ПИСМО ДО ЕВРОКОМЕСАРОТ ХАН-МАКЕДОНСКА ВЕРЗИЈА

 

Досега не практикувавме да ја објавуваме преписката на Комитетот со еврокомесарот Хан, но оваа последно писмо кое утринава веке е на работната маса на господинот Хан ке го објавиме заради важноста на моментот за Македонија. Во идните недела, две ке ја објавиме целата наша преписка со господинот Хан за да оние кои ги интереси добијат јасна слика зошто Комитетот зазеде став кој е против постапките на владата на Заев

 

КОМИТЕТ ЗА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

12 јуни 2018 година

Сент Кантеринс, Онтарио, Канада

 

ДО:      Г. Јоханес Хан, Еврокомесар за европска соседска политика и преговори за проширување

            Оддел – Западен Балкан

            Оддел.3 – Поранешна југословенска република Македонија, Косово

ВН:      Дејвид Кулен

 

 

Почитуван господине Хан,

Во нашите неодамнешни преписки на повеќе од една пригода Ви подвлеков дека ЕУ на Македонија ѝ е потребна од една, и само една причина: Не за да добие пристап до европските дискрециони фондови, со за да се трансформира во легитимно Западно општество преку воспоставување на владеење на правото како нејзин темелен принцип. Сите ваши најави, особено планот ПРИБЕ беа во насока во Македонија да се воспостави владеење на правото по пат на почитување на Уставот, законите и на Деловникот на. Меѓутоа, Вашите одговори на моите писма ме оставија да се сомневам во искреноста на Вашата, а и заложбата на ЕУ е Македонија конечно да стане држава во која Уставот и законите, и дека ќе се напуштат третосветските практики на владеење на силата кршење на законите од страна на властите, оставени на Македонците како наследство од Југославија и Османлиската Империја.

Мојот сомнеж беше предизвикан од фактот што сите оние кои неуставно прислушкувале и биле одговорни за разни други прекршувања на личните и политичките слободи пред 2006 година—луѓе коишто требаше да бидат исчистени од македонското општество по пат на лустрацијата која неколкукратно беше попречена од страна на ЕУ со помош на нејзините сојузници од „граѓанскиот сектор“—се најдоа на раководни функции во УБК и на други одговорни места во режимот на Заев. Вашето интервју за МИА од 13.06.2018 година ми потврди
дека моите сомнежи не биле само изливи на параноја. Таму велите:
„Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно претседателот да преземе одговорност.“ (Мое нагласување.)

Сметам дека е
несвојствено за дипломат од Ваш калибар да не го познава Уствот на Р. Македнија а да се повикува на него! Таквата Ваша постапка само ги зголемува тензиите во Македонија, коишто и онака се веќе високи, спротивно на Вашите изјави за виенски „Der Stanadard“ каде сугерирате дека договорот во Македонија предизвикал чувство на еуфорија. Во таа смисла ниту грчкото население не делува дека е задоволно од решението постигнато од владите на двете земји. Но, јас тука ќе се задржам само на прашањето од македонската страна, од перспектива на владеење на правото.

Вашата недвосмислена поддршка за овој нелегитимен договор само придонесува кон охрабрување на кршењето на Уставот и Законот од стрна на премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров, и за авторитарниот стил на владеење на режимот на Заев, кој за време на тековниот викенд, како и во број други прилики прибегна кон употребата на сила со цел да го попречи народот од изразувањето на своето незадоволство со политиката на онаа нелегитимна влада. Ова е, за жал, генерално правило до кое Вие се придржувате од зачетокот на оваа Влада. Според член 119 од Уставот на РМ:

Меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија.

Меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Македонија кога тоа е определено со закон. (Мое нагласување.)

