ПОДМЕТНУВАЈКИ ЛАЖНИ КОДОШИ, ГРУЕВСКИ ГИ ЗАШТИТИ ВИСТНСКИТЕ КОДОШИ НА ШИШКОВ И ПОПОВСКИ

 

Јордан Петровски
24.03.2016


Да пишувам повторно за Ристо Шишков и Дане Поповски ма натера желбата да се дознае вистината за бескрупулозноста на УДБа. Да се дознае дека "лусрацијата" која ја спроведе Груевски небeше ништо друго туку лага, обид да се зачува Тоталитaрниот Комунистички систем бидејки  МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИА КОЈА ЈА СПРОВЕДЕ ГРУЕВСКИ ИМАШЕ ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ИЗМИЕ ОКРВАВЕНИТЕ РАЦЕ НА ЗЛОСТОРНИЦИТЕ 1, 2, 3.

Да се дознае дека УДБа не избирала начин и средства да ја оствари својата цел зa да уапси и суди вистински противник на Коминистичкиот Систем. Да се дознае дека УДБа одела дотаму што свои соработници ги судела и затворала за да им обезбеди легитимитет на борци за МАКЕДОНСКАТА КАУЗА, легитимитет на ПАТРИОТИ!

Да ја почнам приказната за подметнувањето на бомби во Скопје според текот на настаните.

Подметнувањето на бомбите е опфатено со три Оперативни акции: "ПЛАСТИКА", "ПЛАСТИКА 2"  "ПЛАСТИКА 4". Дали постоеле и Оперативни акции, Пластика 1 и Пластика 3 незнам. Целта на Оперативните акции "ПЛАСТИКА" е да се одржи уверувањето дека ВМРО е ТЕРОРИСТИЧКА организација и да се уапсат и осудат за тероризам водачите на ВМРО, Дане Поповски, Костадин Смичковски и Љубен Костовски-Чакра.

За да обезбеди човек во кого Дане има доверба, Бабановски го активира соработникот, ДОБРИ сега со нов псевдоним ПАТНИК.

image

 

"ПАТНИК"  е  Костадин Диневски Динката со кого Дане се запознал во Идризово. 

 

patnik-e-Dinevski

 

Дане ја издржувал својата втоара затворска казна а Динката бил затворен* за проневера и злоупотреба на службена дожност 

 

15



Првата Оперативна акција "ПЛАСТИКА" е реализирана на 21 март 1972 година. 

eksplozija-na-bombite



Docev-bombite-AA


Docev-bombite-BB
Бомбите биле подметнати и екплодирале, подметнувачите на бомбите: Ѓорѓи Доцев, Костадин Диневски-Динка, Панде Ефтимов, Никола Димитров и Дончо Симеонов се уапсени и против нив е подигнато обвинение по член 117 – правење на завера и организовање против државата и народот.

 
Sudenje-na-Bombashite

 

Дане не бил вклучен во групата и затоа неможеле да го апсат кога биле апсени "бомбашите. Но УДБа, посевбно кога на човек со трауми од детството ке му дадеш можност да има моќ УДБа е подготвена на се. За тоа најдобро говори обидот Дане Поповски од сведок да биде обвинет. Во текот на самото судење се прави обид Дане Поповски кој бил повикан како сведок во текот на сведочењето да му инсконструираат учество во организирањето на терористичката акција и така и тој да биде обвинет ама обвинет за ТЕРОРИЗАМ и осуден на долгогодишна затворска казна.

По неуспехот на истрагата и судскиот процес, преку кои УДБа не можела да обезбеди, поточно ниту да исконструира докази дека Дане, Смичко и Чакара учестувале во подметнувањето на бомбите како ОРГАНИЗАТОРИ па затоа на соработниците на УДБа,  ДоцевДиневски-Динка и Ефтимов им се суди дека  „направиле обид да воспостават врска со Драган Богдановски и Кузман Мицевски, емигранти непријателски конфронтирани кон Социјалистичка Федеративна Југославија и Социјалистичка Република Македонија, што формирале своја организација и го издаваат списанието „Македонска нација“ - со непријателска содржина спрема СФРЈ и СРМ. Обвинетиот Костадин Диневски дел од написите од списанието „Македонска нација“ број 2 и 3 од 1971 година со писмо ги испраќа до: Централен комитет на Сојузот на младината на Македонија; до телевизијата Скопје; до весникот „Нова Македонија“; до Републичкиот одбор на синдикатите на Македонија, до Друштвото на писателите на Македонија, потпишано со ВМРО(ОБ) Скопје и до извршниот совет на Македонија - претседател Ксенте Богоев-Скопје, потпишано со Окружниот комитет на ВМРО-Обединета-Скопје. а не за подметнување на бомби и тероризам.

 
Dinkata-nova-makedonija-0




Dinkata-nova-makedonija-1

 


Дека УДБа знаела за тоа дека ке се поставуват бомби и кој ке ги поставува говори оваа службена белешка. Белешка од која јасно се гледа дека покрај Панде Ефтимов Ефтимов, УДБа подготвува влегување во групата и на Костадин Диневски Дине-Динката алијас "ПАТНИК" и со тоа целосно ја превзема контролата на групата.



