УДБА ПАК Е НАША СУДБА

 

Стојан Рашков

18.11.2016

,,Нападот на човековите слободи и права е најсилниот удар врз едно цивилизирано општество. Сега е на ред таквото општество да возврати.” – Фатиме Фетаи

На денешната прес-конференција на СЈО беа презентирани докази за основано сомневање кој прислушкувал во Македонија и колку лица биле прислушкувани. Самиот чин некој да ја користи тајната полиција за политичка пресметка со неиспомислиците дава тоталиристички дискурс на целата политичко-полициска криза од изминатиот период. Несомнено сите кои биле неовластено прислушкувани еден ден ќе ја добијат правдата во свои раце. Проблемот овде е што ова што се случува не е од сега, туку е дејство кое започнало со удирањето на темелите на македонската држава 1944.

Ако ги погледнете досиејата на учесниците на АСНОМ скоро сите се следени од тајната полиција. Денес властодршците преку нивниот пулен директорот на Државниот Архив на Р.М господинот Филип Петровски се шетаа низ градовите презентирајќи ги 9те тома на ,,Црните страници на УДБа”. Покажувајќи како во претходната држава некои се пресметувале со неистомислениците користејќи ја тајната полицијата. Но денес еве сме сведок дека и тие најверојатно го правеле исто. Значи се е исто само него го нема…

Ќе го земам примерот со Словенија во 2006та Врховниот суд ја осуди поранешната тајна полицијата УДБА за криминална организација. Денес Словенија е модерна европска земја стожер на демократија и просперитет во регионот. Каде сме ние ?

Заглавени во историјата, талкаме на работ на разумот…

Болно општество кое раѓа болни сушстества…

Секоја криза има излез како што има секој тунел светло на крајот. Еден ден мора да се вратиме на демократскиот колосек градејќи иднина, но трезвено размислувајќи за минатото кое ни покажува каде погрешивме. Веќе никој во иднина не смее да ја користи тајната полиција за пресметка со неистомислениците и користејќи ја за политички цели. ,,Во западните демократии, во државите со подолгa државничка традиција, етаблирани институции и демократски систем нa вредности, сорaботката со домицилната служба за безбеднаст (тајната полиција) од секогаш се сметало за високо патриотски и етички чин. Тaков е примерот со Англија, Израел, САД и други земји. Во нашата земја, таквиот чин од секогаш се третирал како чин нa ниско, неетичкo и подло однесувaње пежоративно ознaчено како “кодошење”. Клучната разлика (diferentia specifika) за ваква различна оценка нa идентична однесување не е во тоа кoи и какви средства и методи употребуваат тајните служби во нивното рaботење. Не! Во основа сите применуваат исти (речиси идентични) – прислушкувaње, тајно следење, тајна контрола на поштата или интернет комуникациите итн.Разликата е суштинска и произлегува oд законската поставеност на соодветната служба и нејзината функционална програмска ориентацијa. Кај оние првите, тајните служби се насочени првенствено кон заштитата на правата и слободите нa граѓаните и од нив изведениoт државен (национален) интерес. Вo нашиот (македонски) случај тајната полиција (УДБА, СДБ, ДБК, УБК) била и останала т.н. “политичка полиција”, односно вo функција исклучиво на партиските интереси нa владејaчката партија или личните интереси нa властодржците без оглед нa тоа дали го перцепираме периодот нa едноумието или демократскиот плурализам востановен по осамостојувањето на земјата. На тој начин, оваа служба самата си ја поткопa смислата и суштината нa нејзиното постоење и функционирање претворајки се во најголем прекршител на човековите права и слободи наместо во нивни заштитник!”-А.Д.

Се сеќавам пред две години во Државен Архив на Р.Македонија го прочитав досието на мојот прадедо професорот по историја Ставре Рашков осуден 1951година на 2години затвор во Голи Оток. Никогаш во животот не сум се чувствувал по-мизерно. Како интелектуалец со слободна мисла бил предмет на следење од УДБА до крајот на својот живот…

 

Бидејќи ја живееме Орвеловата 1984та ќе го цитирам,, Ако сакате да чувате тајна, истата мора да ја сокриете дури и од себе.”

Read 1306 times