ПРЕДАВСТВОТО НА ИЗРАЕЛ Е НАСЛЕДСТВОТО НА ИЗМАНИЧКАТА ПОЛИТИКА НА ТИТО

Пишува Душан Петровски

23.12.2017

 

Нов ден и нов гаф на македонската надворешна политика. Имено, владата на бившата југословенска Република Македонија повторно се испречи пред визијата на големиот патрон на македонската државност, Соединетите Американски Држави, и гласаше да ја осуди одлуката на претседателот Трамп да ја признае историската вистина дека Ерусалим е престолнината на еврејската држава. Застанувајќи против Израел и против САД, владата на БаЈРаМ застана против цивилизациските браќа на македонскиот народ, а во солидарност со оние коишто пет века крвта им ја пиеа на нивните прародители. За жал ова е позната пракса на одречување од свиоте корени, којашто во континуитет се применува во Македонија од наметнувањето на партизанската власт до денес, а поради што денес македонскиот народ цивилизациски заостанува пет века зад своите браќа Европејци. Приликата во која по којзнае кој пат македонската влада симултано си пука во сопствената нога и ѝ забива нож в’грб на државата која речиси осум децении се обидува да ја негува и закрепне нејзината државност—и најважно од сѐ, да ја вклопи во европското цивилизациско јато—ни дава поволен повод да се осврнеме на генезата на таквата самопогубна тенденција во политиката на „нашата“ држава.

Има голема вистина во зборовите на преданите кон ликот и делото на маршал Тито дека токму тој ни ја подарил државноста, та дури и ни дал за внатрешни потреби се крстиме по сопственото име, а притоа да го изоставиме нашето презиме, речиси две илјадагодишното Христијанско наследство. Да, Тито ни подарил штура дражава со шупло име, но времето докажува дека цената којашто ја плаќаме сиве овие години за таа зделка, што една шака луѓе во име на сите нас ја направиле со Лукавиот, била премногу скапа. Денес Македонија талка во буништето на цивилизираниот свет, обремента со неизвесноста за својот опстанок, не само како држава, туку и како поим; онеспособена да застане на цврсто тло. Секој ден во животот на Македонците е агонија. Не знаат кои се, од каде, а најмногу од сѐ, не знаат каде одат. Секој ден е отежнат со неизвесноста за тоа како ќе се обезбеди преживувачката. Секој ден е неизвесност, заради можноста не дај Боже да се искаже политички-морално неподобно мислење или да се покаже „држење“ на самоувереност. Македонците не знаат што е тоа здрав морал, и не знаат како да се ослободат од маките што им тежнеат. Тоа за нив впрочем е речиси невозможно, зашто осум децении тие се предводени од џганот на своето општество, од апсолутно неморални луѓе, бандити, коштаплери и љубоморници. Оваа гарнитура е поддржана од мускулот олицетворен во луѓето симнати од планина. Нивниот грев е можеби најтешкиот во оваа констелација, зашто овие кои го сочинуваат вториот ешалон на Србокомунистиочкиот решим се предавници на своите прародители—на оние кои се иселие од градовите и долините и избегале во дивотијата со цел да ја сочуваат верата кога земјата им била поробена од мохамединскиот душман. Македонците се предводени од луѓе коишто измамата ја возвишија на ниво на доблест, коишто, за да си ги олеснат своите гревови а и да го направат своето управување полесно, го присилува секој чесен Македонец да се приклучи во синџирот на корупцијата при тоа што ќе стане соучесник во нивните плукања во лицето на Вистината и во гробовите на сопствените предци.  Македонците веќе одамна не се во Чистилиштето, туку длабоко во Пеколот. 

