ЛАГИТЕ И МАНИПУЛАЦИИТЕ ЕДИНСТВЕНИ АРГУМЕНТИ НА РИЗАОВ И АНДОВ

Јордан Петровски
28.08.2016

Деновиве се води полемика околу одлуката на Управниот суд за поништување на решенијата за лустрирање на дваесетина лустрирани лица.  И како што е обичај во Македонија, ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ  работници во медиумите и ЕКСПЕРТСЛУГИТЕ, наместо да укажат каде е вистинскиот проблем  ЗА НЕУСПЕХОТ НА ЛУСТРАЦИЈАТА, тие со написите и мислењата уште еднаш потврдија дека тие заедно со УДБа се најтврдокорните бранители  на Тоталитарниот Едноумен КОМУНИСТЧКИ Систем. Потврдија дека УДБа не погрешила во изборот ниту на ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ работници во медиумите кои ни ги подментуваат како независни новинарските пера, ниту на оние на кои им давала врвни места во политиката и во Граѓанските Здруженија, формирани за “заштита на човековите индивидуални права и слободи.

 
 
Лага прва!!

Андов вели:
 
-“Потсетувам дека зимата 2005-2006 година постоеше развиена активност за поттикнување на иницијативите за донесување на закони за лустрација во земјите во бивша Југославија и од тие средби и активности добивме препораки како да се уреди тоа прашање. Тие препораки беа основа и за изготвување на законот што го предложив. Тие активности меѓу другото беа под покровителство на Советот на Европа.”
 
Препораките кои ги дал Советот на Европа се во Резолуцијата 1096 а законот во форма во која беше предложен од Стојан Андов буквално нема допирна точка со Резолуцијата 1096.
Резолуцијата јасно ПРЕПОРАЧУВА, Судски Процеси, бидејки во ДЕМОКРАТСКИ држави непостои друг начин за утврдување на вина. Андов, по веке којзнае колку пати употребениот комуњарски трик, ако несакаш да се заврши работата, формирај комисија, во законот предложи лустрацијата да ја врши комисија.
 
За да се уверите во вистинитоста на моето тврдење ке го цитирам Членот 7 од РЕЗОЛУЦИЈАТА 1096:
 
„Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“
 
Од погоре цитираниот член ако Андов а се разбира власта предводена од Груевски имале вистинска желба да спроведат лустрација и со тоа ја отстранат основната пречка за НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ, бидејки национално  помирување следи откако правдата првин ке е воспоставена. Правдата неможе да биде воспоставена без обзнанување на злосторите и казнување на злосторниците на комунистичкиот систем кој во Макееонија е на власт од 1945 па до ДЕНЕСКА!! Значи членот 7 јасно говори дека немало потреба од никакви посебни закони, никакви комисии кои ке го подготвуваат законот за лустрација, едноставно власта требала да го инкорпорира членот 7 во Македонското законодавство и понатака лустрацијата да се одвива во Суд, институција која единствено е надлежна да утврди дали некој е виновен или не.
 
Лага втора!!
 
Томе Аџиев и членовите на комисијата се виновни за ваквата лустрација. Оваа лага е заедничка  на Андов и Ризаов.
 
Комисијата за лустрација според законот требаше да ги пронајде СОРАБОТНИЦИТЕ на службата. Ако некој ги прочита Решенијата на комисијата и приложените извадоци од досиеата на лицата кои се лустрирани ке дојде до заклучок дека сите до еден биле СОРАБОТНИЦИ на Службата. Кај сите стои дека СОРАБОТУВАЛЕ.
Еве неколку примери:
 
Растислав Терзиоски:
 
Соработникот “БАРБАРОС” е ангажиран по МНС во ИНИ-Скопје . Во текот на соработката покажал солидни резултати.
 
Божин Павловски:
 
Со ПРОЗАИСТ е договорено и во иднина да ги прифаќа средбите и разговорите со овој и со други ПОО-а и интерсни лица од позиции на либерализам а добиените безбедсносно интересни сознанија и материјали благовремено да НИ ги презентира и достави на увид.
 
Стефановски Мирослав:
 
Стефановски Мирослав од 1978 година на зиво на оперативна врска по линија на МСН и тоа за следење на безбедносно интересни појави и состојби во културните средини, односно книжевните од каде се манифестира непријателска активност ….
 
Од оваа произлегува дека вината, ВИНОВНИКОТ треба да ја бараме на друго место а тоа друго место е Андов, Владата, Собранието, Уставниот Суд!!
Комисијата неможе да утврдува дали СОРАБОТНИЦИТЕ ја говореле вистината, дали извештаите кои ги давале соработниците биле невистините, поточно дали измислувале лаги, случки со кои му нанеле штета на “кодошениот”. Тоа е работа на Суд!!
 
