02.04.2016
Кога ги добив пораките почна да ме копка што е причината СДСМ да пројави интерес за мене во момент кога веке беа исцрпени сите правни средства во Македонија да отпочнам судска постапка против луѓето ја воделе и водат Тајната Идеолошка Антимакедонска Полиција во времето кога СДСМ бил на власт. За волја на вистината дел од тие луѓе останале во врвот на Идеолошката Полиција и во времето кога на власт биле "лутите" противници на "комуњарите", Георгиевски и Груевски.
Што би можело да е причината СДСМ да се заинтересира за мене неможев да најдам логично објаснување се до објавата на првите бомби од страна на господинот Заев. Тогаш полека почна да ми се склопува сликата. Во прислушкуваните разговори мора да имало и разговори врзани за мојот случај. Разговори за отфрлањето на кривичната пријава бидејки таа е отфрлена со флагрантен фалсификат, кој не би си го дозволил никој ако не знаел фалсификатот нема да биде санкциониран. Тука мора да постојат и разговори во постапката после отфрлање на кривичната пријава, разговори и договори за одолговлекување, менување на истражни судии итн. Разговори за барање на послушен судија, судија кој после близу 7 години, постапка повторно со грубо кршење на законот ке ја отфрли мојата пријава како застарена по сите основи. Во предходните продолженија дадов кои се судии учествувале во попречувањето да започне судски процес. Имињата говорат дека тоа се најверните послушници на фамилијата-која фамилија ?? Онаа што ни ја потураат дека е алфа и омега , фамилијата на Груевски или пак она вистинската, онаа што е на власт од 1945 година, до денеска!! Што јасно укажува дека имало интервенции да не се дозволи да отпочне процесот. Доказ кој за СДСМ ке послужел да покаже дека ДПМНЕ , поточно фамилијата влијаела врз судот.
Кога врвот на СДСМ ги прибрал сите материјали, односно го прочитале моето досие, станало јасно дека судскиот процес ако започнел по мојата кривична пријава ке бил процес преку кој ке била растурена до темел Тајната Идеолошка Антимакедонска Полиција.
Причина за моето уверување дека ке се растурела Идеолошката Полиција лежи во фактот што јас бев одбран "бидејки западнал во финасиски проблеми сега е погоден за обавување на разговор" од УБД/СДБ да обезбеди ЛАЖЕН доказ дека ВМРО ДПМНЕ е финсирана од Бугарија. Задачата не ја исполнив. Тој обид за местенка прејасно покажува дека ДБК не работела за МАКЕДОНСКИ интереси. Покажува дека и дваjцата "ВМРОВСКИ" премиери, Георгиевски и Груевски биле именувани за премиери од страна на Тајната Идеолошка Антимакедонска Полиција!!
За темелноста на истрагата говори иобезбедување од страна на СДСМ, на ова не многу битно известување:

Јас три пати поднесов инцијатива за лустрирање на Љубомир Данаилов Фрчковски, министер на МВР во време кога ми е отворено досието. Ниедна од моите иницијативи не беше прифатена и тоа ми беше чудно. По телефон разговарав и со господинот Аџиев кој ми објасни дека моето досие не го добиле од органите од кои го барале. За да добијам официјален одговор поднесов барања до Aрхивот на Р. Македонија, каде по логика на нештата би требело да е моето досие, и барање до Kомисијата за лустрација.


![[Image: izvestuvanje_Arhiv.jpg]](https://image.ibb.co/mYm3Xe/izvestuvanje_Arhiv.jpg)
За сериозноста на известувањето, истрагата која ја правеле од СДСМ говори фактот дека директорот на Архивот сега веке починатиот господин Зоран Tодоровски НЕЗНАЕЛ дека моето досие се наоѓа во Aрхивот. Дека незнаел говорат писмата упатени до Комисијата за лустација и до мене, во кои се вели дека мое досие нема во Архивот.
Дека е така говори фактот што полномоштво на мојот адвокат да даде таква изјава не постои и второ, што јас веднаш по добивањето на досието почнав да објавувам делови од него, а во 2003 година го објавив целото доисе. Делот кој е кај мене а подоцна за потребите за процесот за добивање на Азил, по барање на судијата го преведов и на Англиски, и Англиската верзија беше достпна за јавноста.

Дека онааа што го крие моето досие и зошто Тајната Идеалошка Антимакедоска Полиција не дозволуваше и не дозволува можност да се отпочне судски процес врзан за моето досие говори и изјавата на Стево Пендаровски, председателскиот кандидат на СДСМ на последните избори, а во 2001 година потпарол во МВР. Изјавата Стево Пендаровкси ја дал на првиот човек кој имаше полномоштво да го земе моето досие. Изјавата гласи:
Тоа досие е бајаги волнено, поарно држи се настрана
Еве го првиот меил и одговорот од господинот Заев:

Одговорот на господинот Заев уште повеке ме изненади а воедно и го продлабочи мојот сомнеж. Ме изненади преголемата самоуверненост на господинот Заев дека неможел никој од неговото блиско опкружување да ми даде материјали!
На крај ке упатам едно јавно прашање до господинот Заев, што по негово мислење е причината Груевски да ги штити најголемите свои непријатели: Фрчковски, Верушевски, Богоевски .....?
Скенови од пораките за да некој не се посомнева во тоа дека докуметите кои ги прилагам не се навистина добиено од човек од СДСМ.
Можеби ке има продолжение