дека ке говори најотворено ке споменеше за тоа чии биле досиеата , „КНИГА“, „ЛЕДИ“, „ЛИСИЧЕ“, безбедносно инетерсниот Љупчо Георгиевски по МНС-Македонски Национализам и Сепаратизам, „РОШОМОН’ ….. 

 

Но Богоевски  како врвен мајстор на манипулацијата основното оружје на вработените во Тајната Идеолошка Полиција  ни одржа лекција за разликите на жичаната и мобиланата телефонија а со цел да објасни дека работата на Тајната Идеолошка Полиција била  до 2006 година олицетворение на почитување на Устав, закон ….
Ама  секогаш кога  со нова лага сакаш да ја покриеш предходната лага само повеке се заплеткуваш и се појасно е дека лажеш!! И во овој случајов  со жичаната телефонија  фактите говорат нешто сосема друго од она што го говори Богоевски!!

Во периодот 1991 -2000 ДБК имала на располагање две опреми за прислушкување. Таа што била инсталирана во ДБК овозможувала истовремено да се прислушуваат разговори на 2.000 фиксни телефонски приклучоци. Втората подстаница со можност за прислушување се наоѓала во една од државните вили на Водно и таа овозможувала истовремено да се прислушуваат разговори на 800 до 1.200 линии.
Која може да е намната за да се поставува опрема за прислушкување надвор од Петата Управа освен прислушкување кое ке го одобрува и користи врвот на Тајната Идеолошка Полиција за да така ја држи под контрола Заробената Држава. 

Според мојата пресметка, а која е базирана на реални податоци во неколку мои текста сум објаснил како сум дошол до бројката од шеесетина илјади следени луѓе во период 1991-1998/2000 година. Веројатно е дека барем 90% од следените имале телефони, значи над 50 илјади луѓе се прислушкувани. Да земем за пресметка дека во Македонија во период 1991-1998/2000 просечно имало 350 илјади телефонски приклучоци, да потсетам тука влегуваат и телефоните на фирмите и државните установи. Излегува дека се прислушкувани близу 20% од телефонските претплатници.

Имав среќа па налетав на статистички податок за фиксната и мобилната телефонија во Македонија во период 2007-2012 година. Но јас ке се задржам само на мобилната и тоа на онаа со “пост пеид” претплатници. Не ги земемe во предвид фиксните телефони, чија бројка 2012 е 408 илјади и не ја земем бројакта на претплатници на мобилната телефонија која 2012 била 2 милиони и 235 илјади. Ова го правам за да не бидам обвинет дека користам максимални бројки. Значи бројка на поспејд мобилни телефони од 2012 година изнесувала 866 илјади. Во прислушкувањето се споменуваат околу 20 илјади телефони, ги земам сите 20 илјади прислушкувани телефони, иако голем број од тие телефони не биле цел на прислушкување и доѓам до резултат од околу 2,5% прислушкувани телефони.

Кога ке се споредат бројките на прислушкување за периодите пред 2000 година, со овие од 2008 па навака и на глуп човек му станува јасно дека периодот 2008-2016 година, кога е приаслушкувано само 2,5% од телефонијата, дека тоа е детска игра во однос на 20% од прислушкуваните телефони во период 1991-1998/2000 година. Ако на периодов 1991-1998/2000 се додат и следењата, бројот на ангажираните лица во следењата, сигурен сум дека Македонија би водела битка со Северна Кореа за првото место на листата држави каде што зборовите демократијата и почитувањето на поединечнирте човекови права и слободи се само мислени именки.

 

Од сето искажано досега станува јасно дека судската постапка за незаконското прислушкување само за период 2008-2016 не е решение кое ке гарантира дека  УБК нема да ја пролжи по стапките на УДБа. За мојата убеденост дека УБК ке продолжи по стапките на УДБа потврда даваат функциите кои луѓето кои биле втемелувачи на неуставното прислушкување после носењето на новиот устав ае пак во врвот на УБК и власта!!

