АКО САКАМЕ ДЕМОКРАТИЈА И СЛОБОДА КОМУНИСТИЧКИТЕ ЗЛОСТОРИ НЕМОЖЕ И НЕСМЕАТ ДА ОСТАНАТ НЕКАЗНЕТИ!

Јордан Петровски
18.08.2016

Од Ризаов и Ризаовци неможе да се очекува инакво објаснување за немањето потреба од спроведување на лустрација во Македонија освен со  фалба на Југославија, поточно со манипулација и лага дека се прави обид Македонија и Југославија да се изедначат со режимите на Исток, Русија, Источна Германија, Албанија, Романија, Бугарија,Чехословачка, Полска.... што е далеку од вистината и од историските факти. Разликите меѓу Југославија и земјите зад „железната завеса“ беа добро познати и на Запад и на Исток. Со сите свои мани и грешки, југословенскиот систем беше далеку над тврдите диктатури на Исток. Не беше тоа идеално општество, но за многу земји дури и со повеќепартиски систем беше пример, кој се предаваше на светските универзитети. Американци докторираа на југословенскиот самоуправен систем. Некому многу му требаше и Македонија и Југославија да се стават во ист кош со комунистичките диктатури.

Ако постоела разлика помеѓу комунизмот во Југосалвија а со тоа и во Македонија со комунизмот во Источна Европа, Советот на Европа тоа јасно би го нагласил во своите Резолуции, ке нагласел дека Југославија се изема од лустрацијата.

Такво нешто во ниедна Резолуција нема!!

Причината за манипулациите на Ризаов треба да се бара во фактот што тој станал ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКИ работник во медиумите со ПРЕПОРАКА на Партиаја, на Тајната Идеолошка Полиција.

Да потсетам на изјавата на бившиот министер на полиција Томислав Чокревски, изјавата во која Чокревски вели за постоење на полициско новинарски бракови.

Законот за лустрација каков што донесе Владата на Груевски е историскиот фалсификат, фалсификат со кој Груевски се обиде да им ги измие  окрвавените раце 123 на комунистите пред 1991 и на комунистите по 1991 година.

Дека Ризаов манипулира  со фактот дека во Македонија и Југославија немало комунистичка диктатура најдобро говори мислењето на секретарот на Вернецијанската Комисија  господинот Томас Маркерт  во кое се вели дека во Македонија треба да се спроведе лустрација и за периодот после 1991 година а со тоа јасно укажува дека КОМУНИСТИЧКАТА ДИКТАТУРА ПРОДОЛЖИЛА и по "осамостојувањето" и носењето на "демократски" Устав 1991 година.   

Значи фалсификатот е во начинот на кој е спроведувана лустрацијата во Македонија.

Според Резолуциите 1096 и 1481 за Осуда на Комунистичките Злостори лустрацијата требаше да се води во институција единствено верификувана да донесе правосилно решение за нечија невиност или вина а тоа се СУДОВИТЕ.

За крај да го потсетам Ризаов и Ризаовци на две битни работи:

-Деновиве во Минхен е донесена пресуда за еден од злосторите на Југословенската Тајна полиција. Челните луѓе на Хрватската Тајна полиција заради убиството добија сеуште неправосилни  казни доживотен затвор.


-Основен предуслов Македонија да се ослободи од полициско политичото подземје и да почне да се демократизира е да СПРОВЕДЕ  ЛУСТРАЦИЈА според препораките на  Резолуциите на Советот на Европа и Прашката Декларација .

Read 2798 times