ГЕРО "ШУНТАВИ", САШЕ "МУТАВИ" & Co. МРЧАТОРИ 2

Јордан Петровски 01.12.2016

Ке прикачам една службена белешка од досие на Дане Поповски, човек кој двапати бил осудуван заради неговата заложба за Самостојна и Обединета Македонија и лежел во Идризово 1950 и 1956 година но и кога бил на слобода бил следен. Според сега достпните документи Дане бил следен се до 1977 година! Но според активностите на Дане во формирањето на ВМРО ДПМНЕ, тој бил еден од носителите на континуитетот на ВМРО и овластен преговарачот во името на ВМРО за спојување на ВМРО и ДПМНЕ. Затоа мора да постои досие за него и за период 1988 -1998 година.
Службенава белешка говори за тоа како УДБа во времето на немање мобилна телефонија работела, на секоја побитна локација во градот имала свои луѓе кои набљудувале кој каде се движи, кој со кого застанува, разговара ....

 

 

 

Ке презентирам и еден документ. Документот е од досието на Атанас Лефтеров воден под псевдоним "ВАЛЕНСА"! Неговиот грев е што како водач на Независниот Синдикат 1995 година, сакал да организира протести со кои ке се издeјствуват предвремени избори. Според Фрчковски тоа бил обид за насилно  рушење на уставниот поредок на Р. Македонија!!
Денеска Фрчковски и неговата братија организирањето на протести за да се издејствуваат предвремени избори го сметаат за демократско право. Правото на протести било демократско право и 1995 година , демократско право е и денеска а ке биде демократско право и утре. Но толкувачите како Фрчковски, Најчевска, Милчин и др. Несмеат да припарат до власта и до "евладините организации". Нивното место е на обвинителна клупа! 

Докуметов е од следење на Лефтеров. Во долниот десен агол го имате бројот на луѓето кои го вршеле следењето и набљудувањето. Следењето и набљудувањето го вршеле ОСУМ луѓе!!

 

Го имам извештајот и во испечатена форма но мисла дека вака е поинтересн!

Третиот пример е од моето досиие и е од ПЛАНОТ на оперативни и оперативно - технички мерки и активности кои ке се превземат во врска со ПО "ЦРНИ" од 28.03.1994 година Евиденциски Број 218. Покрај прислушкувањето на пет мои телефони јас сум и следен. Моето следeње било бајаги скапо. 1994 година летував со семејството во Истра, па УДБа мораше соработникот да го праќа дури до Истра, а за да не биде сомнително соработникот дојде со семејството!! Со што ли сум заслужил вакви "почести" па на секое излегување од Куманово да имам УДБАШКА придружба е работа која некоја идна власт во Македонија ке треба да ја објасни официјално, а најефикасно официјално објаснување е судски процес. Примена на членот 7 од Резолуцијата 1096 на Советот на Европа.

 

 

Но додека чекаме некоја идна власт да даде објаснување, јас ке се обидам пренесувајки го моето лично искуство а сознаниа од прочитани други досиеаи да ја задоволам љубопиноста на оние кои ги интересира зошто УДБа измислува индиции од типот, Ванчомихајловизам, Рушење или Менување на Уставен Поредок, Соработка Со Странски Служби и слични тешки обвиненија кои никогаш не се обидела да ги докажe.

Како вовед ке го цитирам овој дел од првото продолжение:

 

За УДБа, секој различно мислечки човек е непријател и затоа УДБа мора да го превоспита, да го натера инакумислечкиот да си го ревидира мислењето и да размислува како што УДБа и Партијата ке посакаат. Затоа УДБа прогонот не го прави за да на Прогонетиот ("Предмет на Обработка") му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди Осомничениот. Да нема недоразбирање, тоа УДБа не го прави од неспособност или од незнаење, туку го прави заради тоа што индициите за најомиленото кривично дело, Рушење на Уставниот Поредок на  СФРЈ до 1991 а потоа на Р. Македонија кое УДБа го припишувала на прогонуваните се ЛАЖНИ!! Лажни се затоа што целта на УДБа е да се здобие со нов кодош - при што од секој "противник" прави "свој" човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! За да се здобие со нов кодош, УДБ-а не избирала средства или начини.

