ДИВЕРЗАНТИТЕ ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА

 

 

РАСКОЛОТ ВО НАРОДНА Е НОВОСТ САМО ЗА МЛАДИТЕ

 

 Пишува Јордан Петровски

 

Деновиве, како и обично, покрај моите контакти со припадници на останатите македонски партии, разговарав и со неколкумина членови на ВМРО НП. Во разговорите немаше ништо посебно, ништо ново. Сепак, разговорот со еден од нив ме натера да го напишам овој текст. Имено, на мое прашање каде е тој во делбата, односно, со која опција тој ќе го продолжи политичкото делување, добив искрен, но, зачудувачки одговор: „Решението кое треба да го донесам е како избор помеѓу мајка и татко (во развод)… “ Ниту збор за идеолошкото несогласување; ниту збор за тоа која од страните ги напуштила принципите на партијата што би послужило како повод за спорот и поделбата.

Значи идеолошки несогласувања немало, „несогласувањата“ биле од сосема друг карактер, но тоа, освен на Љубчо и на Додовски, на другите не им е познато.

Она што го насетував како причина за „Расколот во Народна“ од моментот кога оваа вест почна да виури низ Интернетот, со оваа исповедание доби стопостотна потврда. Уште еден фингиран судир! Уште еднен судир во кој едниствениот фактор за заземање стана е „лидерот“. Љубчо и Додовски се обидуваат да нѐ преведат жедни преку Охридско езеро.

Во 1997. год. , кога се случи ист ваков фингиран судир,  креаторитеСлужбата, која формално парадира како СДБ—знаеше дека сѐ уште идеалот на ВМРО е силен во ВМРО ДПМНЕ—покрај сите злодела кои ги стори таа иста Служба против паријата и Љубчо. Затоа судирот мораше да делува сериозно. Службата на судирот му даде обележје на борба за спас на Македонското, па дури и на самата Македонија: Сидро на „Расколот“ беше „ЧАКАМ ТЕ ДА ДОЈДЕШ“—чиј автор, Александар Диневски е дипломец на Факултетот за Безбедност!—постерот на „расколот“ гласеше „македонисти против бугарофили“!

 Во сегашниов судир или службата е во голем временски теснец, или пак, е свесна дека на ова мамка нема да се фатат многумина. Но, по сѐ, обете причини имаат удел.

 За да биде работата поуверлива Шутрак Војводата испраќа порака дека „ВМРО-ДПМНЕ отсега ќе си има работа со Љубчо Георгиевски“. Покрај пораката, тој покрај себе го задржува и „опасниот“ по фамлијата, Ване Цветанов, за кого, оти повторувањето е мајка на знаењето, ќе повторам некои работи:

 

„Цветанов сега на 04.06.2011 година е бегалец. Вели тоа и ќе остане се додека не се променат некои состојби во државата.“

 Додека за државата Цветанов ќе рече:

           „Македонија удавена во државен криминал

‘Се работи за една сериозна мафија во Република Македонија, која што контролира сѐ. Проблемот е што во светот се вели – во секоја држава има мафија, но за жал во Македонија мафијата има своја држава. Мафијата го контролира и судството и обвинителството. Значи Република Македонија е удавена во организиран криминал’, изјави Цветанов .“

Глигоров и УДБа ја постигнаа целта, она што тие го зачнаа на почетокот на плурализмот— попречувањето на вистинското заживување на повеќепартизмот—Груевски го приведе кон крај. Веќе нема поделби на левица, десница, ројалисти, монархисти, центристи или не знам какви. Има само борба за да се биде што поблиску до делачот на колачот. Дали на општинско или републичко ниво зависи од аспирациите на поединецот, но уште повеќе од извештајот за него издаден од Службата.

 Причините за фингираниов судир помеѓу Груевски, Додовски и Георгиевски лежат во следново:

1. Да се сокрие криминалот:

  

 

       

                                          

– Продажабата на Телеком е дело на Љубчо и Груевски! Запрашајте се  дали монополот на Телеком е воспоставен 2005/6. год. или Телеком има монополска положба од денот кога е склучен купопродажниот договор. Во 2005. год. е правена само надградба на веќе воспоставениот монопол.

 Среќа за Љупчо и Груевски е што Американците не можат во судската постапка да истражуваат за времето кога е продаван Македонски Телеком.