Затоа во членот 7 од Резолуцијата стои: ….“КАЗНИВИТЕ дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим”
 
Можеби сите извештаи кои ги дале гореспоменатите биле вистинити!!  Дали во тој случај постои суд кој ке ги осуди, НЕ!! Нема таков суд во демократска држава. Некој можеби ке ми приговори, па и ако ја кажал соработникот вистината и му нанел штета на “кодошениот” како може да не биде виновен.
 
Тука се крие монструозноста на комунистичкиот систем. 99,99% од прогонуваните, судените во Македонија се прогонувани и судени како идеолошки противници на КОМУНИСТИЧКОТО уредување и противници на опстојувањето на Вардарскиот дел на Македонија во федерацијата на Југославија, но во обвиненијата секогаш стоело насилно уривање на Југословенскиот уставен поредок и ванчомијахловизам. Иако немало ниту еден доказ и за двете обвиненија.
Сите тие луѓе патот до промената на КОМУНИСТИЧКОТО уредување и ОТЦЕПУВАЊЕТО од Југословенската федерација го планирале на мирољубив начин, бидејки тоа и уставот на Југославија им го гарантирал.  Значи сите 22 илјади осудени на долгогодишни затворески казни биле НЕВИНИ!! Сите 14 илјади и кусур следени биле без основа следени.
Истата практика на прогон на ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ неистомисленици продолжила и после носењето на новиот Устав 1991 година во кој е  прифатен повекепартизмот во Македонија.
 
Лага трета:
 
-“Разликите меѓу Југославија и земјите зад „железната завеса“ беа добро познати и на Запад и на Исток.”
 
Ако Југословенскиот комунистички систем бил поразличен од останатите комунистички системи Советот на Европа тоа во резолуциите ке го НАГЛАСЕЛ. Па сигурно во Резолуциите на Советот на Европа на мерки за отстранување на наследството на поранешнитe комунистички тоталитарни системи ке стоело дека Резолуциите не се однесуват на Југословенскиот КОМУНИСТИЧКИ систем и затоа ДРЖАВИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГЛЕ со распадаот на Југославија не треба да спроведуваат лустрација.
 
Историскиот фалсификат со Законот за лустрација се криеше во обидот Македонија и Југославија да се изедначат со режимите на Исток, Русија, Источна Германија, Албанија, Романија, Бугарија,Чехословачка, Полска…. што е далеку од вистината и од историските факти.
 
 
[Image: masovni-grobnici.jpg] 
За Ризаов и Андов, убиените без судски одлуки во Македонија, бројката не им се знае, но е далеку над илјада!! Дваесетикусурте илјади осудени на затворски казни со лажни докази, исто така во Македонија, близу деветнаесте илјади ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ НЕСИТОМИСЛЕНИЦИ следени од Службата во период 1945-1998 година исто така во Македонија е показател за хуманоста на комунистичкиот систем кои за жал остана до ден денешен а според онаа што се случува, поточно кои се луѓе се во политиката и медиумите, ке остане и понатака. 
Ако овие бројки според Ризаов и Андов се недоволни за да Македоскиот комунистички систем биде прогласен за злосторнички што ли требело да се случува во Македонија? Да течат реки крв, училиштата да бидат претворени во затвори, тоа ли за Ризаов и Андов и нивните соистомисленици е злостор??
 
Југословенаскиот КОМУНИСТИЧКИ систем според истражувања за тоа која држава со комунистички систем има најмногу ликвидирано свои идеолошки противници надвор од државата, дошле до заклучк дека Југославија има извршено најмногу ликвидации надвор од Југославија на политичките и идеолошките неистомисленици.
 
 {youtube}https://www.youtube.com/watch?v=S1gWELZ7YJU{/youtube}
 
Деновиве една таква ликвидација доби и судска завршница во Минхен, челните луѓе на Хрватската Тајна Идеолошка Полиција, Мустаќ и Перковиќ добија казна доживотен затвор заради тоа што тие издале наредба да се ликвидира политички противник на комунистичкиот систем кој добил азил во Германија. Но тоа не е се, во Германија по се ке бидат поведени уште 22 судски процеса. Тое е јасен показател дека во државите кои настана од распадот на Југославија сеуште  вистинската власт е во рацете на луѓе од структурите на Тајната Идеолошка Полиција.
Дека во Македонија власта е сеште во рацете на Тајната Идеолошка Полиција несоборлив доказ е фактот дека и после Референдумот за осамостојување и носењето на новиот Устав, Тајната Идеолошка Полиција продолжила со Југословенската комунистичка практиката на прогон на ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ противници, па така отворени се близу 4 илјади досиеа. Продолжено е со  НЕУСТАВНАТА практика министерот на полиција да потпишува решенија за прислушкување на луѓе, продолжено е со практика законите да се објавуваат во посебен ТАЕН службен весник ….. се до 1995 година ДБК користи закони од Југословенското законодавство.
Уставниот суд за да го сокрие продолжувањето на користење на Тајната Идеолошка Полиција како чувар на комунистичкиот тоталитарен систем и после 1991 година донесе  мислење со која лустрацијата за период после 1991 година е неуставна. За да го поткрепи таквото мислење Уставниот суд побара и мислење од Венецијанската комисија  но во барањето на мислење Уставниот суд направи флагрантен фалсификат, имено не беа наведени фактите дека и после 1991 година и носењето на нов Устав, Тајната Полиција 1992 година носи Уредба за работа на СДБ која е спротивна на уставот и така со таа уредба продолжува со практиката на прогон на ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ неистомисленици.
На интервенција на Kомитетот за Демократизација на Македонија со седиште во Канада, Секретарот на Венецијанската Комисија, бидејки комитетот неможе да бара официјално мислење од Венецијаската комисија,  Томас Марктерт на кого му беа предочени пропустите кои свесно ги има направено Уставниот суд во барањето од Венецијанската комисија даде толкуање дека ако Венецијанската комисија ги знаела тие елементи, водење на досиеа, неуставно прислушкување, објава на закони во таен службен весник, …. мислењето на Венецијанската комисија ке било дека: ВО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ СПРОВЕДЕ ЛУСТРАЦИЈА И ЗА ПЕРИОД ПОСЛЕ 1991 година.