 

Ке се обидам низ пример да го прикажам начинот на кој УДБа придобивала соработници и како се однесувала кон нив. Првин да ве запознам кој е соработникот за кој станува збор во примеров:

 

Значи се работи за човек кој е осуден на долгогодишна затворска казна 20 години, од која одлежал мал дел а чиј татко е осуден на смрт и стрелан. За време на издржувањето на казната Коларов се запознава со луѓето од ВМРО СДРМА ПРАВДА. Намалувањето на казната е сигурно условено со тоа да Коларов прифати соработка со УДБа!!

 

 

 

 Недовербата на УДБа кон соработниците е основна карактеристика. УДБа секогаш се сомнева, секогаш бара повеке ...

 

 

 Коларов е отпуштен од работа а УДБа му вели да се жали и дека тие ке му помогнат жалбата да биде усвоена. 

 

 

 

Но УДБа не интервенира и Коларов го губи спорот. УДБа не интервенира за да со останувањето без работа уште повеке го исплаши а од друга страна давајки му пари го приврже повеке кон УДБа. 

 

Покрај давањето пари многу интересно е размислувањето на инспекророт во кое вели дека треба да му најдат работа на Коларов која ке овозможи полесно да доаѓа во контакт со "такви лица". Значи покрај тоа што УДБа му правела имиџ на борец за Самостојна и Обединета Македонија додека бил во затвор сега ке му бара и работно место кое ке му овозможи полесен допир до таквите "лица"!!

 

 

Но недовербата останува. Барем од онаа што сум го сретнал досега и соработниците биле следени од други соработници. Во моето досие за соработникот Предраг Димковски "РИМЉАНИН", извештај за неговото однесување дава Марјан Трајковски "ПАЧУК", но Марјан незнае дека Предраг е соработник, за Марјан, Предраг е следено лице.

Дека УДБа контролирала се и правела се за да несотане никој кој нема да биде нејзин соработник,говори овој цитат од досието на Дане Поповски, цитатт во кои се веле дека УДБА му го попречува образованието на Дане. попречувањето е со цел Дане да прифати да стане соработник!

 

 

Во оваа информација пак се осонава дека УДБа е таа која и вработува. Значи само за подобните, односно соработниците на УДБа сите врати се отворени!!  Груевски ништо не измислил, тој само како добар комунистички ученик ја практикува власта као што ја практикувале неговите предходници. Разликата е во тоа што УДБа за да створи привид на повекепартизам формира две банди во КПМ!!

 

 

За секој следен, следен кој УДБа сака да го има за свој соработник се правени проценки како најлесно ке биде скршен, па така гледаме кај Коларов дека бил отпуштан од работа. Кај Дане се обиделе да го скршат со тоа што нему дозволувале да се школува, да се вработи. Дане иако со Вишо школо од времето кога Македонија баш неможела да се пофали со многу школуван кадар не му било дозволено да се вработи и Дане Поповски нема ниту ден работен стаж!!
Кај мене бидејки сум имал сопствена приватна фирма обидот да ме скршат бил преку финсиското уништување на фирмата, односно финасиско уништување на мене и семејството.
Еве ги деловите од двата ПЛАНА на оперативни и оперативно - технички мерки и активности кои ке се превземат во врска со ПО "ЦРНИ" од 08.04.1993 година, Евиденциски број 309 и од 28.03.1994 година Евиденциски Број 218.

 

 Photograph-235

scan0185-1

 Photograph-232-A

scan0188-2

 

1996 година службата решава да ја заврши приказната со ВМРО ДПМНЕ односно конечно и него да го стави под 100% контрола. За таа цел сум одбран јас, затоа биле сите "проучувања" на мои бизнис релации. Кога по проценака на УДБа веке сум бил скршен со мене се планира разговор, прв од октомври 1992 година, месецот кога започнало моето следење!! Во моето досие стои: "бидејки западнал во финасиски проблеми сега е погоден за обавување на разговор".. инаку и запаѓањето во финансиски проблеми е објаснето во досието: "денеска обавивме разговор со наша врска XXXXXXXX (Трајковски Марјан-"ПАЧУК"), кој им зел стока за 1,5 милиони марки и нема да им ја плати ...." 

