Јордан Петровски 08.01.2017
Како и обично во Македонија секогаш се "пука" во погрешна мета, а тоа секогаш се прави за да се сокрие вистината за причнините за проблемот за кој се зборува, проблемот кој е актуелен. Во случајов АНТИМАКЕДОНСКОТО и АНТИДЕМОКРАТСКОТО делување на Тајната полиција - УДБа, чуварот на Тоталитарниот антимакедонски едноумен комунистички систем во Македонија и одговороност на носителите на власта за неспречување на таквите делувања!
Тоа го прави Груевски и сега во своето "мега"-интервју во кое за немањето на демократија во Македонија, поточно за нераскинувањето на врските со Тоталитарниот антимакедонски едноумен комунистички систем и растурање на Тајната полиција - УДБа, чуварот на тој систем во Македонија ги напаѓа, Сорос, УСАИД, државите кои донираат средства за "невладините здруженија".
"Пукањето" во погрешната мета на Груевски не е од незнаење!! Доказот дека Груевски свесно, поточно со намера "пука" во погрешна мета е во овој дел од неговото интервју:
Знае ли Сорос дека во Македонија 25 години ја подржува поранешната комунистичка партија, која само го смени името, и ништо повеќе. Партија чии перјаници во комунизмот биле соработници и поткажувачи на тајните служби и заради нив илјадници луѓе лежеле по затвори, бидејќи изразиле различно политичко мислење од она на официјалниот режим, а меѓу нив бил и неговиот долгогодишен човек од доверба тука во Македонија, Владимир Милчин. Или пак му верува дека наместо кодош бил само жртва а ние ,,вмровците од затвореното општество“ сме го наместиле бидејќи се бори за идеите на Сорос за отворено општество. Нека прати некој друг негов човек во Комисијата за лустрација да му дадат да прочита во оргинал кој му ги цица парите 25 години и кој му ја полни главата. Не само за него, туку и многу други негови соработници. Свесен ли е Сорос дека под својата чадор-организација ги ангажира сите активни поранешни агенти на УДБА од комунизмот и со нив сака да ни всадува демократија. Луѓе кои живееле и напредувале во кариерите од политичко кодошење, денес ги има впрегнато во неговата платеничка машинерија да работат против ВМРО-ДПМЕ и против Македонија. Да нѐ закрват, да нѐ раскараат и поделени и политички завојувани сами да си ја уништиме државата.
Од цитатов гледаме дека Груевски многу добро знае дека причината за НЕОСАМОСТОЈУВАЊЕТО и НЕДЕМОКРАТИЗИРАЊЕТО на Македонија лежи во тоа што УДБа до ден денешен не само што остана негибната во Македонија, туку успеа да навлезе и да ги освои сите битни места во партијата на чие чело дојде тој 2003 година, се разбира по избор на УДБа. Партијата чиешто дејствување првовремено беше во рацете на вистински противници на УДБа, ја чинеа ВМРО ДПМНЕ во единствениот организиран фактор кој колку-толку делува против на Тајната полиција.
За да дам мало појаснување само ке ги споменам двата битни момента на зачетокот на комплетната УДБЕИЗАЦИЈА и СРБИЗАЦИЈА на ВМРО ДПМНЕ: "СТУДЕНСКИТЕ ПРОТЕСТИ" и "РАСКОЛОТ", односно лажната битка против БУГАРШТИНАТА во партијата! Со тие две дешавки УДБа направи скоро комплетно освојување на партијата. Она што остана од ВМРО и борците против УДБЕИЗАЦИЈАТА и СРБИЗАЦИЈАТА, по чистката која започна по Кичевскиот Конгрес, Груевски по 2003 година, го отстрани од партијата отворајки им ја широко врата за влез во врвот на партијата, односно власта на најтврдокорните подржувачи на УДБа-Силјан Аврамовски, Ѕинго, Латас, Мирка и нивните загари.
