ВО ВРЕМЕТО НА СДСМ ДЕМОКРАТИЈА И СЛОБОДА ПОТКУП ОД 1 МИЛИОН $ БИЛ КАЗНИВ КАКО КРАЖБА НА 150 КЕБАПИ

 

Јордан Петровски  03.10.2016

Барајки некои работи налетав на одлука за отфрлање заради застареност на кривична пријава за поткуп на председател на држава од страна министер на полиција, одлуката ја донел ЗАМЕНИК ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Елизабета Ристеска.
ЗАМЕНИК ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Елизабета Ристеска проценил дека за поткуп понуден на ПРЕДСЕДАТЕЛ на ДРЖАВА за да донесе одлука која ке и наштети на државата а за тоа ке добие повеке од 1 милион долари максималната казна за ПОТКУПУВАЧОТ, председателот го одбил поткупот затоа не може да биде обвинет за примање на поткуп, може да биде до ПЕТ ГОДИНИ затворска казна!!

Обвинетиот во тој случај, случај за поткуп на председател на држава, денеска говори за "Радикална политика на нормализација". Зар квалификацијата на делото кое тој го сторил е казниво со казна до ПЕТ години???
Казнивоста до пет години е само за да се отфрли кривичната пријава против него поради ЗАСТАРЕНОСТ!! Комуњарски трик да нема судење!!
Се надевам некој од силниве правници кои денеска говорат за партизираното судство ке собере храброст па ке докажат дека на ЗАМЕНИК ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Елизабета Ристеска воопшто не е вршен никаков притосок и дека нејзината одлука е 100% чиста. Дека дело поткуп на председател на држава од министер на таа држава а за интерес на странска држава навистина не заслужува повисока казна.
Се надевам ке се јави Маргарита Цаца Николовска, Мирјана Најчевска ... сигурно и порталот СВЕДОК ке најде време да даде стручно мислење.

 

ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
Х КО бр. 2326/2002
Скопје, 25.09.2002 година

Врз основа на член 144 став 1 од ЗКП, Основниот јавен обвинител од Скопје, донесува

РЕШЕНИЕ

СЕ ОТФРЛА кривичната пријава поднесена од МВР – Биро за јавна безбедност – Скопје СД.бр.07-1944/3 од 11.08.2002 година против Љубомир Данаилов –Фрчковски од Скопје, за кривично дело – ДАВАЊЕ ПОТКУП од чл.107 ст.1т.4 од Кривичниот законик.

-бидејќи настапила застареност на кривичното гонење во смисла на чл.107 дт.1 т.4 од Кривичниот законик.

Образложение

Од страна на Министерството за внатрешни работи -Биро за јавна безбедност, Скопје до ова Обвинителство поднесена е на 10.09.2002 година кривична пријава против Љубомир Данаилов Фрчковски за кривично дело - Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.3 вв ст.1 вв чл.19 од КЗ и кривично дело – Противзаконско посредување од чл.359 ст.4 вв со ст.2 бб со чл.19 од КЗ, во која се наведува да пријавениот во текот на 1993 година и 1994 година, во точно неутврдено време, како службено лице Министер на Министерството за внатрешни работи во Владата на Република Македонија и покрај бројните укажувања на тогашниот Претседател на Република Македонија – Киро Глигоров, дозволил на поранешниот Шеф на известувачките служби на Република Грција - Николаос Грилакис подолг период незаконски да престојува во Скопје, ставајќи му бесправно на располагање – стан на МВР, а се со цел во овој период да се влијае врз претседателот Киро Глигоров да се согласи во преговорите со Република Грција за промена на Уставното име на Република Македонија.

За оваа цел во три наврати, пријавениот во кабинетот на Претседателот му донел скапоцени подароци – најнапред скапоцена амфора извадена од потонат брод од Егејското море, а потоа и златен часовник „Ролекс“ со златна гривна, како и 100.000 американски долари, сместени во куфер кои му ги дал Гркот за да му ги даде на Претседателот за „наводна“ благодарност за одобрениот престој во Република Македонија.

Понатаму се наведува да во наведениот период пријавениот телефонски договорил средба помеѓу Претседателот и двајца припадници на МВР, кои при остварената средба му кажале дека во контакт со лица од известувачките служби на Република Грција, лично биле задолжени да му пренесат дека тие се подготвени доколку се откаже од името Македонија да на негова сметка во која сака земја и банка му дозначат 1.000.000 американски долари. Подароците и парите донесени од пријавениот и понудата пренесена од од двете лица од МВР, Претседателот ги одбил.

Како поткрепа на наводите во кривичната пријава во прилог се доставуваат фотокопии од страна 365 и 366 од мемоарските записи „Македонија е се што имаме“ издадена 2001 година чиј автор е Киро Глигоров, фотокопии од страна 15, 16 и 21 од записникот за сослушување на Киро Глигоров во својство на сведок – оштетен во постапката за преземање одделни истражни дејствија против непознат сторител во врска со обидот за атентат врз Претседателот Киро Глигоров од 03.10.1995 година која се води пред Основниот суд Скопје1 , Скопје Уд.бр. 176/01 и фотокопии од дел од весникот „Утрински весник“ од 05.09.2002 година.

По проучувањето на наводите во поднесената кривична пријава и кон неа се приложени списи, наоѓам да описот на дејствијата преземени од пријавениот наведени во кривичната пријава можат да се подведат под кривично дело - Давање поткуп од чл.358 ст.1 од КЗ.

Ова од причина што според наодите во пријавата, пријавениот контактирал со шефот на известувачката служба на Република Грција, Николаос Грилакис, кој му дал скапоцени предмети – амфора, златен часовник марка „Ролекс“ со златна гривна и пари – 100.000 американски долари да му ги даде на Претседателот Киро Глигоров за во рамките на своето службено овластување изврши службено дејство што не би смеел да го изврши – да се согласи со промена на името на Република Македонија. Ваквите дејствија на пријавениот од кривично правен аспект се квалификуваат како посредување за давање на поткуп, што е санкционирано во член 358 став 1 од КЗ.

Јавниот обвинител, без да се впушта во образлагање дали во преземените дејствија се содржани сите битни елементи кои го сочинуваат битието на ова кривично дело и постоење на основи на сомнение да пријавениот истото го сторил, имајќи во предвид временскиот период за кој се тврди дека дејствијата се преземени – 1993 и 1994 година и со Закон предвидената казна за кривично дело – Давање поткуп од чл.358 ст.1 од КЗ - од шест месеци до пет години, наоѓам дека е настапена застареност на кривичното гонење, согласно чл.107 ст.1 т.4 од Кривичниот законик.



ЗАМЕНИК ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
Елизабета Ристеска

Read 2703 times