ОБЕДИНУВАЧКИ КОД !! ГЕНЕТСКИ ПРОБЛЕМ ИЛИ……….. !?

Што сакам да ви кажам со ова !? Јас верувам дека кај Албанците во Македонија нема дилема дека тоа што се случи во Саботата во Дива Населба во Куманово е чиста игра на владејачката коалиција за да се задржи нивната Коста Конкордија од тонење барем уште некој период!! И покрај нанесените штети на нивните домови за нив нема дилема, ШТО ТОА СЕ СЛУЧИ ВО САБОТАТА СО НИВНИТЕ ДОМОВИ И ИМОТ !! Колатерална штета на владини лудории за да се спаси бродот кој тоне !! Исто и за западните дипломати нема дилема што се случи во Саботата во Куманово !! Тоновите беа остри и не случајно се случија оние сега за сега декор промени на Илинденска б.б !! Само кај Македончето има дилеми има поделеност во мислењето, АМА ЗОШТО ВАКА !? ЗОШТО Македончето да има дилеми а кај другите нема никакви дилеми !? Дали сме ние толку посебни за разлика од сите други во размислувањата или тоа е проблем во нашиот генетски код !? Се мислам дека проблемот е и во едното и другото. Дали “нашето” античко наследство не прави такви, толку големи светски ариевци со посебен генетески код уникатен со кој размислуваме посебно од целиот останат свет или пак некој си поигрува со проблемот во нашиот обединувачки код е тема за анализа на стручни лица. Тема која ќе мора еден ден да се отвори и сериозно да се разговара за оваа тема затоа што времето не гази,политичарите не газат како шлајм уличен. Го користат овој момент на немање на обединувачки код,не поделија по сите основи овие кој ја раководат сега државава,си играат со нашата интелигенција. При толку инсајдерски дојави и директни дојави што тоа се случи во Саботата во Куманово ,Македончето упорно и упорно сие поделено во своите мислења ,за едните Заев и СДС-М се криви за се она во Куманово а како криви и самите незнаат да објаснат кога сите инстиуции во државава ги води дпмне плус фактот дека групата се следела и се “знаеле” нивните намери во Македонија и дека се тоа можело да се спречи навреме или во најмала рака да се спроведе акцијата на место каде што нема да се случи толкава штета по кујќи и имоти на грајѓани !! Е КАКО БЕ МОЖЕ СДС-М ДА БИДЕ КРИВ ЗА НЕШТО КОГА СИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ДРЖАВАВА ГИ ВЛАДЕЈАТ ДУИ И (вмро) ДПМНЕ !!?? КОГА ТИЕ ТРЕБА ДА ГО МЕНАЏИРААТ СЕ ОНА ШТО СЕ СЛУЧИ ВО КУМАНОВО А НЕ СДС-М !! Или спинот е демек со протестите се ослабела позициите на специјалните сили !? Ајде кажетеми ,кој протестираше во 04:00 часот рано наутро во Саботата пред влада или пред собрание па специјалните единици беа замаени со протести !? И не им помина ова не успеаа провладините медиуми да ни ја фрлат розовата наметка на очи на сите во Македонија освен на нивните полтрони купени за бедна плата од 12.000 ден за едно сокче и сендвич со лист марула и растителен кашкавал и бедните говори на нивниот вожд за скандинсвка идила во Македонија ама едните во идилата се возат по фјордовите со Мерцедес од 600.000 евра, пази сума 600.000 евра а другите со автобус на Млаз Богданци од пред 30 год. од митинг на митинг. И кога ќе се развозува по фјордовите од таму ќе и каже на Гордана потрчката во стилот: кажи Мерцедесот дека е на МВР па после ќе си биде мој …. кажиму на Ставревски ама простум застаната дека не сум кај фјордовите туку сум тргнат по странски инвестиции !! И не помина и ова кај сите па вчера направија уште еден беден обид да се оцрни опозицијата цела !! Пуштија вчера клипче од П.И.М мерки кое вејќе не е валидно како судски доказ а го направија невалидно затоа што на клипчето го нема моментот на давање и земање на кешот !! Ако го имало тој момент Заев вејќе ќе имаше заеднички оброк со Љубе Бошкоски во Идризово !! И ова едните вчера упорно си го вртат по социјални мрежи без да стават прст на глава дека ако се случел криминалот Заев вејќе ќе беше зад решетки !!
Добро ќе почне ли конечно овој народ да мисли како еден да дише како едно тело барем кога се во прашање државни и национални интереси. Значи во демократија и плурализам нормално е да сме поделени по размислувања кој за која партија е и која партија би донела просперитете во државава ама кога е во прашање национални интереси,државни интереси,кога гледаме какво зло ,какви клептомани,какви монструми ја поклопиле,опаснот по опстанок на државава имаме од овие што не владејат и никако и никако да се сплотиме по ниедно прашање !! Значи оваа шизофрена власт значи толку длабоко навлезе во мозочните клетки на едните и ги контролира ги роботизира и тоа отиде толку далеку што и ги контролира и што треба да јадат и што да облечат,која телевизија да ја следат. Сакам да ви кажам дека оваа власт подло го искористи оној недостаток кај Македончето во неговиот ОБЕДИНУВАЧКИ ГЕНЕТСКИ КОД кој сериозно ни фали ,па треба некој клептомани и пиромани да ни го дотурат со инка !! Е тоа еее, се надевам дека после се ова што ни се случува,после сите овие трауми во овие 9 години што ги проживеаа некој,болки нанесени,неправди од секаков вид , да не ги набројувам со име и презиме,ги знаете и Македонци и Албанци,конечно ќе се пробуди тој обединувачки генетски код ако е некаде длабоко заспан во нас самите да го победиме заеднички ова владејачко зло а не да ни гледаат сеирот задскриени од позади завеса на Илиденска б.б ,едните со праведни барања за спас на државава од клептомани и пиромани а дургите на контрапротести да бранат криминал и пироманија.

Злате Мирчевски