Бившата југословенска Република Македонија е чедо на Титова Југославија. Таа во 1991 година, за жал не се роди како кулминација на четири-и-пол децениското геројско делување на измачените припадници на ВМРО-ПРАВДА (Слободна Демократска Република Македонија под патронат на Америка). Таа не е производ на идејата за Македонија – Швајцарија на Балканот: неутрална но пријателски настроена држава со крст на знамето. Напротив таа се створи како стратешка погодност на Србокомунистичките интереси како инструмент за зачувувањето на придбивките на Великосрпската политика. Оттука и генезата на самопогубната македонска надворешна (како и внатрешна) политика на неморал и лигаво измаништво мора да ја бараме во Титова Југославија.

Во оваа пригода издвојуваме извадок од разунавачка анализа на органите на надворешната политика на Соединетите Американски Држави за Социјалистичка Федеративна Република Југославија од 1971 година, 26 години во нејзиното постоење. На читателот му препорачуваме термините Југославија и Белград да ги замени со Македонија и Скопје, за да се увери дека сето она што го гледа денес е само верно продолжение на патот на Тито.

 

            Надворешна политика

17.       Во несигурна битка за опстанок со Истокот, но истовремено сомнителни кон западните намери и непријателски настроени кон западната идеологија, Тито и неговите соработници во 1949 година започнаа да трасираат уникатен југословенски пристап кон надворешната политика. До средината на 1950тите години, тие ја отфрлија пасивната неутралност од стилот практикуван од Швајцарците, и наместо тоа тргнаа да играат водечка улога на меѓународен план. Истовремено, тие одбија формално да се здружат со било која од големите сили. Така, Југославија, додека одбиваше да се врзе со било која држава, тргна во потрага по „активен соживот“ со сите. И така, Југославија, мала, назадна, и ранлива држава, лоцирана помеѓу два големи завојувани блока—и следејќи домашни економски и политички пракси омразени од обата—ќе потенцира одредени високи принципи на меѓународно однесување: обврските на богатите земји кон сиромашните; суверенитетот и еднаквоста на сите држави; правото на секоја држава да брка свои сопствени интереси без надворешно мешање; и неприфатливоста на употребата на сила во меѓудржавните односи.

18.       Со текот на времето, како што Југословените, со Западна помош, ги надминаа заканите за нивниот опстанок и отпочнаа да развиваат специфични линии на надворешна политика, Тито откри заедничка кауза со лидерите на други неврзани држави и отпочна кариера како истакнат виш државник. До средината на 1950тите години, Југославија се најде предмет на додворување и од Истокот и од Западот, обожуван од повеќето од Третиот Свет, и прифатен од светот воопшто како влијателен припадник на меѓународната заедница. Југословените (и Тито) беа неизмерно задоволни од сето ова и беа наклонети тоа да го гледаат како виндикација на нивните погледи па, можеби, и како потврда на нивната супериорна еминенција. Во секој случај, ефективниот југословенски нагласок на третосветската политика и независноста виз-а-ви СССР и САД несомнено поттикнаа чувство на национална гордост и кохезија. Ова беше особено полезно за режимот за време на раните 1960ти години зашто првичниот поттик за единство—стравот од СССР—брзо се повлекуваше.

19.       Секако, има и елементи на заблуда во југословенската политика и, кога прашањата се близу до дома и кога влијаат врз важни национални интереси, Југословените веројатно не се повеќе склони да делуваат од возвишен принцип одошто повеќето народи. Во целина, меѓутоа, југословенската политика е конзистентна со изразените објективи на неврзаноста. Во низа случаи позициите на Белград по едно или друго прашање беа многу блиски до оние на Москва, и има периоди—најзабележливо во раните 1960ти години, пред отстранувањето на Хрушчев—кога Советско-југословенските односи беа доста блиски. Тито очигледно сѐуште се самоидентификуваше повеќе или помалку со генералната советска идеологија; беше разумно оптимиситчки расположен дека Советите еден ден ќе ја прифатат доблеста, за себе си, на Титовиот пат; и беше подготвен на пригода (на пример, след унгарската револуција од 1956 година и след унилатералното прекршување од страна на Советите на мораториумот за надземно нуклеарно тестирање во 1961 година) да им прогледа низ прсти на Советите.

