Пишува Душан Петровски 14.11.2017
Признавањето на сопствената одговорност е антиетична на комунистичкиот менталитет. Напротив, барањето на изговори за своите пропусти е нивната главна преокупација. Покојниот американски сенатор и ловец на комуњари од раните денови на Студената војна, Џозеф МекКарти, во едно негово познато обраќање до јавноста мудро заклучил дека ако приврзаникот на комунизмот биде убеден дека е граѓанин на светот, тогаш ќе биде многу полесно тој да се претвори во предавник на сопствениот народ.
Ние Македонците сме сведоци на вистината на оваа мудрост веќе цел век, ако не и повеќе. Предавниците на македонскиот народ, таканаречените интернационалисти роварат помеѓу нас уште од деновите на Младотурската револуција, но сѐ повеќе во годините откако до власт се дограбуваат Болшевиците во Русија. Во дваесетите години на дваесеттиот век тие почнуваат со разнебитувањето на ВМРО и обидите Организацијата да се стави во услуга на Комунистичката интернационала и со формирањето на петоколонашката ВМРО Обединета.
Крајот на Втората светска војна конечно им дава можност на „интернационалистите“—колку звучи ова странски и модерно—да се докрепат до власт и во (Вардарска) Македонија и да почнат со систематското уништување на македонскиот национален дух—проект започнат со т.н. османизација од Малдотурците, а продолжен со србизацијата за време на кралска Југославија. Периодот од 1945 година навака е време на системот на негативна селекција—односно на духовна корупција—којшто им дозволува да напредуваат само на празноглавите, неспособните, љубоморните, и ограничените—односно оние кои се спремни децата да си ги продадат за да се докрепат до некаква позиција на моќ и престиж.
Таков еден кадар е и професор-доктор (!?) Мирјана Најческа, за која порталот Журнал јавува:
Големиот фан на СДСМ и Шарената револуција целосно одлепи. Во својот пост на Фејсбук, Најчевска целосно го негира македонскиот национален идентитет со зборовите:
“Не сум Македонка, туку Земјанка. Време е ние Земјаните да го дигнеме гласот против сите патриоти и патриотчиња, знамепоклоници и идолообожавачи”.
Најчевска завршува со страшна порака кон македонскиот народ:
“Нациите се изживеана работа”.
За „Земјаните“ како Најческа, „нациите се изживеана работа“ зашто гагата денес доаѓа од каналите на интернационал-социјалистот Сорос. Дека Најческа ги крои своите ставови по потреба на времето зборува фактот што таквиот став во Титова Југославија (след 1948 година) би ѝ заслужил одмор на море, на островот Голи Оток, со сѐ курс по превоспитување. Но, тогаш во духот на југословенскиот национал-социјализам, а со цел да напредува во системот, „Земјанката“ Најческа била верен Југословен—во предавство на идејата која ја застапувал нејзиниот информбировски татко.
Дека кроењето на ставот по потрба на условите е согласно духот на југословенскиот комунист говори следниов извадок од историјата на Сојузот на комунисти на Југославија:
Пета земаљска конференција КПЈ
Од највећег значаја за припреме које је КПЈ предузимала у циљу оспособљавања за наредне историјске задатке који су се налазили, била је Пета земаљска конференција која је одржана од 19. до 23. октобра 1940. године у предграђу Загреба.
Основни закључци су били да је конференција разрадила политичку линију КПЈ у условима Другог светског рата. Партија није долазила у сукоб са Коминтерном али је слободније тумачила њену генералну линију, анализирајући националну стварност. (Извор: Историја на СКЈ)
Откако Комунистите се докрепиле до власта во Југославија благодарение на Комунистичката Интернационала, и кога пресметале дека Советскиот Сојуз повеќе не им е потребен, а американската гага е помрсна, тие станале националисти. Но во сето тоа една работа останала постојана: македонскиот национализам секогаш бил на мета. Па така денес, кога е потребно да го стават последниот клин во ковчегот на македонската народност, тие национализмот го прогласуваат за „превазиѓена ствар.“
Најческа и нејзините приврзаници, постојано се користат со некакви празни фрази и жаргони коишто треба да ја сигнализираат нивната напредност—„прогресивност“—но во суштина ја издаваат нивната игнорантност и детинетост. Тие како второодделенчиња зборуваат за свет без граници, без војна, и кадешто сиромаштијата се лечи преку печатењето пари, но како второодделенчиња го немаат капацитетот да ги разберат овие концепти! Да разберат зошто постојат границите, да согледаат дека во вистинскиот свет војната е секојдневна реалност, дека парите не се решение за сиромаштијата.
Нејзиното истапување против национализмот, односно традиционализмот, го издава нејзиното апсолутно непознавање на историјата на човековата цивилизација, а уште помалку на механизмот на економскиот, културениот, и општествениот напредок—а оттука и нејзината целосна неспособност да резонира. Најтврдокорно националистичка, т.е. традиционалистичка нација на светот се Евреите, коишто и покрај речиси универзалната омразеност којашто ги следи со илјадници години, сочинуваат невообичаено висока порција од најмоќните и најбогатите луѓе на светот. Зошто е тоа така? Зашто е Евреите се грижат за своите работи, за своите деца, за своите домови. Евреите, каде и да се на светот, се Евреи.
