Јордан Петровски 10.01.2017
На крај на умот не ми е да бранам некого а најмалку Томе Аџиев!! Но заради вистината, заради двојните аршини на чуварите на Тоталитарниот антимакедонски комунистички систем со кој мерат и сечат при утврдување на вината морам да реагирам. Секако со докази, за да ја соголам ниванта лага и манипулација, а воедно да им понудам на Тричковски и неговите истомисленици да повелат на дебата во која ке ги демантираат, односно побијат доказите кои ке ги изнесам и така ке докажат дека тие ја говорат и бранат вистината!
Во мој текст објавен во август минатата година сум го напишал следново:
Деновиве се води полемика околу одлуката на Управниот суд за поништување на решенијата за лустрирање на дваесетина лустрирани лица. . И како што е обичај во Македонија, ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ работници во медиумите и ЕКСПЕРТСЛУГИТЕ, наместо да укажат каде е вистинскиот проблем ЗА НЕУСПЕХОТ НА ЛУСТРАЦИЈАТА, тие со написите и мислењата уште еднаш потврдија дека тие заедно со УДБа се најтврдокорните бранители на Тоталитарниот Едноумен КОМУНИСТЧКИ Систем. Потврдија дека УДБа не погрешила во изборот ниту на ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ работници во медиумите кои ни ги подментуваат како независни новинарските пера, ниту на оние на кои им давала врвни места во политиката и во Граѓанските Здруженија, формирани за "заштита на човековите индивидуални права и слободи."
Тричковски вели:
Еве, слушам била поништена и лустрацијата на Божин Павловски
Да потсетам што беше улогата на комисијата на лустрација. Комисијата за лустрација според законот требаше да ги пронајде СОРАБОТНИЦИТЕ на службата. Ако некој ги прочита Решенијата на комисијата и приложените извадоци од досиеата на лицата кои се лустрирани ке дојде до заклучок дека сите до еден биле СОРАБОТНИЦИ на Службата. Кај сите стои дека СОРАБОТУВАЛЕ. Што е случај и со лустрацијата на Академик Божин Павловски. Еве дел од неговото досие во кој јасно стои дека Академикот Божин Павловски -"ПРОЗАИСТ" е СОРАБОТНИК на СДБ
Овој дел од службената белешка го направив во малку поголем формат бидејки тука е се кажано!
"ПРОЗАИСТ", односно академик Божин Павловски по налог на СДБ и "ВО ИДНИНА да ги прифаќа средбите и разговорите ... а добиените безбедносно интересни материјали ... да ни ги презентира и доставува."
За секој и малку писмен човек ке е јасно дека Комисијата за лустрација постапувала спред ЗАКОН! Закон кој во основната варијанта предложи, лустрацијата да ја изврши КОМИСИЈА а не институции, СУДОВИТЕ кои спред Уставот на Р. Македонија се едниствено верификувани да носат пресуди. Да потсетам законот со кој наместо СУД се вметна КОМИСИЈА го предложи КОМУЊАРИШТЕТО Стојан Андов. Тој закон беше ЕДНОГЛАСНО ПРИФАТЕН ОД ПРАТЕНИЦИТЕ: значи за законот каде комисијата е таа која ке ја спроведе лустрацијата гласале и пратениците на СДСМ и другите леви партии чии членови и сипматизери денеска фрлаат дрвја и камења по комисијата.
Таквиот закон го прифатија и комуњарските Граѓански Здруженија: Фондацијата СОРОС и Хелсиншкиот комитет! го прифатија и покрај тоа што таквиот закон не беше во склад со препораките на Резолуциите 1096 и 1481 на Советот на Европа.
Ќе ви го цитирам најбитниот член од Резолуцијата 1096 со недаж дека ке даде Господ да на оние кои сеуште имаат ум им помогне да ги симнат комуњарските амови кои ги носат, па ке можат да видат и нешто што некој се обидува да го сокрие од вас!!
„Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“
Зошто сите прифатиле ваков фаличен закон уште во старт, одговорот е многу едноставен, НИКОЈ НЕСАКАЛ ВИСТИНСКА ЛУСТРАЦИЈА!! Зошто несакале лустрација ниту ДПМНЕ, ниту СДСМ ниту Фондацијата СОРОС, ниту Хесиншки Комитет, ниту ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ работници во МЕДИУМИТЕ? Најлесен одговор ке си дадете ако го погледнете однесувањето на Груевски-поточно зошто Груевски бара да се укине СЈО, зошто Груевски бара по секоја цена да остане на власт: сето тоа Груевски го прави за да се спаси од обзнанување на неговите криминали и казната која ке следи за тие криминали!! Затоа исто се однесуваат и оние на кои лустрацијата ке им ги обзнани злоделата и судот врз база на тие злодела ке им одрeди затворски казни.
Да се вратам на еден многу важен дел од оваа игра која е основа за лажнава лустрација. Подговувачите на законот биле свесни дека Комисијата за лустрација неможе да одредува вина, да одредува дали Академикот Божин Павловски-"ПРОЗАИСТ" во своите извештаи ја говорел вистината или пак свесно лажел и така им нанесувал штета на тие за кој поднесувал извештаи.
Значи виновни ке бидат и виновните и невините. Невини се сите кои ја ГОВОРЕЛЕ ВИСТИНАТА и тие нормално е да кренат глас и да бараат начин да докажат дека не сториле ништо лошо, дека не изнеле нитуе една невистина. Ако некој од "соработниците' изнел партиска тајна ама која била вистина неможе да биде осуден од СУД за тоа, такви пресуди носат судовите на ПАРТИЈАТА а тоа е можно само ако не постои држава.
Покрај писанието на Тричковски издвоив уште еден бисер кој го заележив на дискусијата:
Велам бисер бидејки господинот Шукарев најмалку смее некого да обвинува за работење според закон!! Зошто го велам ова, во една дискусија за приватизацијата со господинот Шукарев пред година или две, тој се повика дека се што работел било според законот и затоа тој неможе да сноси никаква одговорност за лошата приватизација! Законот на кој се повикуваше господинот Шукарев го донело Собранието, значи нема разлика и законот за лустрација го донело Собранието и господинот Томе Аџиев како и господинот Мирољуб Шукаров работел според закон.
пс.Трчиковски и сите вие кои го подржувате оваа писание на Тричковски побарајте од некој од вашите пријатели кои работеле или работат за УБК да ви го протолкуват издвоениот скен, да ви протолкуваат дали "ПРОЗАИСТ" бил СОРАБОТНИК на СДБ или не!