20.       Меѓутоа, дури и за време на зенитот на Советско-југословенското помирување, Југословените одржаа независна линија. Кога југословенската политика беше слична на советската, ова речиси секогаш беше производ на нивните специфични проценки, а не резултат на напорите да се удоволат советските позиции. Уште повеќе, подобрувањето на односите со СССР, обично беа поттикнувани од советските предигри и промените во советските, а не југословенските, ставови. И на некои прашања од исклучителна важност за Москва, вклучувајќи ја и политиката на Источна Европа, Југословените често застануваа во отворена опозиција.

21.       Иако го носи личниот печат на Тито, неврзаноста стана прифатена карактеристика на југословенскиот систем. Во Белград се гледа како исправниот и можеби единствениот издржан курс за независна Југославија. Мислењето е дека обезбедува голема флексибилност и преговарачка моќ и, под услови кратки од воени судири, прифатлив степен на безбедност виз-а-ви и Истокот и Западот. Се гледа како средство за зголемување на националниот престиж и како начин за здобивање на пристап и влијание врз Третиот Свет. И, конечно, колку што ја отсликува продолжената независност од Москва, се гледа како важен модел и инспирирачки фактор за цела советски-потчинета Источна Европа.

22.       Тогаш се чини дека само најсериозната закана за националната безбедност би го убедила Белград да ја напушти неврзаноста. Но исто така вистина е дека во неодамнешни години, след инвазијата на Варшавскиот пакт на Чехословачка, стравот од советските намери е еден од главните фактори кои го условуваат југословенското однесување. Впрочем, се чини дека никаде вон Прага настаните од август 1968 година немаа поголемо влијание одошто во Белград.

23.       Промената во ставовите на Белград беше дотолку повпечатлива, за време на 1967 и првите месеци на 1968 година, југословенската опрезност беше насочена кон Западните намери. Продолжените кавги со СССР—околу прашањето на интернационалната Комунистичка конференција и околу југословенските напори да ги обединат „прогесивните“ сили во областа на Медитеранот—имаа мало влијание врз затоплувачкиот тренд во Советско-југословенските односи. Од друга страна, распаѓањето на југословенските односи со Италија, превратот во Грција, и—најмногу од сѐ—Арапско-израелската војна беа протолкувани од Тито како доказ за американско-предводена завера против Југославија и против сите „прогресивни“ држави кои не припаѓаат на Советскиот блок.

24.       Но ова чудно толкување—коешто можеби не било целосно споделувано од Титовите полковници—не ја преживеа Чехословачката разврска. Југословенските надежи дека СССР ќе го толерира чехословачкиот експеримент (сметан во Белград на нешто слично на Титоизмот) и дека ова може да сигнализира генерално свртување кон добродушност во советските држења беа смачкани преку ноќ. Стравот дека Југославија (и Романија) може да се следни на списокот за окупација згрме низ највисоките сталежи на режимот и помеѓу општото граѓанство. Тогаш повторно СССР залича на примарниот непријател и националниот опстанок се чинеше под закана. И сред овој емотивен час, пријателите на Тито од Третиот Свет—Обединетата Арапска Република и Индија—одбија да се одречат од Советите и го отфрлија Титовото навестување дека ќе биде свикан трет самит на Неврзаните со цел да се разгледа проблемот.

25.       Сето ова отслужи да ги придвижи југословенските политички интереси уште поблизу до Западот. (Економски, престројувањето започна во 1965 година како последица на раснечката зависност на Југославија од Западните пазари и технологии.) Немаше драматично разидување со СССР, делумно бидејќи Советите не се осмелија да одговорат жестоко на југословенската осуда на инвазијата, и немаше ненадејно пореметување во односите на Белград со Третиот Свет. Но очигледно тогаш беше ставен приоритет на напорите да се зајакнат и прошират односите со Западот—првентствено со Италија и другите земји на Заедничкиот пазар, со Австрија, и со САД. Во исто време, Белград направи обиди, во главно успешни, да ги подобри односите со своите Балкански соседи, Романија, Албанија, Грција, и Турција.

