Три пара гаќи сменив додека го следев обраќањето до јавноста на портпаролот на МВР Иво Котевски. У живот појше не сум се исплашил, ако не се смета она кога една скопска лудача ме врза гол со лисици за оградата на терасата, као за сексуална предигра и ме заборави таму на 15 степени под нулата. Исто и сега така се осеќав кога од Иво, портпаролот на МВР чув дека Македонија била цел на терористички напад. Прво што помислив кога го слушнав тоа, беше: Сигурно некои терористи со развиени сетила за естетика преку ноќ со шмиргла ги истругале барокните фасади во скопјево. Нели, тоа е доволно голема причина човек да се исплаши до смрт?
Ама друго било во прашање фала богу. Тоа, четириесетина вооружени терористи на УЧК да ти влегле во полициската караула во Гошинце, ги врзале сите четворица распиштолени полицајци кои биле во станицата и еден од терористиве почнал да им се закануваа на косовски албански дијалект, а друг им преведувал на лош српско-македонски јазик у фазон: Чујте вамо море еј! Ако још један пут ве видиме у овој станица че ви ебеме матер у пичка со нож! И така ги држеле врзани едно пола саат и после тоа ги пуштиле, откако им го зеле сето вооружување што го имале: четири чатали, две тенгала, кратки пластични цевки за гаѓање со бобици или фуники и неколку расходовани пендраци. А го демолирале и катапултот од времето на Јустинијан кој бил поставен пред полициската станица за не-дај-боже. Човече, страхота! Пола саат да те држат врзан четириесет терористи од УЧК кои зборат на лош македонско-српски јазик и после да те пуштат да си одиш дома таков потресен и распиштолен, пардон, расчатален, пошто пиштоли немале, не е заебанција
Пази еј! Четириесет добро и современо вооружени терористи на четворица наши храбри полицајци кои се задолжени да го чуват редот и мирот во најкризниот регион во Македонија од далечната 2001 година до сега. Значи десет на еден! Вистинска партизанска одисеја ко онаа за време на фашистичката офанзивата на Неретва или ко онаа за време на десантот на Дрвар кога Хитлер решил да го ликвидира другарот Тито по секоја цена.
Да, ќе признаете, тоа со Гошинце е многу страшна приказна... Ако си морон! Ако си теле и тутуле-баале! Ако си без мозок и ако го имаш истетовирано ликот на Груевски на целиот грб или на газот. Ама добро, долгогодишното потценување на ителегенцијата на останатиот дел од јавноста од страна на Котевски и Груевски си го направи своето. Блефот и манипулацијата не им помина. Уште во петата секунда по пресот на портпаролот на МВР, почна невидена спрдачина во јавноста и на социјалните мрежи на тема Заложничката драма во Гошинце. Нема таков меѓу нас со малку акал во главата кој веднаш не успеа да ја изведе простата математичка операција – собирање, за да пресмета колку се два плус два. Секогаш кога Груевски не бил во Македонија, а дома му гори под нозете, Албанците излегувале на улица незадоволни од нешто или накурчени на некого.
Ама како што му гори овојпат, никогаш претходно не му горело. Сега Груевски се пече на тивок оган. Оти ако неговите ментори од Брисел кајшто беше на гости, додека терористите држеа како заложници полицајци во Гошинце, решат да го пуштат низ вода, онака без пардон, Груевски го чекаат многу кривични пријави и многу години затвор доколку биде осуден за нив. Затоа, а тоа сум го потенцирал и во други колумни, он е подготвен на сѐ, ама буквално на сѐ, само за да се спаси. Само што во тој негов очај и желба да се спаси станува многу комичен, што од друга страна покажува дека нема муда за радикални потези. Никогаш и ги немал, зашто отсекогаш бил фраер на батерии. Обичен технократ желен за моќ, богатсво и популарност. Неговата умешност беше во тоа што долго му успеваше да ја убеди јавноста дека има муда да оди до крај, без разлика каков е, па затоа народот му се плашеше. Ама не било баш така.
Во последниве месеци кога од тајните снимки разбравме каков човек е и на кој начин владее, почна да попушта, да се тегави, да се женира, да пушта раче за по некој компромис. Ништо од неговата античка самодоверба која ја демонстрираше до пред една година. Затоа и заложничката драма во Гошинце режирана по негова наредба беше исто таква. Како него. Неуверлива, ефтина, млака и смешна. И добро е што преку неа покажа дека нема муда за порадикални чекори за да остане на власт. Оти да имаше, оние четириесетина вооружени типци што влегле во полициската станица во Гошинце, нели, ако биле четириесет, ќе ги ликвидираа полицајците ко што би направиле вистински терористи и ќе пуштеа манифест за причините за нивниот насилен акт или пак, ќе ги држеа во заложништво откако ќе испорачаа политички барања до власта како услов заложниците да бидат ослободени. Тоа е азбуката на тероризмот, а она што се случи во Гошинце е бурлеска. Дефокусирање на јавноста од бандата наречена ВМРО ДПМНЕ.
