И АЛАСАТ ЧУВАР НА ЕДНОУМНИОТ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ ?!

Јордан Петровски 26.05.2015

Деновиве , поточно на 03.04.2015 во емисијата 360 степени, тема на дискусија беше лусрирањето на уредничката на ФОКУС госпоѓата Јадранка Костова. Во емисијата за да се даде пример за селективноста во лустрацијата беше посочена мојата иницијатива за лустрирање на поранешниот министер на полиција Јордан Мијалков. Немаше да реагирам и да барам од уредникот Попетрески да ми даде можност за појаснување на искажаното, ако во прилогот врзан за мојата иницијатива не беше делот во кој комисијата за лустрација како втора можност за разгледување на мојата иницијатива, наведува дека ке е можно постапување по мојата иницијатива со мое присаство на таа седница. Сите мои обиди за контакт со уредникот на емисијата 360 степени Попетрески, Директорот на информативна редакција Мухамед Зекири, Извршен директор Бисера Јордановска не дадоа никаков резулатат, дури од никој од споменатите не добив никаков повратен одговор. Зошто ?? Дали од страв од вистината, поточно од страв дека лагите и манипулациите на нивните гости во емисијата, не само во оваа емисија, лаги во чие пласирање сесрдно помогнаат и водителите во оваа емисија водителот Попетрески, ако е така, а убеден сум дека е така и во АЛСАТ, поточно кај директорите, уредниците и водителите постои страв од лустрација, лустрација не по теркот на Груевски туку лустрација според Резолуциите на Советот на Европа 1096 и 1481. Резолуции кои овозможуваат судки процеси во кои злосторниците ке добијат затворски казни. Процеси после кои дефинитивно ке биде растурена УДБОКАГЕБЕОВСКАТА инсталација во Македонија. 
Со неколку примери, делови од емисијата ке го поткрепам моето укажување.

Во прилогот на Владимир Мирчевски има неколку битни недостатоци заради кои се обидов да го контактирам уредникот Поптерески и да ги укажам на тие недостатоци.

-Веродостојноста на документот е ПОТВРДЕНА уште 1992 година на 21 седница на Комисијата за надзор на СДБ а е објавено и соопштение на Владата со кое Владата која го отфрла обинувањето а го го пренесе весникот Нова Македонија од 19 фебруари 1993 година, на страна 4. во соопштението го пишува следново:

[Image: Photographdbcc.jpg]

-Маноил Мане Јаковлевски морал да поднесе изјава дека не бил соработник на службата до комисијата за лустрација бидејки е член на Управниот Одбор на Телеком. Се поставува прашање кој од комисијата го разгледувал досието на Маноил Јајовлевски?? Дали тој што го разгледувал свесно ги пресконал решенијата за прислушкување? Дали службите им го доставиле целото досие на Маноила?? Многу прашања !!

-Моето физичко присуство на седницата е невозможно бидејки како што спомена и Мирчевски јас сум политички азилант. Азилот сум го добил заради кршење на моите индивидуални човекови права и слободи. Како доказ пред властите на Канада сум го користел досието кое го водела СДБ за мене од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини во период 1992-1998 година. За тој период поседувам непобитни докази за кршење на моите индивидуални човекови права и слободи, моето полициско досие од кое јасно се гледа дека сум НЕУСТАВНО приелушкуван, следен, озвучен ми е домот. За периодот од 1998 па до денеска постојат сериозни индиции дека и понатака сум под Предходна Обработка. Од тука произлегува дека заради тоа што причините заради кои сум го добил азилот не се отстранети, сите учесници во моето следење и прогон се на слобода а дел од нив сеуште ги извршуваат своите функции во ДБК и МВР моето влегување во Македонија не е безбедно.

продолжува

Read 1444 times