Нацијата е продолжение на семејството, и тоа не теоретски, туку фактички. Народот дели одредена доза на ДНК, но уште повеќе, споделува заедничка традиција и заедничко минато. Нацијата, како и патријархијата, не произлегла од нечиј каприц, туку од практичната потреба, пред сѐ и над сѐ, за опстанок!
Во спротивно, не постои случај во историјата каде што нација којашто се откажала од својот идентитет, односно којашто се откажала од должноста за обезбедување на својот опстанок, го преживеала првиот напад од своите непријатели, или првиот наплив на мигранти. Американските Индијанци биле „Земјани“ коишто живееле близу до идеалот на Најческа, и знаеме каде се тие денес. Евреите каде и да се на светот се Евреи, а Најческа во својата домашна држава е „Земјанка.“ Затоа што таквите апсолутни неодговорници како неа се во позиции на одговорност во македонската држава, таа држава живее како питач, изгубена во времето и во просторот.
Општеството е сериозна работа, за сериозни луѓе. Во еврејската традиција „добриот човек“ е сериозниот човек („Меншч“). Сериозниот човек е оној што ја разбрал суштината на светот, и кому му е јасно дека неговата должност во животот е одговорноста кон неговите деца—што неминовно значи одговорност кон неговото минато. Традиционализмот означува благодарност кон оние што нѐ створиле и нѐ исчувале, но означува и скромност дека ние не сме сѐзнаечки, зашто светот е премногу голем, неговата историја неверојатно долга, а човечкиот живот е краток и човековата способност да научи сѐ од ништо во рамките на еден живот е невозможна.
На Најческа ѝ пречи национализмот, затоа што тој е природна појава, како љубовта на родителот кон детето и обратно. На Најческа ѝ пречи национализмот, затоа нејзе и нејзиниот вид им пречи сѐ што е природно, зашто природата е вистината, а тие живеат во свет на фантазија. „Земјаните“ како Најческа го денунцираат традиционализмот затоа што тој е заснован на реалноста: дека без работа нема ручек, дека без подоготовка нема одбрана, дека без дисциплина нема цивилизација. Тие бараат способните и работливите луѓе да го споделуваат заработеното со мрзешливите, со цел да тие („Земјаните“) не се мачат да работат—туку да седат на нивните чардаци, да си го сркаат кафето, и да им попуваат на овие што ‘рмбаат како да ги трошат плодовите на својот труд. Тие сонуваат за „мир на светот, крај на војната, и свет без граници“ за да не треба да се замачат да ги извршат поготовките кои се потребни за самоодрана. Тие измислуваат секакви глупави фрази, како „токсичната мажественост“ за да си ја оправдаат својата мрзешливост да креваат товар. Тие ја мразат традицијата зашто таа вели дека параспурлукот, расипокуќништвото, сексуалната распуштеност, негрижата за своите деца, м’рзата, и дрогирањето, и сличните антиопштествени појави се штетни за здравјето на заедницата. Од такви ’рѓи човек не бидува—а тие сакаат да раководат со општеството.
Денес, кога екстремниот исламизам лудува по светот, и кога околу една петина од населението на Македонија е муслиманско, и кога земјата е запоседната од неброени илјадници таканаречени мигранти, исто така од исламска вероисповест, „Земјанката“ Најческа го денунцира единствениот одбрамбен механизам: национализмот. Веќе рековме дека „Земјанката“ Најческа нема никаква врска со реалноста и со историјата, ниту со резонирањето, па затоа таа неможе да ги поврзе работите и да помисли дека еднаш Македонците ја направиле грешката да им дозволат на азијатските муслумани да ја запоседнат нашата земја, и дека резултатот на таквиот пропуст било петвековното турско ропство—затоа што и умерениот ислам проповеда доминација врз немуслиманското население. А зарем треба да потсетуваме за територијалните претензии на нашите соседи и нивната желба македонската нација да исчезне од картата на светот?
Таквите како Најческа—но и лидерот на партијата којашто таа ја поддржува, Зоран Заев—практичните луѓе во редовите на нашите непријатели ги сметаат за корисни идиоти. Луѓе коишто го разводенуваат националното ткиво, луѓе коишто ги отвораат портите на странските осовојувачи—поробувачи—а сѐ со цел да покажат дека тие се најпаметните и најсовремените. „Земјанката“ Најческа го денунцира национализмот затоа што во спротивно, таа треба да одговара за делото означено од сериозните луѓе како најтежок прекршок што еден човек може да го стори: предавството на сопственото племе.
***
Ќе ве оставиме со белешка од досието на „Младонационалистот“ Кире Мојсовски од декември 1969 година. Белешката е Изјава дадена од неговиот другар Илко Наумовски, како дел од „расчистувањето“ со една група средношколци коишто се понеле по идејата за независна обединета македонска држава. Од неа се гледа системскиот пристап на службата на државната безбедност кон прашањето на македонскиот патриотизам, но и маката на системот да ја уништи оваа сосема природна појава.