Секој разумен ке се запраша зошто Груевски не превзел ништо да го попречи делувањето на СОРОС? Дали причината што Груевски не превземал нешто лежи во тоа што несакал да дојде во судир ЕУ, САД?
Одговорот е НЕ!
За да ја покажам играта на Груевски ке мора да се вратам на зачетоците на плурализмот во Македонија и првите "увезени" НВОа. Тајната полиција, чуварот на Тоталитарниот антимакедонски едноумен комунистички систем, беше испланирала се, па и тоа како ке одглуми пред Западниот демократски свет дека државите кои настанаа со распадот на Југославија од комунистичките системи се трансформирале во демократски општества. За да таа слика најбргу допре до западните демократски држави беше јасно дека мора да им се отвори пристап на нивните организации кои се занимаваат со почитувањето на човековите права и слободи како Фондацијата СОРОС и Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Па така УДБа широко ги отвора вратите за влез на Фондацијата СОРОС во државите кои настанаа од распадот на Југославија.
На Сорос УДБа за "водачи" му ги нуди "проверените дисиденти". Луѓе кои биле меѓу водачите на Студенските протести 1968 година, луѓе кои од КОМУНИСТИЧКАТА власт на Тито бараа уште потврд КОМУНИЗАМ-враќање кон Сталинизмот!! Незадовлони од марксисичко-ленинистичката понуда од тогашното високо Титовистичко образование, 68-машите барале ЦРВЕНИ УНИВЕРЗИТЕТИ каде подобро би се изучувале евангелијата на Сталин, Мао и Пол Пот.
Превејаниот манипулант Тито лесно се справи со нив, дел пикна во темнина, а дел ги купи!! Тито-односно, колективниот мозок на неговиот кабинет, кој пред се размислувал са опстанокот на Режимот после заминувањето на диктаторот во години, кога ги купувал бунтовниците размислувал на трајна инвестиција. За да ја сокрие вистинската нивна идна улога дека тие и нивните деца, покрај УДБа, ке се чувари на комунистичкиот тоталитарен едноумен систем, им наметнал име на дисиденти-што самото по себе не е комплетна невистина. Тие биле дисиденти-односно несогласници, но не во правецот на кој обично се мисли кога се употребува овој збор. УДБа за да им створи углед и легитимитет на дисиденти од конвеционалото мислење на зборот, употрбувајќи ја техниката на двоенговор, ги водела како "анархо либерали" и "граѓанска десница"!! УДБа, за да им створи углед им доделила и возвишени титули, како професори, режисери, писатели, глумци итн.
Во сите бивши републики 68машите, лажните дисиденти, УДБИНИТЕ "анархолиберали" или "граѓански десничари" застанаа на челните позиции на Фондацијата "СОРОС"! Во Македонија таа чест му припадна на Владе Милчин, Владе Милчин "прогонуван" како граѓанска десница, Владе Милчин ДЕСНИЧАР, "зар је то могуќе другови и другарице!?" Згора на се Директор на Фондацијата СОРОС за Балкан со седиште во Њујорк, значи непосредна близина на Џорџ Сорос е Бека Вучо исто така водач на протестите од 1968 година!!
Ако Груевски навистина сакал да се справи со Фондацијата СОРОС и нејзините клонови, Хелсиншки комитет, ЦИВИЛ, ГЕМ итн, предолг е списокот па затоа се извинувам на неспоменатите, створени во ове 25 години, мораше да го сруши Тоталитарниот антимакедонски едноумен комунистички систем и Тајната идеолошка антимакедонска и анти-пазарна полиција-УДБа! Груевски е во право кога вели дека Фондацијата СОРОС е водена од луѓе на УДБа!! Тоа е она што вистинските Дисиденти кои ги застапувам јас, безброј пати го имаме повторено во минативе 10-15 години.