Eftimov-bombi-0


Eftimov-bombi

 

 

Идеата била секогаш во групата која Бабан ке ја мести да има и по еден поет или уметник. Во првата ПЛАСТИКА се прави обид да се вовлече Михаил Ренџов  

 


Rendzov

 


Откако "отпаѓа" Ренџов, Бабан му се намерачува на Ристо Шишков!!
На Бабан не му било тешко да пронајде причина да го прогонува Шишков!! Шишков контактира од 1971 година со Дане Поповски еден од четворицата Основачи на ВМРО СДРМА ПРАВДА и главната цел на Бабан.



Dane-Shishkov

 

 

 Неколку збора за Дане Поповски:

 


image


 Нескршлив и непоправлив 


Dane-Shishkov-1



А работи да се Обединат : Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија и така Обединета Македонија да се ОТЦЕПИ од СФРЈ и стане САМОСТОЈНА


Dane-Shishkov-2

 

И најважното:


Dane-Shishkov


Иако контактите помеѓу Дане и Ристо се со постар датум, УДБа на Ристо официјално му отвора досие 1974 година а целта за која се отвора досиетое сосема јасна, УДБа не ја сокрива. УДБа сака Ристо да го намести дека е ОРГАНИЗАТОР на подметнувањето на бомби низ Скопје и се разбира да обезбеди и обинение за Дане дека е инспираторот.
Бидејки и Ристо не прифатил да стане соработник УДБа бара начин да го скрши и така примора на соработка. УДБа удира на семејството на Шишков. УБИЈЦИТЕ НА РИСТО И ВАСИЛ ШИШКОВИ СЕ НЕКАЗНЕТИ БЛАГОДАРЕЈКИ НА ГРУЕВСКИ:  НА СЕКОЈА ЛАГА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ ПА ТАКА И НА ЛАГИТЕ НА ЕДЕН ОД "УБИЈЦИТЕ" НА РИСТО ШИШКОВ : ПО ФИЗИЧКАТА ЛИКВИДАЦИЈА НА ШИШКОВ, ОБИД ЗА "УБИСТВО" НА ДЕЛОТО ЗА КАУЗАТА НА ШИШКОВ 

 

Plastika


Да прочитате повеке за Ѓорѓи Доцев: ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА ВЕТЕРАНИТЕ НА ДПМНЕ Е СОРАБОТНИК НА УДБА!!

Docev-sorabotnik

Динката бил затворен*: Костадин Диневски Динката има и досие на "прогонуван" таму е заведен под псевдоним "СКИТНИК"

Во текстот од Нова Македонија за Диневски се вели дека бил долгогодишен "робијаш" и како потврда на тоа се нуди доказ дека бил суден и осуден на затворска казна 1957 година. 1957 година Диневски не бил суден како Борец за Македонската Кауза:



Dinkata-nova-makedonija-2


Dinka-zatvor



dinkata-zatvor-1-A





ОА "ПЛАСТИКА ", ОА "ПЛАСТИКА 2" и ОА "ПЛАСТИКА 4" може да се каже одат паралелно. Во ОА "ПЛАСТИКА 4", повторно Дане и основачите на ВМРО СДРМА ПРАВДА не биле вовлечене во играта.

„Во врска со експлозијата во Скопје, Крсте Вељановски пред соработникот (кодошот Смилевец*, н.з.) искажал мислење дека тоа е дело на групата „Тројка“ во која биле опфатени и млади луѓе од универзитетот во Скопје“, стои во извештајот на Службата за државна безбедност од 1975 година.
Во самото досие нема повеќе детали за овој настан, но се гледа дека СДБ се обидувала да го потврди овој податок.
„Иако беше настојувано податокот да се расчисти, досега не е потврден“, наведува безбедносниот инспектор.
Групата „Тројка“, била составена од писателот и поранешен македонски амбасадор во Франција Јордан Плевнеш (во тоа време се презивал Цветановски и бил студент на Филозофскиот факултет во Скопје), потоа неговиот брат Љубе Цветановски, поранешниот директор на МТВ, и Љубе Наумовски.
Сепак, Вељановски и другите „банкари“ имале резерви кон групата „Тројка“. Причина за ова биле материјалите што „Тројка“ ги добивала од емиграцијата, но кои пред се доаѓале од МПО и од друштвото „Тодор Александров“ од Брисел, и двете пробугарски организации. Врската меѓу „Банкарите“ и „Тројка“ бил Митко Босилков.


Kодошот Смилевецсе среќава и под соработничко име "КОРЧАГИН". Како СМИЛЕВЕЦ го кодошел Дане Поповски а како КОРЧАГИН, "БАНКАРИТЕ", "ТРОЈКАТА". "ТРОЈКАТА" се браќата Ратко и Борис Градишки и Ефтим Гашев!!
Се работи за лицето Никола Коларов член на ПРВИОТ ИЗВРШЕН КОМИТЕТ на ВМРО ДПМНЕ

 

За оваа што сум го напишал сум користел документи превземени од сајтот на Комисијата за Лустрација.

пс. многу работи не ги објаснив до крај, за да се биде се објаснето во детали ке треба да напишам книга а јас ја немам таа дарба.

Моите текстови не се дело на човек кој има талент да пишува па затоа ке ме разберете зошто се со таков квалитет.

Read 4653 times