Во Законот за Владата на Република Македонија нема одредба што предвидува надлежност на Владата за склучување меѓународни договори, туку закон во кој е определено кога Владата може да склучува меѓународни договори е Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори („Службен весник на РМ“ бр.5/1998).
Според истиот закон (член 3 став 2), Владата може, во име на Република Македонија, да склучува меѓународни договори со кои се уредуваат прашања од следните области: економија, финансии, наука, култура, образование и спорт, сообраќај и врски, урбанизам, градежништво и заштита на животната средина, земјоделство, шумарство, водостопанство, здравство, енергетика, правда, труд и социјална политика, човекови права, дипломатско-конзуларни односи, како и од областа на одбраната и безбедноста на државата, освен за прашања во врска со границата на Република Македонија, стапување во сојузи или заедници со други држави или за истапување од такви сојузи и заедници и други меѓународни договори, кои, според меѓународното право, ги склучуваат шефови на држави.

Оваа одредба е наведена во целост за да биде појасно во кои области Владата може да склучува меѓународни договори и за да се види дека во ниту една од наведените области (па ни во областа на безбедноста) не може да се вклучи прашањето за промена на името на Република Македонија. Исто така може да се види дека определувањето на областите во кои Владата може да склучува меѓународни договори во наведената одредба завршува со областа на одбраната и безбедноста и може да се види дека оваа одредба не е отворена за други области што Владата сама би си ги зела во надлежност за склучување меѓународни договори, а ни областите наведени во оваа одредба, а задржани само во надлежност на претседателот не ѝ даваат на Владата овластување да склучува меѓународни договори, по свое слободно наоѓање. Ова, затоа што Уставот бара со закон да биде определено кога Владата може да склучува меѓународни договори.

Бидејќи во Законот за склучување меѓународни договори не е определено Владата да може да склучува договори во врска со државните атрибути меѓу кои е името на државата, Ве прашувам: Има ли и кој е тој закон во кој Владата наоѓа овластување да склучи меѓународен договор за промена на името на државата и дали тој закон ви е преставен Вам или на некоја институција на ЕУ за да имате можност да ја оцените законитоста и Усавноста на постпаките на владата и премиерот Заев?

Мојата надеж, а и надежта на грото Македоници, во вербата во искреноста Вашите ветувања дека ке се прекине со непочитување на Уставот и законите беше уништена после противзаконското назначување за председател на собранието на г. Таљат Џафери, постапка којашто беше поддржана од Вас и од Европската унија. Тогаш одлучивме да прогледаме низ прсти на тоа безаконие, со надеж дека сепак ќе уследи некаков надомест, оправдувувајќи го ганстеризам како средство да се прекине опструирањето на формирање на влада. Сепак, таква постапка во демократска држава со Западни вредности никогаш не би можело да се смета за прифатливо. Затоа, Вие како Еврокомесар и човек кој израснал во демократска држава немавте друг избор освен да побарате нови избори наместо да го поддржувате и уважувате бандитизмот што се случи на 27 април 2018 година. Тогаш исправната насока на делување за Вас беше барате нови избори затоа што основното ветување на Заев дека нема да колаицира со криминалци беше прекршено, и затоа што тој продолжи да го прекршува Деловникот на собранието на РМ.

Би сакал во оваа пригода повторно да Ви подвлечам дека Вашите постапки и зборови имаат значење, и дека лош избор лесно може да придонсе до ескалација на проблемот што може да резултира во загуба на некој човечки живот. Најискрено верувам дека тоа не е ваша желба, иако како што веќе наведов погоре, почнувам сериозно да се сомневам во искреноста на Вашите мотиви. А, доколку сте човек кој искрено е загрижен за демократијата и ширењето на Западните вредности, тогаш треба да поразмислите кога човек како мене, човек толку голем верник во владеењето на правото и Западните вредности што бил подготвен да изгуби сѐ што има во име на истите—и е претставник на такви луѓе—се сомнева во Вашата искреност и Вашите мотиви. Затоа Ве молам првин да го проучите македонскиот Устав, да ги осознаете ингеренциите на председателот и владата, за тогаш да делувате како вистински представник на демократска Европа.