 2. Да се сокрие погрешната надворешна политика (која ја спроведува секоја власт од 1990. год. до денес):

– Треба да се покаже на „клетите непријатели“ од ЕУ, НАТО и САД дека грешат; дека нивната „омраза“ кон Македонија, а посебно кон Големиот Водач, Груевски нѐ прави само поцврсти и попредани во одбрана на исправниот пат по кој нѐ води Груевски. И се разбира дека нема да нѐ „скршат“ ниту нас, ниту пак Големиот Водач!

Има ли појасен и посилен доказ дека тоа е така кога довчерашните Грујови најголеми критичари ја „увидуваат“ својата грешка и се враќаат кај Големиот Водач?!

Диктаторите и диктаторчињата секогаш сакале моќта да ја покажат врз довчерашните сопартијци. Тоа во едноумните општества, делувало многу силно врз народот, а уште повеќе врз егото и еланот на диктаторот. Сталин и Тито, на пример, употребувале многу посурови методи на „освестување“ на заблудените свои довчерашни идеолошки браќа и сестри. Едниот со Сибир и Гулазите, другиот со Голи Оток, каде што издајниците на „каузата“ посмртно пишувале писма на покајание(!),  но, сепак не успеале да предизвикаат вакви масовни освестувања како партиските преминувања кај Груица.

Тито грешката од 1948. год., ја исправи во ’68-ма, кога наместо казни и Голи Оток, тој на бунтовниците кои бараа Црвени Универзитети им даде титули. Ги направи професори, акадамеци, режисери, а на врвот на УДБа му дозволи од државниот шверц, маку да земе и за себе и идилата за Титова власт до гроба, започна. Груевски употребува комбиниран модел  на владењето, тој не сака да дозволи воопшто некој да помислии да бунтува против него.

Затоа работи пополека, половина лажичка арно, една четвртина лажичка затвор, четвртина лажичка даноци. Во секое село отвори „погони“ за производство на високостручен кадар; а шлагот, производството на „доктори“ го препушти во рацете на заставници и бозаџии. Со тоа почна да ја ствара новата неокомунистичка елита и свотот пат кон вечната власт, како Маршалот, кој, очигледно му е идол.

Во раните денови, додека сѐ уште беше тазе, му успеваа лагите, како дома, така и надвор, за подготвеноста за решавање на спорот со Грција, за подготвеноста да ги спроведе резолуциите на ЕУ за осуда на комунизмот, да се справи со криминалот и останатите деведесет и седум чекори. Но, како и секогаш, секоја лага има крај. ЕУ, НАТО и САД увидоа дека Груевски лаже, и како резултат на нивното освестување, работите тргнаа во насока која за Груевски, Црвенковски, Герогиевски, Ахмети, Тачи и компанија не е добра.

Имено ЕУ врши голем притисок за спроведување на вистинска лустрација и конечно растурање на инсталациите на УДБа, оти тие се главните чувари на едноумието и се носителите на криминалот во државата и пошироко.  Дека притискот е голем најубаво зборува споменувањето на мојот случај од страна на Силвана Бонева во дебата околу одлуката на Уставниот суд за укинување на некои членови од Законот за лустрација. Силвана се обиде да ја продаде приказната дека јас сум нивни член (како што тоа го стори Бициклиски за време на изборите ’09), дека тие прават сѐ за да се спроведе лустрација, ама еве во Уставен Суд , луѓе на клети Бранко прават опструкции. Во Основниот суд каде што мојата тужба веќе петта година чека да биде процесуирана—пак и тука Бранкови луѓе. Но тој воз минува само кај партиските слепци, идеопоклониците на Груевски.

Дека САД гледа во Груевски пречка за демократизацијата на Македонија и интеграцијата во НАТО најубаво борува  шлаканицата која ја доби Груевски со пораката за влез во НАТО која му ја соопшти Рикер и приемот во САД на кој наидува Грујовиот Министер за Понадвор, Поповски.

Туку, за „Расколот во Народна“ ми беше муабетов. Не чекајте којзнае што. Ова е само диверзија, до следната диверзија, за после која Службата готви нова, но сепак позната диверзија.

 

Авторот е претседател на Комитетот за демократизација на Република Македонија

 https://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=1158&highlight=68+%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%B8