И АЛАСАТ ЧУВАР НА ЕДНОУМНИОТ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ ?! 3

Јордан Петровски 07.06.2015

Во предходните текстови говорев за, АЛСАТ за Другарот Чедо, сега ке напишам некој збор за Омладинецот Стојановски, на него ке му дадам две продолженија, сепак неговите лаги се многу добро обмислени.

Тито го рекол следнотво:

“Народ који има овакву омладину, не треба бринути за своју будуќност”

Денеска триесет и кусур години по неговата смрт гледаме колку бил во право. Тогашните Титови младинци: Милчин, Најчевска, Калајџиски, Унковски, Чомовски …. се извинувам на неспоменаттие а ги има бајаги, за јота не скршнале од концептот на Титовистичкото едноумно воспитување. Затоа јас малку ке ја прафразирам, појаснам изјавата на Тито;

Народ кој има младина “испилена” во Хелсиншки комитет и во Фондацијата Отворено Општество, треба да знае дека ке остане бастион на тоталитарзимот , еднумието …

Уште неможам да поверувам дека е можно некој да искаже толку многу лаги и манипулации за толку кратко време додуша за да успее Другарот Стојановски во исполнувањето на задачата сесрдно му помагаше “независниот” Попетрески. Со што ли го “хранат” младиќов од Хелсиншки па толку лесно лагите да му се излеваат од уста, чиниш како да гледаш робот во кого се наснимани лагите, лаги добро осмислени и сите со една цел да се докаже дека во времето на СДСМ непостоело кршење на човекови права и слободи, да се докаже дека ДБК не била употребувана за зачувување на тоталитарниот едноумен комунистички систем.
Да почнам со најбитната манипулација, манипулација изнесена од водителот а “надградена и проширена” и од представникот на Хелсиншки Комитет. Попетрески вели: ако некој треба да одговара за период после “осамостојувањето” треба да одговара според законот за крвинична постапка!!

{youtube}www.youtube.com/watch?v=Ob0j0LZJaHY{/youtube}

На сервираната топка Другарот Стојановски веднаш пука волеј. Па вели дека од 17.11.1991 година, нетреба да има лустрација ама не кажува како да се премостат законските пречки …..

За да се поведе постапка, ЈО да ја прифати кривичната пријава треба да се приложат материјални докази! Да се приложи материјален доказ дека ДБК ве следело и дека при следењето ви се кршени човековите права, треба да го имате досието, треба ДБК да ви го даде досието и вие со тоа досие да го тужите Министерот на МВР, Директорот на ДБК, Подсекретарите, Началниците, …. сите оние кои учествувале во НЕУСТАВНИОТ прогон. Дали господинот Попетрески, Другарот Дамјановски и Другарот Стојановски очекуват дека министерот на полиција или директорот на ДБК ке дадат некое досие со кое против нив ке биде овозможен кривичен прогон? Не!! Лицата кои биле неуставно прогонувани евентуано доказите можат  да ги добијат по смена на власта. Тоа се случи во 2000 година, ама!!!
Тоталитарниот едноумен систем за да не преведе жедни преку вода 2000 година, донесе закон за пристап до личните досиеа, досиеа водени на ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ противници на комунистичкото уредување и практикување на власта.
Молкот на Хелсиншки Комитет, молкот на ФООМ, непокренувањето на кривична постапка на Републичкот Јавен Обинител кога беа отворени досиеата 2000 година, против прекршителите на со Устав загарантираните човекови права и слободи кои јасно се гледаа од досиеата, беше сигнал дека отворањето на досиета еуште една комунистичка голема измама.

Јас во тој период ја напуштив Македонија и поведов битка надвор од Македонија за докажување на фактот дека во Македонија не дошло до промена на системот. По пет годишна битка, судот во Канада донесе одлука дека ВЛАСТА во Македонија со Законите и Правилниците кои ги носела а кои не биле во склад со меѓународните конвенции за човекови права е недемократска, а со тоа и дека во Македонија не дошло до промена на системот.

Дека отворањето на досиеата е комунистичка измама потврдуваат двете кривични пријави, тоа се единствените, поднесени од лица кои биле прогонувани. И двете ЈО ги отфрла поради застареност!!
Првата кривична пријава е поднесена СЕДУМ месеци од последната службена белешка, Јавното Обинителство за да ја отфрли првата кривична пријава, делото на неуставен прогон, поточно неуставно прислушкување го квалификува како дело казниво со казна затвор до ТРИ месеци и поради застареност и релативна и апсолутна на делото ја отфрла кривичната пријава.
И втората кривична пријава е отфрлена поради застареност!! Иако ЈО прифаќа дека неуставниот прогон е казнив со казна од ДЕСЕТ години ама прави фалсификат со неприфаќање на доказот, Јавната Обинителка не го “видела” доказот дека во моментот на поднесување на кривичната пријава делото не било застарено, до застереноста, последната службена белешка од досието имало уште цели СЕДУМ месеци.

Од оваа се гледа дека покренување на кривична постапка во Македонија е НЕВОЗМОЖНА мисија!! Станува јасно дека праксата која го одликуваше бившиот систем, Уставот и превземените меѓународни конвенции се само мртво слово на хартија продолжи и по донесување на Уставот донесен 1991 година. Устав кој Другарот Стојановски го наметнува како света работа.

Другарот Стојановски треба да научи дека Уставот е само слово на хартија. Демократијата, заштитата на индивидуалните човекови права и слободи пропишани со Уставот ТРЕБА да ги спроведуваат, гарантираат и штитат институции. Но нели на избори граѓаните избираат политичка партија на која ке и ја ДАДАТ ВЛАСТА а политичката партија е збир на идеолошки истомисленици, кои нели може, праксата покажала дека е така, да посакаат нивната идеологија да биде единствена во државата а преку тоа вечно да владеат.
За да институциите ја извршуваат својата со Устав одредена задача, луѓето кои си го почитувале својот глас сватиле дека ВЛАСТА треба да е под “контрола”, односно будно следенена од граѓаните, затоа направиле невладините организации. Преку интелектуалците, новинарите, односно граѓаните кои немаат поданички менталитет, граѓаните кои се почитуваат себеси и кои знат дека власта се избира да му служи на граѓанинот изградиле-градат јавно мнение, јавно мнение кое треба да е врховен судија.

Дали во оваа погоре напишано Другарот Стојановски, господинот Попетрески и другарот Чедо се препознаваат себе си.

За да се покрие пресудата донесена во Канада, пак ЕДНОУМНИТ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ прави нова лага, лага наречена Закон за Луатрација. Закон за Лустрација чија цел е да не се разгради едноумниот тоталитарен систем, закон чија цел е да се сокријат комунистичките злостори, да се сокрие улогата на Белград во попречувањето на деморатизирање и ОСАМОСТОЈУВАЊЕ на Македонија.
Се измислува закон кој не е во склад со Уставот!! Комисија неможе да носи одлуки за нечија вина, вината се докажува во судска постапка и со правосилна судска пресуда.
Законодавецот, Хелсиншкиот комитет, ФООМ ако навистина сакаа да спроведе лустрација требаше во законодавството на Македонија да го вгради членот 7 од Резолуцијата 1096 на Советот на Европа,!! Целиот закон за Лустрација, треба ше да биде примената на член 7 од Резолуцијата 1096 на Советот на Европа. Во Македонското законодавство.

Член 7

„Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“

Ако сакаа ама не сакаа ниту тие ниту власта на Груевски а нели глумат дека се лути противници

Продолжува