ПОРАКА ДО ВРВОТ НА СДСМ: ЗА ДА СЕ ВРАТИ НЕШТО ТРЕБЕЛО ДА ПОСТОИ

 Јордан Петровски 30.09.2016

Денеска во една дискусија во која во уводот стоеше поимот:

враќањето на правдата

Искоментирав вака:

Се додека велите дека со враќањето на СДСМ на власт ке вратите: правда, слобода, демократија, многу тешко ке придобиете од неопределените гласачи. А без 150 до 200 илјади неопредлени гласачи нема теоретска шанса да го победите Грујо.

Добив прашање:

ај кажи бе Јордане што треба да вети или да направи Заев ако знаеш.

Одговрив:

Заев треба да стори многу малку! Треба да го исфрли од употреба зборот ке врати,........ За да се врати нешто тоа требало да постои.

Ке пренесам уште две мислења:

Чика Јоцо е во право. Никогаш немало правда, слобода и демократија во Македонија. Нешто што немало не може да се врати. Мора све из почетка, бре човеци. Какво враќање, какви бакрачи.

Ima premnogu luge vo MK za koi vrakjanjeto na SDSM od minatoto e mnogu pogolemo zlo od status kvo situacijata. Zalno e sto SDSM ne se ogradi od svoite petna vo minatoto tuku uste gi brani.
Na mnogumina mnogu dobro poznati (po losi) se sdsmovcite niz gradovite na MK koi sega se glavni lokalni govornici vo ime na pravdata

Мислења кои придонесоа да го напишам ова што ке следи а кое можеби ке биде сватено-осудено како да си земам за право да делам ум, да се мешам во туѓи работи, затоа ке кажам дека од сето тоа нема ни ронка вистинина, ниту пак моја желба! Двата коментара се од луѓе кои ги сметам за луѓе кои пред се секогаш ги ставаат интересите на Државата Македонија и спаѓаат во оние "неутралните" а чии гласови ке ги одлучат овие избори.

Сум напишал досега неколкупати дека СДСМ мора пред овие избори да покаже на дело дали е партија на СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА или сеуште е партија на Темповитеидеали, партија која сеуште војува против фашисти, ДЕСНИЦАТА и ВМРО!

Заев кој со изјавата:

 
Најави дека го одбрал патот на СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА и кога требаше да го стори онаа што го стори Вили Брант 1971 година, да се извини за злосторот на партијата чии наследник е СДСМ, злостор од 1945 па до денеска, тој како да се исплаши и замолча по прашањето на заедничко пеење на химната на ВМРО, ВМРО на Тодор Александров а која била и ХИМНА на отворањето на АСНОМ во Прохор Пчински. Била химна кога се удирани темелите на Македонската Држава. МАКЕДОНСКА Држава која за жал траела многу кратко. Причината за краткотрајноста на Македонската држава лежи во тогашната врхушка на Комунистичката Партија на Македонија која идеологијата, поточно верноста кон Ранковиќ ја ставила пред СУВЕРЕНОСТА и ДРЖАВНОСТА на Македонија.
Од моментот на поништување на МАКЕДИНСКАТА СУВЕРЕНОСТ И ДРЖАВНОСТ, почнува судирот помеѓу Македонците, почнува теророт на комунистичката "Македонска" врхушка врз неистомислениците по прашање на Сувереноста, Демократичноста, Државноста... тој судир трае до денеска. А ке трае додека не се роди маж во СДСМ кој ке ја има храброста да се извини за злоделата на комунистите до "осамостојувањето" на Македонија а за периодот по "осамостојувањето" ке ја прифати, спроведе во дело препораката опфатена со членот 7 од Резолуцијата 1096 за Одстранување на Наследсвото од Комунистичките Ситеми а донесена од Советот на Европа.

 
пс..ДемоНкративе односно експертгрутките, кои благодарејки на ПЛУСИНФО и ЛИБЕРТАС не трујат дека се ЕДИНСТВЕНИ овластени враќачи на сободата, правдата, демократијара и нормализацијата пред да пишат нешто не ке е лошо да се свртат малку наназад, да погледнат што сториле тие!! Да се потсетат кој продолжил онаму каде застанал Шашиќ, Абаз, Лазо, Трпеновски ....
Таа булумента потпомогната со лажните Граѓански Здруженија е најтврдото упориште на Тајната Идеолошка Антимакедонска Полиција.
 
Напомена: текстот е пишуван на 24.09. 2016 годдина но еве го објавувам денеска
Read 1203 times