Лага четвртa

 
Словенија изнесе докази дека во областа на тајните служби во таа земја лустрацијата веќе е спроведена
 

Во Словенија не е спроведена лустрацијата!

 
{youtube}www.youtube.com/watch?v=mit4VRcCJ0U{/youtube}

Имаше обид во Словенија да се спроведе лустрација со поднесување на Кривична пријава против  Митја Рибичиќ

 
U maju2005. godine Državno tužilaštvo Slovenije podnelo je tužbu protiv Mitje Ribičiča koja ga tereti za zločine nad civilnim stanovništvom, odnosno za genocid. Optužnica je zasnovana na dokumentima koje je potpisao Ribičič, a odnosi se na likvidacije 234 ljudi, koji predstavljaju samo deo žrtava, koja je naredila OZNA u proleće 1945. godine nakon završetka Drugog svetskog rata. Nekoliko meseci kasnije, uprkos dokazima i svedočenjima, sud je odbacio optužbe zbog nedostatka dokaza.
 
Во Македонија, JO и двете кривични пријави против челните луѓе на МВР и ДБК беа отфрлени заради застареност. Застареноста во Македонското судство е алатка за  спасување на казнување на злосторниците кои се под заштита на Тајната Идеолошка Полиција. Имено во првата кривична пријава за да делото биде прогласено за застарено и по релативен и по апсолутен рок, канзивоста на делото Јавниот Обинител ја свел на три месеци. Во вториот случај циркузијада била појасно изкажана, ЈО првин прогласил релевантна застареност бидејки по негова проценка од последната службена белешка поминале десет години.. таквата одлука му направила проблеми на истражниот судија во постапката заради тоа што делото со одлуката на ЈО не било апсолутно застарено па морале да се променат троица судии за да се најде судија кој ке донесе решение дека делото било казниво со максимална казна од три години и така го реши проблемот на системот. Нема СУДЕЊЕ. Ако имаше судење по двете кривични пријави ке се откриа злосторите на Комунистите, ке се откриеше дека комунистичките партии СДСМ и ДПМНЕ се злосторнички здруженија и дека повекепартизмот во Македонија не постои, односно дека повекепартизмот е повторно Комунистичка измама.  

 
{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=poQoo03gSjs{/youtube}
 

За крај, зошто Андов кога го правел законот не побарал мислење од Венецијанската комисија. Зошто владата и собраниските комисии не побараа мислење од Венецијанската комисија.

Зошто општествено ПОЛИТИЧКИОТ работник, Ерол Ризаов не укажувал дека законот не е во склад со препораките на Cоветот на Европа кога Андов го подготвувал законот. Зошто општествено ПОЛИТИЧКИОТ работник, Ерол Ризаов кога беше донесен законот за слободен пристап до досиетата не укажал дека Републичкиот Јавен Обинител има ОБВРСКА да покрене истрага против носителите на фунции во МВР кои ги злоупотребиле своите функции!!

Во одговорите е и причината зошто Македонија се наоѓа во оваа состојба денеска.

Да потсетам со видеото подолу кој и зошто недозволува лустрација и да укажам на уште една работа, поточно да побијам една лажна теза на СДСМ овците а таа е дека ДПМНЕ е фашистичка!! Ако ДПМНЕ е фашистичка или пак ДЕСНИЧАРСКА таа ке спроведеше лустрација според препораките на Советот на Европа со тоа ке постигнеше две работи , ке го пратеше во Идризово врвот на СДСМ и ке ја забранеше СДСМ, повикувајки се на причините со кои во Латвија е забранет налседникот на комунитичката партија на Латвија, закон кој според Венецијанската комисија е во ред. 
 
{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=iHArsftZ7cQ{/youtube}