ШТО Е ПРИЧИНАТА ЗА АМНЕЗИЈА НА ЉУПЧО, ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ ?? 8

Јордан Петровски
 
19.03.2016
 
Втората причина  за  моето убедување дека и Заев како и ЉуПчо и Груевски  се само епизодисти, најмени од Тајната Антимакедонска Идеолошка Полиција во театарската представа ПОВЕКЕПАРТИЗАМ, лежи во фактот што Заев  непрекинато повторува дека неговата битка и битката на СДСМ и "Граѓанските Здруженија" е битка за ВРАЌАЊЕ на Слободата и Демократијата. Јас сум малку повозрасен, живеев во: времето на Титовиот комунизам, во времето на Оазата на Мирот и Демократијата на Глигоров, во времето на ЉуПчовите демократски методи на превоспитување на оние што не мислат како него и во тие времиња не видов во Македонија ниту Демократија ниту Слобода.  Затоа ми е чудна, да бидам конкретен ЛАЖНА изјава на Заев дека ке ја ВРАЌА Слободата и Демократијата. Јас никако неможам да одгатнам кога тоа во Македонија имало Слобода и Демократија, поточно кои се критериумите на Заев за Демократија и Слобода?
 
Да тргнам по основните белези по кои се препознаваат демократски и слободни општества а тоа се Граѓанските Здруженија и Медиумите!! Тоа се двата најбитни столаба, кои секаде во демократскиот свет не се под контрола на власта, во Македонскиот случај дa не се под контрола на Тајната Идеолошка Полиција бидејки таа е власт!!  Тие два столба се оние на кои се потпираат луѓето за да ја КОНТРОЛИРААТ власта, поточно работата на институциите. Граѓанските здруженија во Македонија се центри на политичка моќ без легален и легитимен легитимитет, тоа се параполитички центри или тие станаа замена за политичките комесари .... тотално изместена функција на Граѓанските Здруженија ....
 
 
 
 
Во Тоталитарните Системи за да биде задоволена формата, поточно за да и тие велат дека се демократски се формираат Граѓански Здруженија ама тие здруженија ги формира Тајната Идеолошка Полиција.
Според доказите со кои располагам  во Граѓанските здруженија во Македонија нема ни Г од Граѓанско, тие здруженија се формирани од Тајната Идеолошка Полиција за да работат на зачувување на Тоталитарниот Едноумен Комунистички Систем, односно да попречат формирање на вистиски Граѓански Здруженија,  со своето делување да ја блокираат секавката идеа, совет или препорака од Институции надвор од Македонија. Најеклатантни премери се :
 
-Блокадата на Резолициите 1096, 1481 за Осуда на Tоталитарните Системи на Советот на Европа
 
-Недавањето подршка на Прашката Декларација
Манипулацијата на "Граѓанските Здруженија" за неприменување на Резолуциите за осуда на Злоделата на Тоталитарниот Комунистички Систем, систем кој е воспотавен 1945 и кој функционира и ден денешен е приказната дека Југословенскиот комунизам бил многу похуман, дека стандардот бил повисок во однос на другите држави со Комунистички систем, дека имало слобода на патување а манипулацијата за постјугословенскиот период, период на "Самостојана" Р. Македонија е дека е донесен нов устав! Устав јој бил "демократски".
Во Резолуцијата пишува:
 

-Tоталитарните комунистички режими во Централна и во Источна Европа, без исклучок, се карактеризирале со масовни кршења на човековите права, односно со индивидуални или колективни убиства и егзекуции, концентрациони логори, депортации, тортура, физички терор. Криминалните дејства биле оправдувани со класната борба и принципите на диктатурата на пролетеријатот.

 
Резолуциите на Советот на Европа, Прашката Декларација не прават проценки за стандардот, за слободата на патување, за тоа што е напишано во Уставот, тие укажуваат дека треба да се ОСУДИ кршењето на Индивидуалните Човекови Права и Слободи! А за степенот на кршење на индивидуалните човекови права говори тоа што во бившата "демократска" Југославија постоел закон за вербален деликт. За демократијата во "Самостојна" Македонија говори фактот што се до 1995 година, во работата на Тајната Антимакедонска Идеолошка Полиција се применувани "демократските" закони од Југославија, говори фактот што се прогонувани близу 4 илјади граѓани заради своите идеолошки и политички опредлеби а ниту еден од тие 4 илјади не бил кривично гонет.
 
 
Дали после оваа изјава на експертов слушнавте реакција на некое граѓанско здружение, реакција на осуда??
 
Во демократскиот свет улогата на институциите задолжени за безбедност на државата е да го откијат сторителот и да го изведат пред суд. Судот е ЕДИНСТВЕНА институција која носи одлука дали лицето е виновно или не и судот одредува мерка, казна со која ке го казни за стореното дотогаш но и таа мерка ке делува воспитно за да лицето не се занивава со такви активности во иднина.
 
 
 
-Недавањето подршка на договорот "ПРЖИНО", поточно недавањето подршка на ПРОМЕНА НА СИСТЕМОТ главната цел на договорот "ПРЖИНО", цел која беше соопштена на директен начин од посредникот Ванхауте.
 
 
Дали некој слушна во Македонија дека "Граѓанските Здруженија" препоракава на ЕУ за тоа дека за да Македонија стане Демократска и Слободна држава треба ПРОМЕНА НА СИСТЕМОТ ја повторија барем еднаш откако ја искажа посредникот Вабхауте.
 
Зошто е тоа така, зошто при толку "Граѓански здруженија", ставот на сите по прашање на Осуда на Комунистичките Злодела и препораката на ЕУ за Промена на СИСТЕМОТ се ист? Малку историја, поточно ХРОНОЛОГИЈА за да работите станат појасни!!
 