Понатаму, Вашата изјава дека Комисијата за проширување ќе постапи по прашањето на владеење на правото откако ќе отпочнат преговорите за прием на Македонија во ЕУ е целосно збунувачка. Вие веќе го имате поддржано насилничкото, беззаконско и чисто антидемократско назначување на Претседателот на собранието, а сега одозгора на тоа го уважувате овој нелегитимен договор во спорот за името. Како очекувате режим кој неколкунавратно добил зелено светло од ЕУ кога очигледно го прекршувал владеењето на правото да се трансформира и да се поправи кога научил дека може да работи како сака, со оглед на тоа дека сега ЕУ е позагрижена со преткнувањето на Путин, или позагрижувачки, е исклучиво посветена на истребување на последните останки на самосвеста, наместо со промоцијата на автентичната демократија и владеењето на правото?

Конечно, населението на двете страни на границата ја прими спогодбата склучена од страна на владите на Македонија и Грција со гласно негодување. И покрај Вашите „Dеr Standard“, веста за договорот помеѓу владите на Македонија и Грција не произведе добри чувства ниту еуфорија во Македонија, туку, напротив, произведе уште еден ракол во општеството и уште една криза. Како очекувате приемот на Македонија во ЕУ под такви околности да придонесе до повеќе мир и хармонија во регионот конкретно, и Унијата генерално? Гледајќи го незадоволството од овој нелегитимен договор на двете страни на границата, но особено на страната на потенцијалната нова земја-членка на ЕУ, се покренува логичното прашање: Qui bono [Кој е добитникот]? Слободата и демократијата се идеали засновани на принципот на меѓусебен добробит, додека обратното, односно, осуството на меѓусебна придобивка, е по дефиниција тиранија. Македонците очигледно не гледаат придобивка во договорот постигнат од нелегитимната влада на Заев и нивните колеги од другата страна на границата. Тие го сметаат Вашиот непристоен предлог за странски инвестиции и дискрециони фондови не доволно вредни за да се откажат од борбата започната од нивните пра-прадедовци и нивната 1.500-годишна традиција. Доколку сте човек посветен на Христа, можеби ќе разберете дека постојат нешта кои му се повредни на човекот одошто сите кралства на светот. За Македонците тоа е очигледно нивното наследство, нивната култура, нивното име. Тие страдале многу за време на изминатите шест века со цел да ги зачуваат овие работи. Кога ги покорил Турчинот, тие се преселиле во планините и се откажале од задоволствата на светот и придобивките кои прилегаат на животот на една од главните светски раскрсници, се цел да не се откажат од својата традиција и својата вера. Кога Грците и Србите го презеле камшикот од Турците и се обиделе насилно да ги асимилираат, тие се предале на тероризмот и активизмот. Кога дошле Комунистите, тие се предале на евангелизмот. И покрај сета пропаганда, дезиноформација, прогон и конфузија, Македонците никогаш не се откажале од она што се. Зошто мислите дека можете да совладате нешто толку природно и инстинктивно во македонскиот карактер со верувањето за фалсификуван, квази-буржуаски животен стил?

Како што Ви имам напоменато во повеќе наврати: ЕУ ѝ е потребна на Македонија од една и само една причина, да ѝ помогне да воспостави систем и традиција на владеење на правото. Македонија веќе има пристап до фондовите на Светска банка и ММФ; веќе има ниско-платежни работни места ос „странски инвестиции“; веќе е испразнета од нејзината младина и нејзиниот талент излезени во потрага по поголема плата. Македонија и нејзините чеда имаат потреба од истиот вид на помош што ѝ бил потребен во 1878, 1903, 1945 и 1991 година: да воспостави вистинска демократија. Доколку ова не е помошта која Европската заедница не е подготвена да ја пружи, тогаш ЕУ и нејзините органи треба со сета почит да си го спакуваат своето неомарксистичко ѓубре и да си се вратат таму од кај што дошле.

 

Со почит,

Јордан Петровски

Комитет за демократизација на Република Македонија

Претседател

Read 1600 times