Мислам, дај! Споредете го она вчера што се случи во Гошинце, со она што пред три години се случи во Смилковци кога беа ликвидирани деца без никаква причина или со причина која и денес на ја знаеме. Но како и да се земе, она во Смилковци беше терористички акт. Тие убијци дури го ликвидираа и случајниот сведок на нивниот грозоморен чин. Такви се вистинските, школувани терористи. Бескомпромисни, фокусирани и демонски сурови во извршувањето на своите недела. Таквите фаци сигурно нема да ги врзат своите заложници и после пола саат да ги пуштат да раскажуваат наоколу дека биле врзани од терористи на УЧК, најверојатно дојдени од Косово зашто зборувале на лош мешан српско-македонски јазик. Ако воопшто и биле врзани полицајците во Гошинце.
Може тие пола саат играле покер со терористите. Не знаеме. Може имало кладба меѓу нив, па влогот во покерот била нивната слобода, за после тоа да отворат четири аса и да бидат пуштени дома. Ова последново е секако подраматично и помалку смешно толкување на она што точно се случило во Гошинце и зошто полицајците биле пуштени дома по пола саат заложништво. Оти вака не разбравме, за кој мој, таканаречените терористи влегле во станицата да земат заложници кои ги пуштиле по пола саат. Ако воопшто и биле мажи. Може полицајците во Гошинце биле нападнати од жени во мрежасти чорапи, стриптизети од Лесковац и Владичин Хан, кои ги врзале нашиве и ги пуштиле по пола саат откако сите завршиле работа на општо задоволство.
И од кај ги открија дека биле баш четириесет терористи. Изгледа потсвеста на Грујо работи така. Трауми од детството, зашто мајка му секоја вечер, пред спиење му ја читала приказната за Али Баба и четириесетте разбојници. И тие четириесетмина терористи, ако беа вистински терористи, сигурен сум ќе им беше малку непријатно да се чаталат што заробиле четворица полицајци вооружени со чатали и расходовани пендраци, за после тоа да ги пуштат без модрица на око. Би ги изел срамот пред нивните колеги-терористи од регионот и пошироко. Со кој образ би се појавиле на некој светски самит на терористи или семинар. Ќе ги утепаат од заебавање.
Само, да не се лажеме до крај. Има и една болна вистина во целава оваа бајка за Гошинце и терористите. А тоа е дека во липковскиот регион не функционираат институциите на државава. Таму одамна е укината правната држава, а со селата управуваат локалните албански старешини. Без нивна дозвола, никој не смее да зуцне за она што се случува таму. Тие старешнини се обично највозрасните и најмудрите жители во регионот. И ова е точно. Затоа да не ве чуди што во полициската станица во Гошинце имало само четворица лесно вооружени полицајци. Тие се таму ставени како манекени и никако поинаку. Колку да се покаже пред јавноста дека таму состојбата е под контрола и дека државата беспрекорно функционира, иако вистината е дека без дозвола на локалниот селски старешина на Албанците, ниту еден претставник на државата или од органите на редот, не смее да стапне во селото.
Ќе повторам, ова што го тврдам е сто проценти точно. И знам дека на повеќето од вас им е полесно кога веруваат дека живеат во суверена и самостојна држава, а не зад кулиси од стиропор кои секој миг можат да се ничкосаат и се направат парам-парче. А како доказ за ова пак ќе ја цитирам изјавата на албанскиот политички аналитичар Ким Мехмети дадена во еден странски документарец за Македонија (Македонија меѓу мирот и немирот) каде вели: Дури и ако секој Македонец стане полицаец, државата никогаш нема да воспостави контрола врз Албанците во регионите каде се побројни! Сепак, не се секирајте и мирно нанајте, тој документарец никогаш нема да биде емитуван на некоја од македонските телевизии. И кога албанскиот премиер Еди Рама следниот пат, пак ќе пушти абер до ЕУ за обединување на Косово со Албанија по принципот на обединувањето на Западна и Источна Германија, вие само затнете ги ушите и затворете ги очите. Така е подобро. Ама тоа е друга приказна. За блиско идно време. Во моментов Груевски и неговото владеење е нашиот најголем проблем што треба да го решиме. Што побрзо, тоа подобро.
Сашо Тасевски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на КОТЛЕ1 значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ТУКА