И АЛАСАТ ЧУВАР НА ЕДНОУМНИОТ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ ?! 2

 

Јордан Петровски 05.06.2015

Втората голема манипулација ја искажа Чедомир Дамјановски, поранешнен член на комисијијата за лустрација и е во оваа видео:


Господинот Дамјановски изнесува тврдење дека во предходниот закон постоел член во кои стоело дека доколку добиле како комисија известување дека за тој министер или друг наредбодател дека не издавал идеолошко политичка наредба, идеолошко политичко делување на тој министер требале, морале да му ја верификуват изјавата .
Има две битни работи кои го побиваат тврдењето на господинот Дамјановски, првата е таа што МВР ги издвоила досиеата кои се водени од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини па така за период 1945 -1988 година, издвоила 14 300 досиеа на следени и 22 000 досиеа на лица кои биле осудени и кои издржале затворски казни. Тоа се луѓе кои се залагале за ОТЦЕПУВАЊЕ на Македонија од Југославија што НE било АНТИУСТАВНО, бидејки сите Устави на Југославија го ГАРАНТИРАЛЕ правото на народите на раздружување до ОТЦЕПУВАЊЕ.
За период после 1991 година ДБК следела нешто помалку од 4 илјади луѓе од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини.

Еве три доказа за моето тврдење. Првиот е за човек кој е следен и суден 1947 година а е еден од основачите на ВМРО СДРМА-ПРАВДА, другите два доказа се за следени после 1991 година.

[Image: Gige-1b60b.jpg]

[Image: Blazo-izve3652.jpg]

[Image: Photograph4c36.jpg]

Се наметнува прашање, се разбира ако онаа што го говори господинот Дамјановски е точно, кога МВР ја кажувало вистината, дали во наводниот допис или во известувањата кои им ги дало на барателите на увид во личните досиеа??

Мало појаснување од кое читателите сами ке извлечат заклучок.
За случаите пред 1991 година, дека Дамјановски не е во право говори пресудата со која е осуден Крстески и другите 22 илјади Македонци кои се залагале за Самостојна Македонија, за отцепување на Македонија од Југославија. Пресудата на Крестески е неуставна бидејки е суден и осуден за политичка активност која му била гарантирана со Уставот!! Значи суде е од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини.

За следените по 1991 година, следените во наводно самостојна и плурална Македонија, јасни показатели, докази дека следењето било од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини е НЕПОКРЕНУВАЊЕТО на ниту еден судски процес против следените после 1991 година, а ДБК следела, биле под ОПЕРАТИВНА ОБРАБОТКА близу 4 илјади луѓе, во тој период НЕУСТАВНО се ПРИСЛУШКУВАНИ близу 50 ИЛЈАДИ граѓани на Македонија!! Не е покренат ниту еден судски процес бидејки ДБК не обезбедила докази. Но има и уште нешто. Службата има еден специфичен начин на работа. Имено, прогонот не го прави за да на Прогонетиот ("Предмет на Обработка") му ги докаже наводните индиции, неможе да се докаже нешто што не постои, бидејки индиции формално служиле само како покритие за отворање на досието, за прогонот. Да нема недоразбирање, тоа Службата не го прави од неспособност или од незнаење, туку заради тоа што целта на системот на работа е да се здобие со нов кодош - при што од секој "противник" прави "свој" човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! За да се здобие со нов кодош, УДБ-а не избирала начин и средства: уцени, закани ... убеден сум дека и денеска не избира средства или начини ....

 


Втората битна работа која го демантира господинот Дамјановски е таа што јас ТРИ пати поднесував ИНИЦИЈАТВА за лустрирање на министерот Фрчовски, по сите три закона, бидејки тој е нардебодател за мое неуставно следење и прислушкување, сите три мои инцијативи не беа разгледани од комисијата!!???? Причина за неразгледувањето лежи во тоа што службите, ДБК несакале да го дадат моето оргинално досие на увид на службата.
Зошто не бев повикан да сведочам, јас кај мене го имам моето досие?? Зошто господинот Дамјановски не се заложил да се искористи таа можност??
Овој дел од видеото го издвоив бидејки најсликовито покажува со каков ментален склоп се луѓето кои биле и се битни чинители во заштитата на индивидуалните човекови права и слободи во Македонија:


Да тргнам од последниот збор на Дамјановски на видеото а тоа е дека сите лица кои биле следени и чии досиеа се употребени како докази за лустрирање на Фрчковски биле ОПРАВДАНО следени.
Зар е можно за луѓ чии екстремизам одел дотаму по зборовите на Друг Чедо е "нарушен уставниот поредок", и "се употребува оружје". Друг Чедо не спомена дека против не е подигнато ниту обвинение а не пак да е донесена правосилна судска пресуда?? Па отука прашање, како можат да бидат прогласени за виновни и тоа од правник, бивш член на комисија за лустрација, како е можно на оваа да не реагира представникот на Хелсиншки комитет, водителот Попетрески. Се покажа дека е можно, а можно е бидејки и Дамјановски, Стојановски, Попетрески ... се ментални комунисти, луѓе чија задача е одбрана на злосторот на носителите на едноумниот тоталитарен систем. Задача на разноразните Дамјановци, Стојановци, Попетревци е се што НЕУСТАВНО го правела УДБа, ДБК кога ја воделе луѓе од СДСМ да го прогласуваат за исправно. Тоталитаризмот и Едноумието под водството на СДСМ, според Македонскиот Хелсиншки Комитет е врв на човековата слобода.
Ке ги потсетам менталните комунисти, чуварите на Тоталитаризмот и Едноумието дека Уставот на Р. Македонија во Член 13 вели:

Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука !!

Со оваа паѓа во вода тврдењето на Дамјановски дека следењата биле ОПРАВДАНИ!!
Молкот на Стојановски кој МОРАШЕ да реагира и да укажена Дамјановски и на Попетрески дека следењата ке биле ОПРАВДАНИ ако лицата биле осудени со правосилна пресуда само јасно говори за составот и делувањето на Хелсиншкиот комитет.

Понатака, Дамјановски говореше само за ЕКСТРЕМИЗАМ ама дали од незнаење или пак свесно не спомена линијата на работа на ДБК, прогон за МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ. Линија на работа на ДБК која е усвоена со Правилникот за работа 10/92, значи Правилник усвоен во октомври 1992 година, и објавен во тане службен весник, скоро една година по донесувањето на "демократскиот" Устав.
Линијата на работа МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ ги опфаќа сите оние кои решавањето на МАКЕДОНСКОТО прашање го гледат и бараат во САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.

Дамјановски не спомена дека се до 1995 година, ДБК за прогон на ИДЕОЛОШКИТЕ и ПОЛИТИЧКИТЕ несистомисленици ги користи законите на бившата СФРЈ.

Продолжува.

Read 1322 times