Злате Мирчевски 03.12.2016
Ако во 2013 потегот на тогашниот лидер на сдс-м Бранко Црвековски да ја обедини цела опозиција за локалните избори се покажа погрешен од икс прични, според мене не беа клучни причините само обединување на левицата и десницата , туку имаше и други лоши потези на таа коалиција. Други причини кој доведоа до лош резултат а не самото обединување на леви и десни. На пример бетон позицијата, не одиме на избори, па одиме, па Стевче Јакомовски го напушти широкиот опозициски фронот, други превирања,сомнеж кај левите дека десните ке бидат главниот кривец за лошиот резултат,недовербата,недовербата ради длабока идеолошка поделеност и омраза леви кон десни, ова не значи дека цел сдс-м не ги почитува десните или популарно кажано меѓу народот ВМРО-овци, но има сеуште структури во сдс-м кој на десничарите во Македонија гледаат сеуште голем непријател, што е недопустилово во 21 век и се тоа не го оставиле зад себе во 19 век и 20 век. Но да се вратам на таа 2013, самите рејтинзи покажуваа победа на дпмне, режимот беше уште во јака фаза, така да тоа обединување на леви и десни во широк фронт не беше клучен потег за поразот. Дојдовме до денес 2016 , сдс-м и структури во сдс-м одлучија да ги отфрлат сите десни партии, дури и О.М кој беа целосно верни на таа коалиција па и еден Стојанче Ангелов со неговите бранители кој се покажаа во последниов период активни на терен за рушење на режимот, сакам да кажам, ако вмро-нп и нивниот лидер Љубчо Георгиевски последниве години од објавувањето на таканречените бомби играа некоја топло-ладно позиција овие двајца со своите партии беа целосно посветени на рушење на режимот. И денес Бранко Героски со својата колумна на Плус Инфо само покажа и докажа дека тој потег сдс-м да ги отфрли десните партии од себе и да не се направи еден широк фронт, само покажа и докажа една слабост, еден пропуст на сдс-м или едно задоволување на апетите на тврдо-левите струкури во сдс-м кој нејќат небањати ВМРО-овци покрај себе. Денес Геровски во својата колумна ги повикува сите леви и десни опозициски гласачи гласот да го дадат за сдс-м за да не оделе во ветер, "Касно Героски", коалицијата ВМРО за Македонија веке се етаблираше на политичка сцена, сите анкети покажуваат дека ќе партиципираат во идниот состав на собранието. Требаше порано да се сетите Героски седејќи и мудрувајќи под сликите на тито и маркс и енгелс, дека десните небањати ВМРО-овци разочарани од дпмне не се за потценување и мајтапење по колумни. Времето ке покаже Героски колку згрешивте или не во сдс-м, времето ке покаже ако ВМРО за Македонија е фактор за состав на идната влада колку добивте или колку загубивте, која ке биде цената во министерски ресори и директорски места од првиот ешалон. Героски треба да свати а исто така и неговата екипа дека забот на времето како што го нагризува челикот и челикот фајќа р‘ѓа така и ти Героски фаќаш р‘ѓа со својата екипа. Ве нагризува времето, ве нагризува 21 век , идат нови струи во сдс-м, видиги само пратеничките листи, не носителите, туку тие под нив. Време е и вие со вашите анализи зад завесата кој еве признаваш во колумна дека се грешни, да ја оставите оваа ваква сдс-м со новите струи внатре да си го тера и фаќа моментот на новото време , времето на 21 век. Заминаува полека времето на оние задкулисни игри од времето на комунизмот и местенките за позиции, доаѓа ново време , време на идеи и време на попаметни млади лујѓе со идеја. Героски, оној Апасиев небриченион ама левичар има клик и идеја во моментот колку што ти заедно со својата екипа неможете да смислите за една недела. Е ваквите бе Героски се иднината на оваа држава а не ти и уште неколку зарѓани неокомунисти, зарѓани како петтолетката на Угриновски преточена во програмата на дпмне. Опозиционери не ги ,,горите‘‘ своите гласови, Героски, сега ке испадне: Опозиционери не не горете нас за'рѓаните неокомунисти и титовисти и нашите ,,прекрасни‘‘ идеи.