Мракот ке трае се додека не се расветли минатото, барем она од 1990 па навака, а минатото неможат да го расветлат луѓето од минатото, луѓе кои се творци на тој мрак
Јордан Петровски 05.07.2017
Владата во својата програма 3-6-9 го ставила и законот за јазици:
Гледам од програмата дека владата ке бара мислење и од Венецијанската комисија, а тоа барање по се ке послужи за амајување на народот. Велам замајување бидејки во програмата на владата 3-6-9 е и планот на владата за реформа на УБК а според онаа што стои во планот за реформа на УБК , реформа вистинска ке нема!!
Реформа на УБК дали е можна ако во планот за реформа недостасуват најбитната работа за да конечно успее реформата на УБК а тоа се ЛУСТРАЦИЈАТА!! Да потсетам на ветувањето кое го даде потпреседателката на СДСМ госпоѓа Ременск, ветување дека лустрацијата МОРА да се возобнови и тоа според Резолуциите 1096 и 1481 на Советот на Европа молчи!!
Па еве вака јавно ја прашувам потпреседателката на СДСМ госпоѓа Ремениски, дали таа учествувала во подготовка на програмата?? Ако не учествувала зошто била измена од учеството, сепак таа вонреден професор на Факултетот за безбедност!, значи дека е стручна за проблематиката. Ако учествувала дали ја предложила лустрацијата како мерка за реформа, без која нема реформа на УБК. Ако ја предложила кое е обрзложението заради кое не била прифатена лустрацијата од останатите членови на работната група.
Бидејки владата ке бара мислење за законот за јазиците од Венецијанската комисија не ке е лошо да побара и мислење од Венецијанската комисија за тоа дали треба да се спроведе лустрација и за период после 1991 година. Да потсетам на нешто многу битно. Уставниот суд на чие чело тогаш беше господинот Бранко Наумовски побара мислење од Венецијанската комисија но во барањето ги сокри битните елементи. Имено господинот Наумовски во барањето за мислење од Венецијанската комисија не навел дека во Р. Македонија после носењето на новиот Уставот од 1991 година, се продолжило со прогон на идеолошки противници, се отворени неколку илјади досиеа и тоа на ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ неистомисленици на тогашната власт. Не навел господинот Наумовски дека прислушкувањето на лицата кои биле следени се вршени НЕУСТАВНО. Уставот во :
Член 17 вели:
Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.
Само врз основа на ОДЛУКА НА СУД може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.
Значи телефоните на лицата се прислушкувани без судски налог, прислушкувани се само со решение за прислушкување кое го потпишувал министерот на МВР!!.
Господинот Наумовски не навел дека законите , правилниците, уредбите според кои е правен прогонот на луѓетто од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини не биле објавуван според Уставот,
Член 52
Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.
Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.
Туку биле објавувани во Посебен Службен Весник на РМ достапен само до државните органи (меѓу кои и Уставен Суд), но не и до јавноста?
Господинот Наумовски не навел дека дека откатко беа отворени досиеата во 2000. год. Јавното Обвинителство не превзеде никакви мерки во однос на кршењето на човековите и уставни права во однос на овие досиеа? Господинот Наумовски не навел дека кривичните дела кај скоро сите, за тоа говори отфрлањето на кривичната пријава на господата Блажо Стојановски и Атанас Лефтеров кои биле следени до 2000 година а поднеле кривична пријава во 2001 година, кои биле сторени со водењето на досијеата биле застарени уште при самото отворање на досијеата, при што оштетените немале можност да бараат законски лек?“ Такавата можност за застареренот лежи во замката во законот која остава на Јавниот Обинител без судска постапка да оцени колку делото е казниво и врз база на тао да одлучи како во случајот кај господата Стојановски, Лефтеров дека казнивоста за НЕУСТАВНО прислушкување е ТРИ МЕСЕЦИ!!