Сите "Граѓански Здруженија", зборувам за оние влијателните, оние чие мислење секојдневно ни го пренесуваат "независните медиуми" потекнуваат-се финасирани, основани од еден центар а тоа е Фондацијата Отворено Општество ‒ Македонија! ФООМ е првото "Граѓанско Здружение" , формирано во "Самостојна" Македонија.  Владимир Милчин,  од прв ден па се до мината година е на чело на ФООМ. Идејата на отвореното општество што го промовираше Милчин, со мали исклучоци, беше во невладиниот и медиумски сектор да етаблира мрежа која по очекуваниот пад на државните монополи ќе биде алтернативна поддршка на олигархиската пост-комунистичка елита, најмоќното училиште за регрутација на нео-комунисти ..... Задача која до денеска ја изврши одлично! А зошто да не ја изврши одлично? Милчин во овие дваест и кусур години имаше на располагање СТО и кусур МИЛИОНИ долари. Во држава каде човечка душа се купува со сендвич и сокче и таа душа е подготвена да загине за тој што му го дава сендвичот и сокчето, се наметнува прашањето колку ли души има купено Владе Милчин и што се се  уште подготвени тие да сторат за исполнување на задачата: зачувување на Тоталитарниот Едноумен Комунистички Систем !!

Збор два за дисперзираниот центар на најмоќното училиште за регрутација на нео-комунисти-Хелсиншкиот Комитет:
 
 
-Мандатот на Хелсиншкиот комитет се состои во набљудување и оценувањето на извршувањето на обврските на државата во врска со човековите права и слободи, како и предупредување за пропустите, грешките или директните повреди на правата и слободите направени од страна на државните органи. Овие функции Хелсиншкиот комитет ги остварува со цел натамошен развој на демократското општество и на владеењето на правото, како основни предуслови за практикување и за заштита на базичните човекови права и слободи.
 
 
Поаѓајки од овие начела на Хелсиншкиот кометет во моментот кога го добив известувањето дека моето барање за одобрување на азил е одобрено го известив Хелсиншкиот комитет во Македонија.  Причини за известувањето беа следните;
-Очекував стручна помош за поведување на сусдка постапка пред судот во Македонија
-Очекував дека пресудата на Канадскиот суд со која јасно се укажува дка СДБ за период 1991-2000 година ги кршела човековите права ке биде доволен доказ Хелсиншки комитет да се заинтересира за судбината на останатите блузу 4 илјади Македонци, прогонувани од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини. Се повикувам на период 1991-2000 година, бидејки со законот за пристап кон личните досие за тој период даде непобитни докази, тој закон овозможи досиета да станат достапни.
 
Но Хелсиншки остана глув и нем!!
 
Еве доказ дека сум се обидел да ги контактирам!!
 
 
 
Од одговорот се гледа дека Хелсиншкиот комитет на чело со Мирјана Најчевска не слушнал за тоа дека досиета се достапни, неслушнал за злоупотребите и кршењата на Уставот кои ги правела ДБК а кои јасно се видливи од досиеата.
 
Во времето на Демократијата и Слободата која Заев сака да ја врати, Мирјана Најчевска беше Членка на Бордот на Хелсиншкиот комитет за човекови права во република Македонија (1994-2007) и беше Претседателка на Бордот на Хелсиншкиот комитет за човекови права во република Македонија (2001-2007).
Најчевска може слободно да се рече дека го водела Комитетот во време кога во Македонија со непобитни докази е докажано дека ДБК НЕУСТАВНО прислушкувала, следела близу 4 илјади граѓани на Македонија. За сите тие злоупотреби правени од ДБК Најчевска не кажала ниту еден збор, не напишала во ниту еден извештај дека во Македонија МАСОВНО се кршат индивидуалните човекови права и слободи на луѓето.
 
Мирјана Најчевска е:
 
Научнa советничка во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ и Професорка на постдипломските студии во Институтот – Човекови права и правна држава.
Членка на Бордот на Хелсиншкиот комитет за човекови права во република Македонија (1994-2007)
Претседателка на Бордот на Хелсиншкиот комитет за човекови права во република Македонија (2001-2007)
 

А оваа е нејзинито поимиња за демократијата и индивидуалните човекови права:


Заради статусот "експерт за човекови права", статус кој обезбедува "предводничка" улога во "Граѓанските Здруженија", Најчевска сигурно ужива од Заев и од водството на СДСМ голема почит. Затоа ке треба да очекуваме дека таа покрај, Милчин, Фрчковски, Ордановски, Малески, ..... ке биде еден од главните промотори на Враќањето на Слободата и Демократијата, таа по се ке работи на законот кој ке го уреди правото на глас, поточно закон кој ке прецизира дека "глупаците" ке немаат право на глас. Според критериумот на воспитаник на РЕВИДИРАН СТАЛИНИСТ, Најчевска, сите кои не се комунисти се глупаци и ке немаат право на глас. Со таков закон СДСМ ке нема потреба веке да фалсификува избори. Таквите избори ке бидат прогласувани за ФЕР и ДЕМОКРАТСКИ од "Грѓанските Здруженија" ...

За да не биде дека не сум побарал и од новиот председател на Хелсиншкиот комитет, господинот Калајџиев да си ги  покaже демократиските капацитети говори оваа преписка:
 
 
 
 
Одговор сеуше не сум добил.
 

Пак да се вратам на Заев и какво ке биде неговото ВРАЌЊЕ на Слободата и Демократијата!!

Калаџиев да ти бил предлог број еден на Заев-СДСМ за Специјален Јавен Обинител.


продолжува




 
 
 
 
 
Read 1625 times