Комунизмот  односно неговиот чувар УДБа-Тајната Идеолошка Полиција, кон своите вистински противници секогаш бил немилосрден: ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување, бришење на секаква трага за постоење на такви луге …Kон оние кои прифатиле соработка се однесувал инаку!! Hајлесен начин како да се препознае со 100%  точност соработник на УДБа е да му се погледне кариерата!! Сите кои биле следени, имале досиеа како прогонуванани а прифатели да станат соработници, после прифаќањето на соработничкиот статус, кариерите им напредуваат, преку ноќ стануваат и економски силни, формално водат некои бизниси од кои во нормални услови неможе да се преживее ама тие прават богатсво ...  

 

Да се вратам пак на прислушкувањето но сега од еден друг агол.

Во 1979 година во Македонија имало 250 илјади телефонски приклучоци Во 1990 годна таа бројка достигнала 400 илјади а во 2000 годна таа бројка била околу 550 илјади.

Во периодот 1991 -2000 ДБК имала на располагање две опреми за прислушкување. Таа што била инсталирана во ДБК овозможувала истовремено да се прислушуваат разговори на 2.000 фиксни телефонски приклучоци. Втората потстаница со можност за прислушување се наоѓала во една од државните вили на Водно и таа овозможувала истовремено да се прислушуваат разговори на 800 до 1.200 линии. Една важна напомена прислушувањето не било можно без директно учество и на "Македонски телекомуникации".

Според мојата пресметка, а која е базирана на реални податоци погоре напишав дека во период 1991-1998/2000 се следени околу 60 илјади луѓе. Веројатно дека барем 90% од следените имале телефони, значи над 50 илјади луѓе се прислушкувани. Да земем за пресметка дека во Македонија во период 1991-1998/2000 просечно имало 350 илјади телефонски приклучоци, да потсетам тука влегуваат и телефоните на фирмите и државните установи. Излегува дека се прислушкувани близу 20% од телефонските претплатници.

Имав среќа па налетав на статистички податок за фиксната и мобилната телефонија во Македонија во период 2007-2012 година. Но јас ке се задржам само на мобилната и тоа на онаа со "пост пеид" претплатници. Не ги земемe во предвид фиксните телефони, чија бројка 2012 е 408 илјади и не ја земем бројакта на претплатници на мобилната телефонија која 2012 била 2 милиони и 235 илјади. Ова го правам за да не бидам обвинет дека користам максимални бројки. Значи бројка на поспејд мобилни телефони од 2012 година изнесувала 866 илјади. Во прислушкувањето се споменуваат околу 20 илјади телефони, ги земам сите 20 илјади прислушкувани телефони, иако голем број од тие телефони не биле цел на прислушкување и доѓам до резултат од околу 2,5% прислушкувани телефони.

Кога ке се споредат бројките на прислушкување за периодите пред 2000 година, со овие од 2008 па навака и на глуп човек му станува јасно дека периодот 2008-2016 година, кога е приаслушкувано само 2,5% од телефонијата, дека тоа е детска игра во однос на 20% од прислушкуваните телефони во период 1991-1998/2000 година. Ако на периодов 1991-1998/2000 се додат и следењата, бројот на ангажираните лица во следењата, сигурен сум дека Македонија би водела битка со Северна Кореа за првото место на листата држави каде што зборовите демократијата и почитувањето на поединечнирте човекови права и слободи се само мислени именки.

 

mobilni

Од сето напишано погоре станува јасно дека судската постапка за незаконското прислушкување само за период 2008-2016 не е решение кое ке гарантира дека и со смена на власта УБК нема да ја пролжи по стапките на УДБа. За мојата убеденост дека УБК ке продолжи по стапките на УДБа потврда даваат листите со кандидати за пратеници на коалициите и партиите за предстојниве избори. На листиве има бајаги луѓе кои биле замешани во прислушкувањата во периодот 1991-1998/2000 година. Покрај тие што се на кандидатските листите за пратеници, другите се "КАДАР" на кој СДСМ сериозно смета да му даде раководни функции во МВР и УБК/УДБа!

 

ГЕРО "ШУНТАВИ", САШЕ "МУТАВИ" & CO. МРЧАТОРИ 1

Read 2299 times