  ДЕСЕТ ПРСТИ 2 

Ако Богоевски вели дека УБК има 350 илјади соработника тогаш по оваа изјава на Богоевски ислегува дека еден следен му биле на врат 35 илјади соработника на УБК. Што ли супер луѓе биле тие десетмина?? 
Шегата настрана, од досиета кои ми биле досапани а тоа се неколку стотна доисеа, бројот на соработниците по еден следен е  некаде 5 до 10 соработника , значи просечно 7 соработника по следен. Да ја прифатам бројката офд 350 илјади на Богоевски иако не е точна, бројката на сорботнивите е поголема, излегува дека во Македонија од 1991 година па до днеска се селедени педесетина илјади луѓе. 
Ке набројам смо некои досиеа на луѓе следени по 1991 година : „МИКРОН“, „ДИБЕК“, „ЦРНИ“, „ФИЛИП“, „МАРТА“, „ЖОРЖ“, „БРУНО“,„ШЛЕПЕР“,КАЛЕ“, „АЈТА“, „ПИЛОТЕЦ“, „МАЈНХОВ“, „ФИЛОЗОФ“, „ЛЕВИ“ ….. 

НА ДВЕТЕ РАЦЕ  1А

Дека демократските процеси во Македонија сд замрзнати на онаа ниво на кое биле во почетокот на педесетите години на минатиот век ајдобро зборува оваа изјава на Богоевски.  Иако богоевски неговата слушба не обебедиле никаков материјален доказ за обвиненијата со коиги товари Богоевски, Богоевски си ја тера приказната за вината на тие луѓе.

Еве една изјава на Фрчкоски за тоа што е екстремизам и во кои случаево екстремизмот се прогонува:

  {youtube}https://www.youtube.com/watch?v=-nfCx8A7Mjk{/youtube}

{youtube}https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=26dqQDVA6eE{/youtube}

Дали СДБ има  доказ за УПОТРЕБА  на насилство  во спроведување на политичка идеа дека некој од прогонуваните по линија на Македонски Екстремизам а за тие говори Богоевски !!

НА ДВЕТЕ РАЦЕ 1Б

З

{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=mbC8QwJ5qBo{/youtube}

осле Брионскиот Пленум доаѓаат Студенските Протести 1968 година, нова можност УДБа да обезбеди нови прогонувани, поточно нови соработници!!

Бројот на предадени досиата во Архивот на Р Макеоднија за период 1945-1989 година изнесува над 36 илјади. Од кои 22 илјади се за затвореницеите во затворот Идизово и 14 илјади на следени лица. Оваа бројка е далеку од вистинитата од две прични. Првата е цитатот од извештајот на комисијата врзана за прислушкувањето на Тито и втората е фактот дека соработничката мрежа УДБа ја градела и гради од луѓето кои ги следела. Ако земеме дека во просек на едно следено лице УДБа употребува од 10 до 30 соработника за да можат да го следат, тогаш бројката на досиеа не е 14 илјади туку е преку 200 илјади. До бројката од преку 200 илајди се стасува ако се земе некоја средна вредност на соработници по еден следен а тоа е 15. 15 помножено со 14 илјади доаѓаме до бројка од преку 200 илјади луѓе кои биле следени , имале досиеа , значи тие биле следени и прогонувани, но голем дел од нив станале СОРАБОТНИЦИ. 

УДБа имала и има еден специфичен начин на работа.  За УДБа, секој различно мислечки човек е непријател и затоа УДБа мора да го превоспита, да го натера инакумислечкиот да си го ревидира мислењето и да размислува како што УДБа и Партијата ке посакаат. Затоа УДБа прогонот не го прави за да на Прогонетиот (“Предмет на Обработка”) му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди Осомничениот. Да нема недоразбирање, тоа УДБа не го прави од неспособност или од незнаење, туку го прави заради тоа што индициите за најомиленото кривично дело, Рушење на Уставниот Поредок на  СФРЈ до 1991 а потоа на Р. Македонија кое УДБа го припишувала на прогонуваните се ЛАЖНИ!! Лажни се затоа што целта на УДБа е да се здобие со нов кодош – при што од секој “противник” прави “свој” човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! За да се здобие со нов кодош, УДБ-а не избирала средства или начини.

За периодот после 1991 година има шпекулација дека има околу 4 илјади следени ако пак ја примениме истата методологија за пресметување на приближната бројка, ке дојдеме до податок дека од 1991 до 1998 година УДБа следела преки 60 илјади луѓе!!