26.       След 1968 година имаше впечатливо подобрување на Американско-југословенските односи, особено след минатогодишната посета на Претседателот Никсон. Југословените станаа отворени и пријателски настроени, кротки во однос на покренувањето на спорни прашања, и нестрпливи да развијат поблиски односи. Во голема мера ова може да се препипше на обновените грижи околу советските намери. Додатно, Белград делува како да го има ревидирано целокупниот курс на своите односи со САД след 1948 година, и заклучено дека американската симпатија и поддршка за југословенската независност е искрена—а не само површен и суштински привремен додаток на Американско-советските односи.

27.       Впрочем, целокупното скорешно југословенско престројување кон западна ориентација делува квалитативно различно од површински сличната ситуација од раните 1950ти години. Пред дваесет години, советскиот фактор речиси беше единствениот основ за соработка [помеѓу Југославија и Западот], и Тито, интелектуално и идеолошки, сѐуште гледаше на Југославија како на припадничка на Комунистичката заедница; Советите и нивните сојузници беа херетиците, а не Титоистите. Но овој пат, односите со Западот се засновани на многу поширока основа. Советската инвазија на Чехословачка се чини дека го шокирала Тито до степен на будење од неговата остаточна идентификација со советската доктрина и веројатно ја истребила последната надеж дека евентуално СССР може да се прекрсти во Титоистичкото просветување. Во секој случај, политички, економски, културно, па дури и идеолошки, Југославија веќе со години се приближува кон Западот, а се оддалечува од СССР. И овој процес се чини дека ќе продолжи во иста насока и во ерата след Титовото заминување. Дали на крај нешто југословенско ќе го преживее овој процес или—како што мнозина Југословени стравуваат—државата ефективно ќе биде претопена во Западноевропската матица, е секако, прашање на претпоставка.

28.       Додека Југословените ќе продолжат да го одбиваат присоединивањето со НАТО, Белград дава на јасно дека се надева наскоро да развие ненаметлива, но релативно длабока воена соработка со Западна Европа, особено со Италија. (Фус: Исто така му беше пријдено и на Вашингтон. Заменик-министерот за одбрана Долничар поднесе ограничена шопинг-листа и изрази интерес во обучување на југословенски офицери во американските воени училишта како и за низа различни размени и спогодби.) Нејзиниот интерес во моќта на НАТО—како и на нејзините стари сојузници од Балканскиот пакт—ја доведе дури и до надминување на нејзните длабоки резервации околу актуелниот режим во Атина и да ургира во Бон да им продаде воени материјали на Грција и Турција.

29.       Односите со СССР останаа коректни иако напнати за време на овој период. Но, не изненадувачки, Кремлин стана сѐ повеќе раздразнет со домашната и надворешната политика на Белград и е подготвен да го изрази тоа чувство, но со доза на воздржаност. Од своја стана, Југословените остануваат уплашени од она што тие го толкуваат како назаден тренд во развојот на Варшавскиот пакт и се вознемирени од доказите дека Советите се обидуваат да ги воспалат и експлоатираат нивните внатрешни тешкотии. Нивните коментари по овие прашања во скорешно време значително се зголемија како во обем така и во огорченост—доколку продолжат на актуелново ниво, одржувањето на коректните односи [помеѓу Белград и Москва] ќе биде навистина тешко. Во обид да го максимизира обединувачкото влијание од стравот од советските намери врз југословенското население, можно е Белград во овој случај дури и да дозволи отворен распад на своите односи со Москва.