За да го спроведе рушењето на едно од упориштата на Тоталитарниот антимакедонски едноумен комунистички систем и незјиниот мускул-УДБа, како и лажните НВОа и Граѓански Здруженија, Груевски требаше да спроведе лустрација според ПРЕПОРАКИТЕ на Резолуцијата 1096 на Советот на Европа, која препорачува лустрација по судска постапка. Односно, лустрација низ институции кои според Уставот се единствено легитимни да донесат правосилни пресуди кои дефинитивно ке расчистат дали некој е виновен или не. За оние кои ке се прогласат за виновени, сигирно би требало да се одредат складни казни, па дури затворски рокови!
Кон ова треба да се додаде и појаснувањето на Мислењето на Венецијанската комисија кое на барање на Комитетот за Демократизација на Македонија го даде нејзиниот Секретар. Според г-дин Маркерт, откако му беше воочено дека постојат докази за неуставно делување на СДБ после прогласувањето на независноста, во Македонија треба да се спроведе лустрација и за период после 1991 година, периодот кој најмногу го оспорауваат Фондацијата СОРОС и Хелсиншкиот комитет, јасно е дека Груевски се плашел од вистинска лустрација исто толку колу што се плашеле и Соросоидите. Стравот е заради причината што ке се открие и нивната поврзаност со Тајната антимакедонска идеолошка полиција. За Владе Милчин доказите дека бил соработник на оваа Полиција излегоа на виделина.
Како уште еден сериозен доказ дека Груевски по никоја цена несакал да дозволи судска разрешница за прогонот од ПОЛИТИЧКИ и ИДЕОЛОШКИ причини е и недозволувањето да отпочне судски процес врз база на мојата Кривична пријава поднесена против Фрчковски, Чокревски, Богоевски, Аврамовски, Верушевски и други троица припадници на ДБК од Куманово. Имено мојата кривична пријава која цели 6 години се меткаше низ судот во Скопје, поточно низ рацете на неколку судии за да на крај биде отфрлена поради застареност, застаренoст која е тежок фалсификат. Велам дека отфрлањето на мојата кривична пријава е сериозен доказ од причина што слушајки ги бомбите ми стана јасно дека одлука за отфрлање несмеел да донесе никој без налог од Груевски. Mожеби некој ке каже па Груевски незнамел за таа кривична пријава , знаеше многу добро.
пс. за да мојот текст не биде во десетина продолженија директниот одговор на насловот на текстот: "АКО НЕ БЕШЕ ФОНДАЦИЈАТА СОРОС ГРУЕВСКИ НИКОГАШ НЕМАШЕ ДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ" ке го дам во неколку збора.
Ако фондацијата СОРОС и нејзините клонови во НВОата, во граѓанските здруженија и во медиумите кои беа стварани или финансирани од Фондацијата СОРОС, ги исполнуваа задачите кои се единствена цел на НВОата и на граѓанските здруженија во битката за демократија и на зачувување на демократијата во западните демократски општества, т.е. доколку водеа вистинска битка за заштита на човековите индивидуални права и слободи, кои се загарантирани и според Уставот на Македонија, тогаш ке се испочитуваа препораките на Советот на Европа за спроведување на лустрацијата.
Во 1999 година беше донесен закон за отворање на досиета кои ги водела Тајната полиција. Значи Фондацијата СОРОС и неговите клонови добиле јасен доказ дека кршењето на индивидуалните човекови права и слободи од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини во Македонија не престанало со носењето на Уставот 1991 година!!
Спроведувањето лустрација во 1999 година ке допринела да ја нема Тајната антимакедонска идеолошка полиција, ке допринела да не се случи војната во 2001 година, ке допринела оние соработници кои директно учествувале во вршењето на кривичните дела на Тајната полиција да бидат осудени, а на оние кои индиректно учествувале во кривичните дела да им се забрани учеството по политичкиот живот, по примерот на Латвија, а прифатен од Венецијанската комисија како легитимен чекор кон прочистувањето на општеството.
Таквиот развој на настаните го поништува и договорот за менување на името.
ппс.објаснување зошто го користам изразот АНТИМАКЕДОНСКА
пппс. мислењето на Секретарот на Венецијанската комисија: