ГЕРО "ШУНТАВИ", САШЕ "МУТАВИ" & Co. МРЧАТОРИ 1

 Јордан Петровски 26.11.2016

Ниту Геро е ШУНТАВ, ниту Саше е МУТАВ!! Тие дваицата се само дел од екипата спинери, или по нашки мативоди, кои наместо дискусија за битното наметнуваат дискусија која е кавга на две селски оговарачки. Од едната страна Геро ке го нарекува Сашета: Поликлинико, класичен шизофреничар, мутав ....., Саше за да ја одржи тензијата на високо културната полемика, ке возвраќа со епитети за Геровски, од типот: гневен мамлаз, луд мајмун на тешки дроги, угурсуз, туп за политика ... a сето тоа е во функција за да се одвлече вниманието од битното: дали кандидатите што ги нуди опозицијата се вистински избор кој ке ги исполни барањата на ЕУ и САД:
-СМЕНА НА СИСТЕМОТ!
-Растурање на Тајната Идеолошка Полиција, творецот на кршењето на индивидуалните човекови права, творецот на криминалот, творецот на партизацијата на институциите. Со еден збор, Чуварот на Тоталитарниот Криминален Систем!!

Да потсетам:

Ванхојте:

Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ!!!
Вие имате СИСТЕМСКИ проблем и тоа е она што ТРЕБА да се ПРОМЕНИ.

Но Геровски, Саше, Орданоски и Ризаов на крај на умот немаат да ја споменат, а не пак да и дадат подршка на оваа препорака на ЕУ пренесена од Ванхојте.

Причината за молкот на "ШУНТАВИТЕ И МУТАВИТЕ", односно "МРЧАТОРИТЕ" лежи во тоа што мораат да ги одработат задачите (односно парите, привилегиите и тн.). Нели главна задачи на "ОПШТЕСТЕНО ПОЛИТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ" во медиумите е "УДБа несме пасти"!!Ако падне УДБа, ке се расчепка по минатото, ке се извади книгата на склопените новинарско полициски бракови, и тогаш покрај Грујо во Идризово ке завршат многу новинарски пера и од позицијата и од "опозицијата".
Затоа Героски ПРЕДУПРЕДУВА:

„Кваката“ е во тоа што овој пат ничија неутралност веќе не може да се оправда – или си за хунтата на Груевски, или сте против неа!

И им нуди оправдување на оние гласачи на кои тешко им се сварливи Четникот Милетиќ, Југоносталгичарите Трпкова и Мухиќ, а за кои гласачи сум убеден дека во опозицијата предводена од СДСМ се сериозно малцинство!! Единствено Лиле зелената е омразена од поголем дел од членстовотo на СДСМ!!

 

 

Ние „мрчаторите“ ќе гласаме за листите на опозицијата, дури и со Лилето на добитно или недобитно место (еписибир), дури и со чича Милетиќ како позадинска поддршка од измислени одмазднички мотиви. Јас бре лично ќе гласав за опозицијата, токму на листите да се најдоа и оној шизофреник Сале Мутави Поликлинико, па и онаа прилепска будала Рубин, та дури и оној велеумниот стратег што сè знае освен да потрефи барем една анкета.

Јас сум убеден дека ако Мијалков и Јанкуловска добиле налог од УДБа и преминале кај "опозицијата", "ШУНТАВИТЕ И МУТАВИТЕ" односно "МРЧАТОРИТЕ" ке повикуваа да се гласа и за нив.

На "ШУНТАВИТЕ И МУТАВИТЕ" односно "МРЧАТОРИТЕ" отворањето на истрагата на СЈО за нелегалното прислушување кое е вршено од УБК им дојде како дар од Господа! Веднаш тргнаа со матењето вода дека нелегалното прислушување пред 2006 година, немало a ако имало, тоа било или дело на некој "непријатељски елемет" или пак небило ниту масовно ниту долготрајно!! Mоре немало никакво нарушување на човековите права во Македонија. И затоа и "ШУНТАВИТЕ И МУТАВИТЕ" односно "МРЧАТОРИТЕ" се првите во подршката на ВРАЌАЧИТЕ на "слободата и демократијата" од времето на Колишевски, Абаз, Глигоров, Фрчковски, Црвенковски, Богоевски, Аврамовски, и компанија; луѓе чии чеда се Груевски, Мијалков и Фамилијата!

Затоа "ШУНТАВИТЕ И МУТАВИТЕ" односно "МРЧАТОРИТЕ" за да ни објаснат како нарушување на човековите права се прави во тоталитарни системи мораа да се мачат да истражуваат случувања по бел свет. Мораа да ни го посочуваат Хитлер, ама не споменувајки дека партијата на Хитлер имала предзнак СОЦИЈАЛИСТИЧКА! Мораа да ни го посочуваат Николае Чаушеску, ама не споменувајки дека Тајните Полиции: СЕКУРИТАТЕА на Чаушеску, ШТАЗИ во ДДР, како и  УДБа-УБК се створени за КОНТРОЛИРАЊЕ НА ПАРИЈАТА на ВЛАСТ, а изумот бил "увезен' од колевката на комунизмот/социјализмот: СССР!! 

Затоа Ризаов ке ни испорача ноторна лага:

Наместо на суд ќе одат на избори луѓе осомничени за најмасовното и најдолготрајно нарушување на човековите права во Македонија!!

Да им ги скратам маките на "ШУНТАВИТЕ И МУТАВИТЕ" односно "МРЧАТОРИТЕ" околу бaрањата белосветски примери за да ни објаснуваат за "НАРУШУВАЊЕ" на човекови права ке им посочам примери од Македонија, во кои можеби и некој од нив и помагале на УБК во нарушувањето на човековите права!

Првин мора да се разголи лагата на Ризаов дека се работи за "најмасовното и најдолготрајно нарушување на човековите права во Македонија!!" А за тоа да се стори, мора да се направи мал историски преглед.
Првин да осознаеме зошто е формирана Тајната Полиција, ОЗНА/УДБа/СДБ/УБК:

Од сведочењето на Ѓилас јасно е дека Тајната Полиција управува со државата.

Дека Тајната полиција е над партијата и над државата најдобро говори фактот дека и самиот ДИКТАТОР, односно идеен творец на УДБа, Тито бил прислушкуван!!

Тито се обидува да го контролира монструмот УДБа, се надева дека тоа ке го постигне со смената на Ранковиќ, човекот кој ја водел УДБа. Но следејки ја работата на УДБа после смената на Ранковиќ кога УДБа го менува и името и се преименува во СДБ ама тоа менување на името е како кога волкот го менива влакното/рувото ама табиет/начинот на работа на волкот/ УДБа до ден денешен останува ист!!

Еве уште едно интересно сведочење на Ѓилас:

 

Оваа сведочење на Ѓилас го издвоив како пример дека УДБа иако го сменила името, според начинот на работа останала иста.
Сопругата на Ѓилас говори за контролата на УДБа врз семејството и приватниот живот. Aко се погледнат досиета на Шишков-"ТАБАКЕРА", Поповски-"УНИОН", Трајковски-"ЖЕГЛИГОВО", Арсовски-МИКРОН и тн, секаде ке се најдат докази дека УДБа се обидува да воспостави контрола и врз семејството, да предизвика судир во семејството и така полесно да го контролира "Предеметот на КОНТРОЛА", постарото име за "Предходна ООБРАТКА"!!

Кога ке се погледне дека од УДБа покрај оние кои биле следени за ИДЕАЛОТ на ВМРО, Обединета, Самостојна и Демократска Држава Македонија биле следени и луѓе од општествено политичкиот, јавнo-културниот, и бизнис живот, ке се добие уште една потврда за тоа дека УДБа била таа која избирaла: Членови на МАНУ, Судии, Директори, Водачи на Политички Партии, Режисери, Врни Глумци, Новинари, и тн (се извинувам на неспоменатите!). А изборот е правен врз база на покажаната ревност/лојалност, поточно преко количеството на испишани страници на извештаи изготвени врз база на задачата добиена од инспеторите на УДБа.

Во истражувањето на Комисијата која имала за цел да го испита работењето на УДБа и индициите за прислушкувањето на Тито, комисијата дошла до податок за бројот на следените лица, на кои им биле отворени досиеа од страна на Тајната Полиција - УДБа во Македонија. Да нагласам за 1966 година,  бројката се однесува за првите шест месеци, Бриноскиот Пленум започнува на 01.07.1966 година. Еве ги бројките:

 

После Брионскио пленум интензитетот на отворање на досиеа продолжува со несмалена жестина. Се прават чистки во Народната Милиција од луѓето кои се сметаат за подржувачи на Ранковиќевата политика. Во Словенија и Хрватска тие луѓе се пензионираат и се изолираат од секакви контакти со УДБа но во Македонија тоа не е случај. Тие иако биваат по сила на законот пензионирани УДБа ги користи како свои соработници, бидејки тие во Македонија се носители на чувањето на Српските интертеси. Голем дел од нив се назначувани за директори на прертпријатија, стечајни управници, и др се со цел да се активно присутни во сите свери на живеење. Тој занает Раковиќевите луѓе го пренесоа на своите синови и керки. Некој ако расчепка само колку такви синови и керки се ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИ работници во Медиумите ке му се крене косaта на главата.

После Брионскиот Пленум доаѓаат Студенските Протести 1968 година, нова можност УДБа да обезбеди нови прогонувани, поточно нови соработници!!

Бројот на предадени досиата во Архивот на Р Макеоднија за период 1945-1989 година изнесува над 36 илјади. Од кои 22 илјади се за затвореницеите во затворот Идизово и 14 илјади на следени лица. Оваа бројка е далеку од вистинитата од две прични. Првата е цитатот од извештајот на комисијата врзана за прислушкувањето на Тито и втората е фактот дека соработничката мрежа УДБа ја градела и гради од луѓето кои ги следела. Ако земеме дека во просек на едно следено лице УДБа употребува од 10 до 30 соработника за да можат да го следат, тогаш бројката на досиеа не е 14 илјади туку е преку 200 илјади. До бројката од преку 200 илајди се стасува ако се земе некоја средна вредност на соработници по еден следен а тоа е 15. 15 помножено со 14 илјади доаѓаме до бројка од преку 200 илјади луѓе кои биле следени , имале досиеа , значи тие биле следени и прогонувани, но голем дел од нив станале СОРАБОТНИЦИ. 

УДБа имала и има еден специфичен начин на работа.  За УДБа, секој различно мислечки човек е непријател и затоа УДБа мора да го превоспита, да го натера инакумислечкиот да си го ревидира мислењето и да размислува како што УДБа и Партијата ке посакаат. Затоа УДБа прогонот не го прави за да на Прогонетиот ("Предмет на Обработка") му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди Осомничениот. Да нема недоразбирање, тоа УДБа не го прави од неспособност или од незнаење, туку го прави заради тоа што индициите за најомиленото кривично дело, Рушење на Уставниот Поредок на  СФРЈ до 1991 а потоа на Р. Македонија кое УДБа го припишувала на прогонуваните се ЛАЖНИ!! Лажни се затоа што целта на УДБа е да се здобие со нов кодош - при што од секој "противник" прави "свој" човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! За да се здобие со нов кодош, УДБ-а не избирала средства или начини.

За периодот после 1991 година има шпекулација дека има околу 4 илјади следени ако пак ја примениме истата методологија за пресметување на приближната бројка, ке дојдеме до податок дека од 1991 до 1998 година УДБа следела преки 60 илјади луѓе!!

За тие 4 илјади, односно 60 илјади следени луѓе, УДБа не ПОКРЕНАЛА ниту едно обвинение!! Зар е можно ?? Зар можела УДБа да направи таква греша или пак не се работи за грешка, туку се работи за неприфаќањето на повекепартизмот од страна на УДБа! Линиите за работа и старите и новите, новите донесени со превилникот за работа 10/92 на УДБа го потврдуват тоа. Една линија на работа е посeбно интересна, а тоа е линијата за Македонски ЕКСТРЕМИЗАМ и ВРХОВИЗАМ!!
Еве да слушнете сами што подразбира под ЕКСТРЕЕМИЗАМ изготвувачорт на Правилникот за работа на СДБ/УБК:

Кога и каде е употребено насилство од страна на овие шеесетина илјади лица кои се прогонувани за Македонски Екстремизам?? Дали Ризаов ке даде некој пример, ако има такви кои употребиле насилсто, зошто не се судени се надевам ке ни објасни Ризаов или останате од груапата на "МРЧАТОРИ"!!

Сега следи новиот бисер на министерот:

 

Тој и неговите соработници носат и пресуди!! Па министерот демонкрат вели:

 Можам да кажам дека овие што ги навеле тие, ниеден не е НЕВИН, НИЕДЕН АПСОЛУТНО !!!

Ајде тој што вели може и да се разбере удрила слава у глава па мали Ѓокица би да биде и тужител и судија ... ама каде биле и каде  се "ШУНТАВИТЕ И МУТАВИТЕ" односно "МРЧАТОРИТЕ" да кренат глас, та нели се демократи !!
Специјалната Јавна Обвинителка Фатиме Фетаи образлагајки ја истрагата "ТАРГЕТ" прецизно објасни дека прислушкување за кое нема или истекол СУДСКИ НАЛОГ е кривично дело и по основа на тоа следи кривична одговорност за оној кој ИЗДАВАЛ НАЛОЗИ ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ!!

Такви злоупотреби правеле и министрите кои го воделе МВР во период 1991-1998 година, Јордан Мијалков, Љубомир Фрчковски, Томислав Чокрески! Еве доказ дека Љубомир Фрчковски потпишувал такви решенија

 

 


[Image: 6xtev4.jpg]

 

Дека бројката на потпишани решенија од страна на Љубомир Фрчковски за неовластено прислушкување и следење, потпишување кое подлежи на кривична одговорност не била за потценување, како што не убедуваа и убедуваат "ШУНТАВИТЕ И МУТАВИТЕ" и се разбира "МРЧАТОРИТЕ", говори фактот дека ги има илјадници. Фрчковски во видеово признава дека се работи за илјада/и решенија кои тој ги потпишал.

Да не ги заборавам соучесниците во злосторот на Фрчковски, Ј. Мијалков и Чокревски, а соучесниците се и лажните "експертите по човекови права", Најчевска, Трајановски, Пировска, Калајџиев и тн, кои останаа неми и глуви на вакви изјави на Фрчковски!!

На никој од "експертиве" не им прободе уши оваа изјава на Фрчковски

Они (се мисли на УБК) требале да им ги дадат досиеата (се мисли на членовите на комисијата за лустрација) да видат дали тие луѓе има основа или нема основа (за следење и прислушкување)

Должност на комисијата за лустрација била само да го почитува Уставот и да провери дали во досиеата на лицата кои се прислушкувани постои СУДСКИ НАЛОГ за прислушкување, налог кој е издаден по барање на МВР!! 

Фрчковски за да ја симне вината од себе Комисијата за лустрација ја унапреди во суд!!Постапка која говори за тоа дека Фрчковски и државата ке ја даде само да си го спаси газот!!! Според Докторот на Правни Науки, Фрчковски, Комисијата за лустрација требело да утврдува дали имало или немало основа за прислушкување и следење. После ваква "стручна" изјава, ваквиот "експерт" на клоци се исфрла од државниот универзитет и се носи заедно со експерите за човекови права во Шутка, каде ке го чекаат судењето!!
Се надевам дека оние што ке го прочитаат овие редови кои се врзани за Фрчковски и експертите за човекови права (експертите се скоро сите професори на правниот фалкултет) ке го најдат одговорот зошто судството во Македонија е такво какво што е!!

Да го потсетам Докторот по Правни Науки, Генералниот секретар на ФОРУМОТ за Човекови Права, Министерот за Внатрешни Работи, Уставопишувачот, Фрчковски и Експертите по човекови права, прислушкување од страна на ДБК е ЛЕГАЛНО само со СУДСКА ОДЛУКА.


УСТАВ на Р.МАКЕДОНИЈА Член 17

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

Само врз основа на ОДЛУКА НА СУД може да се отстапи од начелото на неповредливост.

 

Да се вратам пак на Ризаов и неговата колумна која е школски пример за текст по нарачка за да додадам уште некој пример за да поуверливо ја соголам лагата на Ризаов, поточно лагата на нарачателот, дека од 2006 година навака некоја друга Тајна Полиција е инсталирана во Македонија. Тоа што од 2006 година па навака една од перјаниците на УДБа, Силјан Аврамовски е заменик директор во УБК е така случајно, а случајно бил и министер на полиција во владата на Бранко Црвенковски!!

 

Продолжува!

 

 

Read 1543 times