30.       Држења кон Блискиот Исток.      Југославија се гледа себе си како важна политичка сила во медитеранскиот свет и низ годините активно се занимаваше со борбата на арапските држави за отстанување на колонијалното присуство. Беше жесток поддржувач на Националниот ослободителен фронт (ФЛН) за време на Франко-алжирксата војна, беше меѓу првите и највокални поддржувачи на Египет, се декларираше себе си целосно на страната на Арапите за време на Јунската војна, и почесто одошто не, се наоѓа себе си во опозиција на американските гледишта во однос на овој регион. Така, додека Југословените понекогаш ги советуваат милитантните Арапи да настапуваат со умереност и предупредуваат од преголемата зависност од СССР, тие следат политика во регионот којашто често оди во прилог или се совпаѓа со политиката на Советскиот Сојуз.

31.       Меѓутоа, во поскоро време, Југословените почнаа да ги преиспитуваат своите интереси. Тие во никој случај не станаа поддржувачи на САД. Но сѐ повеќе стануваат бојазни дека евентуалните обновени Арапско-израелски непријателства можат да испровоцираат Американско-советски судир; тие станаа донекаде обезверени во арапското единство; и стануваат сѐ позагрижени дека СССР ќе се здобие со премногу моќна позиција во регионот. Највеќе од сѐ, Југословените сега би сакале Големите сили целосно, со сѐ нивните флоти, да се повлечат од Средоземното Море. Меѓутоа, кратко од тоа, тие делуваат примарно заинтересирани во охрабрувањето на некакво помирување помеѓу Западот и арапските држави, и имаат сугерирано на Каиро дека би било од интерес на Египет да работи кон оваа цел.

 

Следејќи го историскиот развој на просперитетните држави и богатите народи, лесно можеме да заклучиме дека основен столб на нивниот успех е ослонувањето на мудроста на старите. Нашата Јудео-христијанската вера—чијшто Христ е Еверин и чијшто Старо Писмо е еврејската Тора!—го има зацементирано овој постулат во основните десет правила за животот. Мудроста на старите нѐ учи дека девојките со лесен ум и лабав морал, девоките што го бркаат моменталното сензуално задоволство и ги задоволуваат најосновните нагони без да размислуваат на долгорочните последици за своите постапки на крај остануваат означени како пачаври и ороспии и умираат огорчени, депримирани стари девојки, Баба Роги—често обременети со копилиња. Македонската Титовистичка надворешна политика на кокетирање де со еден, де со друг пастув во име на задоволување на моменталните страсти и краткорочни нагони, ја остава бившата југословенска Република Македонија во позиција на селска пачавра. Но, нејзината надворешна политика е само одраз на нејзиниот внатрешен карактер. Тука зборуваме за карактер дефиниран во рамките на кодошењето, иследувањето, соучеството во завери, одречувањето од вистината—од денунцирање на нејзиното истражување и од осуда на нејзиното пропагирање. Зборуваме за праксата на плукањето по оние кои одбиваат да се приклучат во синџирот на корупцијата, како метод со кој прокварените си ја докажуваат на својата лојалност кон режимот што ги пљачка. Зборуваме и за изопачувањето на историјата низ протегањето на лагата дека Македонците од секогаш биле кодоши—нешто што е апсолутна лага. Тие станале кодоши како производ на државништвото на Тито.

Како и нејзиниот неодговорен параспурски родител, изгледите за долготраен опстанок на оваа држава не се многу убедливи, особено доколку претстедателот Трамп го одржи својот збор дека ќе престане со финаниската помош на оние кои му го свртеа грбот. Врпочем, бившата југословенска Република Македонија беше створена како стратешко решение чија што времена потреба сѐ повеќе се губи: Србија веќе не војува (иако се наоружува), па врз неа нема режим на санкции; а ВМРО (физички) повеќе или помалку е целосно уништено. Оттука, логично е таа да ја снема во текот на догледните години. Но тоа можеби и нема да толкава голема трагедија, зашто таа, ваква каква што е, не е дом на Македонците, туку нивна отворена зандана—масовен логор за превоспитување и за униптување на вродениот морал што е всаден во секој од нас. Бодењето на ножот в’грбот на Израел, е бодењето на ножот во грбот на македонскиот интегритет.

Read 1528 times