Јордан Петровски 22.12.2016
Се јави Мирјана Најчевска, жената која ја носи можеби најголемата вина за Рамковниот договор, за појавата на Груевски и фамилијата и за неговото десетгодишно владеење. Во своето обрашање на фејс бук повикува на лустрација ама само за периодот на владеење на Груевски. Повод за промена на нејзиното мислење околу лустрацијата е изјавата на Каракамишева која Најчевска ја цитира во своето мислење:
Mirjana Najchevska 17 hrs · Курир ·
Јас бев многу лут противник на лустрацијата кога на времето се подготвуваше и применуваше законската регулатива. Затоа што беше задоцнета, според многу параметри непотребна и без гаранција дека нема да стане збор само за партиски реваншизам. Мислам дека по 10 години владеење на ДПМНЕ ќе имаме потреба од нов Закон за лустрација со цел да го ослободиме општетсвото од влијанијата на вакви луѓе. Последниот пасус од текстот на жената која под никакви услови не смее да биде професорка е отворен говор на омраза: “Дали ви е сега појасно што се случува, или повторно ништо? Или за конечно да се освестите ви треба да ве мавненешто по ваша глава за да ви светне. На пример, кога нема да можете да стигнете до вашата викендичка во Маврово, на Шапка, или на друго место затоа што локалната полиција така ќе ви нареди, кога нема да можете да одмарате во вашиот стан во Охрид, или Струга, затоа што локалниот шериф така ќе посака. Кога нема да можете да си го задржите работното место затоа што не го знаете албанскиот јазик, кога нема да можете да остваритездравствени, образовни, или други услуги во државата поради јазичната бариера, кога нема да можете да кажете дека сте Македонец затоа што државата и нацијата во блиска иднина нема да бидат Македонски…“ Меѓутоа, со оглед на тоа што не верувам дека доволно брзо може да се направи таква промена во правосудството за да може да почнат да се применуваат казнените одредби кои во моментов веќе ги имаме, сметам дека еден нов Закон за лустрација е неопходен за забрана на вршење на должност на сите оние кои ја поддржаа фашистичката власт која ја окупираше Македонија.
После 25 години Најчевска се "освсетила" и сватила дека лустрацијата е најбрз и најефикасен начина да се раскине со една стуктура која е власт или е дел од власта ама никако да се освести дека проблемот не е во луѓето на власт или луѓето кои се подржувачи на власта.
Каракамишева, Даштевски, Ф. Петровски, Груевски, М. Маневски, Ф. Маневска, Панчевски ... поминале низ образовниот систем на Р. Македонија. Образовен систем во кои професори се Најчевска, Калајџиев, Фрчковски, Милчин ....
Најчевска, Калајџиев, Фрчковски, Милчин покрај тоа што се професори на факултети при универзитетот Кирил и Методи тие беа на раководни функции во Невладиниот Сектoр: Хелсиншки Комитет,Форумот за човекови права, Фондацијата Отворено Општество. Задача на Невладиниот Сектор била и е, следење на почитувањето на човековите права и слободи од страна на власта во Македонија и алармирање на меѓународната демократска јавност доколку има прекршување на индвидуални човекови права од страна на власт во Р. Македонија.
Хелсиншки Комитет, Форумот за човекови права, Фондацијата Отворено Општество беа слепи и глуви на кршенето на индивидуалните човекови права и слободи во перид 1990-2000 година. Кршење кое беше докажано со непобитни докази кога 1999 година со закон беше овозможен пристап до досиеата кои ги водела СДБ за ИДЕОЛОШКИТЕ и ПОЛИТИЧКИТЕ неистомисленици на комунистичката партија која била под разни имиња: КПМ, СКМ ПДП и СДСМ а била и е чувар на Тоаталитарниот Едноумен Систем!!
Отворањето на досиеата кај овие организации за "заштита на индивидуални човекови права" не предизвикаа никаков интерес, никаде ни збор за осуда, туку она што е зачудувачко Хелсиншки Комитет, Форумот за човекови права, Фондацијата Отворено Општество застанаа во одбрана на прекршителите на индивидуалните човекови права слободи, недозволувајки да се спроведе лустрација според Резолуцијата 1096 на Советот на Европа. Резолуција која препорачуваше лустрацијата да се води преку суд , единствена институција која може некого да прогласи со правосилна пресуда за виновен и според степенот на вината да одреди казна.
За Најчевска сега во моментов не е спорно ако забраната на вршење на должност на сите кои ја подржале оваа власт се спроведе преку лустрација и ја изрече комисија.
Да потсетам Најчевска ја спореше лустрацијата на Андов и Груевски заради тоа што Комисија неможе да биде орган кој ке утврдува вина и ке одредува казни.
Најчевска заборави на паролата која ја верглаа Хелсиншки комитет, ФООМ, како аргумент против лустрацијата. Паролата беше, Устав од 1991година бил демократски, а кршењата на човековите права кои ги правела власта во период 1991-2000 година биле поединчени, односно од "несовесни" поединции што воопшто не е точно, законите, правилниците за работа на СДБ беа носени од владата а усвојувани во Парламентот, значи кршењето на човековите права и слободи било системско, бидејки на тие закони и правилници кои не биле Уставни не реагирал ни Уставниот суд, Уставниот суд не барал нивно укинување.
Колку што ме држи паметењето Уставот од 1991 година не е променет во членовите кои ги опшаќаа човеквите права и слободи, ниту во тоа кој така може да изрекува казни тоа покажува дека Најчевска ништо не е поразлична од Каракамишева!!
Морам да дам аргументирано објаснување зошто Фрчковски, Милчин и Најчевска беа меѓу најжестоките противници на лустрацијата! Општо на сите имаат успешна во кариера. Премногу докази има дека кариерата на луѓето во Тоталитарните Комунистички Системи исклучиво зависи од УДБа, СДБ. Значи овие троица со нешто морале да ја заслужат наклоноста на СДБ и да дотуркаат до така високите позиции во општеството.
зошто им е страв од лустрација!
Љубомир Фрчковски како министер на МВР потпишал СПРОТИВНО на УСТАВОТ на Р. Македонија од 1991 година, пишуван од Фрчковски, неколку илјади решенија за НЕУСТАВНО и НЕЗАКОНСКИ ПРИСЛУШКУВАЊЕ, СЛЕДЕЊЕ! Каната само за тоа дело е 10 години затвор.
Владе Милчин бил СОРАБОТНИК на СДБ. Стравот од лустрација кој го покажа Владе Милчин говори дека тој е свесен дека нанел големи неправди на луѓето кои ги кодошел.
Мирјана Најчевска керка на РЕВИДИРАН Сталинист. При спроведување на лустација на суд ке се откриела можеби и соработничката улога на Мирјана Најчевска или на нејзиниот татко. На тоа укажува фактот што Најчевска и денеска не споменува спроведување на лустрација од 1991 година иако Венецијанската комисија преку својот секретар изрази мислење дека на Македонија и е потребна лустрација и за период после 1991 година.