БРИСЕЛСКИТЕ СЛУЧУВАЊА


Почируван Господин Фуле,


Макфакс | 03:11, 02 Окт 2011


Случувањата од минатата недела на панел дискусијата „Silencing the Press“ се последица на погрешната политика на ЕУ кон Македонија. Имено, за изминативе дваесет години, Еворпската Заедница не изврши притисок врз ниедна власт во Македонија да раскине со комунизмот. Истата грешка ја повторивте и вие сега Господин Фуле со вашите изјави за осуда на едната страна во „спорот“ во споменатиот циркуски скандал.

На мое големо разочарување, Вие застанавте во одбрана на луѓе кои заедно со нивните ментори се главните виновници поради кои во Македонија нема демократија и нема демократски медиуми. Нивниот однос кон демократијата резултираше со премиер и власт олицетворена во Никола Груевски. Борбата на формално две спротивставени страни е всашност внатрешен судир помеѓу идеолошки исти луѓе. Вие, со Вашето вмешување во спорот суштински браните недемократи од недемократи, комунисти од комунисти. Ако навистина сакате да ѝ помогнете на Република Македонија да тргне по патот на демократијата и владеењето на законот тогаш обидете се да проникнете во суштината на проблемот. Обидете се да разберете дека „демократите“ кои ги штитите се истите лажни дисиденти кои протестираа против Тито и таканаречените цревени буржуи. Тогаш менторите на денешниве квази-новинари не бараа демократија и човекови слободи, туку беа лути на Титовото скршнување од комунистичкиот пат. Значи, тие беа комунистички радикали. Превејаниот манипулант Тито им даде звучно име, нарекувајќи ги „анархо либерали“, а со името им додели и возвишени титули на професори, режисери, писатели, глумци итн. Тие и нивните деца денеска се чувари на комунистичкиот Свет Грал. Така во 1990. год. на Македонија ѝ се случи предвесници на демократијата, и наводни борци против комунизмот да бидат професори по марксизам и „анархо либералите“ на кои Тито им го остави аманетот да го сочуваат комунизмот .

Господине Фуле комунизмот кон своите вистински противници секогаш бил немилосрден казнувајќи ги со ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување и бришење на секаква трага за постоење на такви луѓе. Дали такви луѓе гледате во едната или во другата група? Нема Господине Фуле. Вистинските поборници на демократијата и борци за раскин со идеолошкото едноумие Вие и Евроамбасадорите не можете да ги сретнете во Република Македонија. Тие луѓе денеска се или душевно или буквално умртвени. За нив квази-новинарите кои ги земате за ваши штитеници никогаш не напишале збор. Треба да се запрашате зошто овие „демократи“ кои наводно сега се обесправени не проговорија јавно до ден денеска за прогонот на ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ НА РЕЖИМОТ што продолжи со несмалена жештина и по воведувањето на повеќепартизмот во Македонија. Доказ за оваа мое тврдење се преку 4.000-те досијеа кои Тајната полиција ги отворила на ИДЕОЛОШКИТЕ И ПОЛИТЧКИТЕ неистомисленици (на Режимот), единствените вистински поборници за демократија и почитување на човековите права на единката. Тоа за преоблечените комунисти е смртен грев. Кога ќе споредите досие отворено во времето на едноумието со досие отворено во времето на безумието, после 1991. год.—време на лажниот повеќепартизам, ќе видите ист вокабулар и исти причини за прогон. Во тие досијеа и случувањата околу нив е доказот дека ова што го доживуваме денес е ништо друго освен внатревежимска пресметка; односно практично олицетворение на желбата на Груевски да воспостави контрола врз целото комунистчко семејство и да стане нов Тито.

Зошто го велам ова? – Лустрацијата која ја спроведува Груевски е строго контролирана. Овој процес се става исклучиво во функција да послужи како задскривање на вистинското решавање на проблемот со употребата на Тајната полиција во партиски и идеолошки цели. Меѓутоа, внимавајте од ова погоре да да не стекнете погрешен впечаток дека досега лустрираните не биле соработници или пак дека се општо невини. Бидете сигурни дека од нивната невиност нема ни „н“. Дека се работи за дозирана пресметка, најубаво говори фактот што само еден од прогонетите (јас), по игра на случај повел постапка пред Суд, додека сите други не можат да побараат правда пред органите на правната држава. Имено, според македонскиот закон судска постапка е невозможна за прогонуваните бидејќи досиејата кои можат да ги користат како доказен материјал им се доставени предоцна за да можат да поведат постапка. А бидејќи поминал законскиот рок, тогаш според судот делата се сметаат за застарени. Ова беше обработено на сајтот http://www.kotle.ca ; http://www.cd-macedonia.com во случајот на Блажо Стојаноски од Прилеп. Резолуција 1.096 на Советот на Европа од 27.6.1996. год. (член 7) предвидува решение за такви случаи и вели:

„Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“

Владата на Груевски оваа препорака не ја испочитува. Причината е многу јасна за нас кои сме биле прогонувани и кои ги гледаме денешните позиции на луѓето кои биле НАЛОГОДАВАЧИ и директни извршители. Ако се дозволи судска постапка, колку судството да е под контрола на власта тоа нема да може да го изджи притисокот на јавното мнение и ќе мора да осуди неколкумина од извршителите; бидејќи за нивната вина постојат непобитни докази во самите досијеа. Една пресуда ќе значи судски прецедент ин а тој начин ќе го сруши ѕидот на молчењето.

Врв на дрскоста која беше резултат на убеденоста дека ЕУ нема ништо против македонското нерасчистување со комунизмот беа кандидатурите за председателските Избори од 2009. год. Според однесувањето на евроамбасадорот Фоуре се стекна убедување дека е пожелно во Македонија комунизмот да остане на власт. Подршката која г. Фоуере ја искажа за председателскиот кандидат на социјалдемократите, г. Фрчкоски—Министерот на полиција во времето кога е обновен прогонот—беше прејасен сигнал за комунистичкото крило предводено од Груевски дека не мора да менува ништо во начинот на владеење и дека е пожелно да продолжи со истите методи.

Сега би сакал да се осврнам конкретно на случката во Европарламентот со г Шацимаркакис, г Фоуре, и двете банди на македонски квази-новинари. Имено, додека ви се познати фашистичко-комунистичките методи на провладините претставници, се чини дека не сте доволно запознаени со минатото на оние кои Шацимаркакис ги згрижува како страдалници. Комитетот кој јас го претставувам во мај 2010. год. пред јавноста изнесе скандал од 2008. год. директно поврзан со г Велија Рамковски, сопственик на медуимскиот картел во кој беа вработени згрижените квази-новинари. Тогаш една ТВ куќа ја превзема снимката од Ѕоу Тубе која ние ја прикачивме неколку месеци порано. На снимката г Рамковски зборува за неговото поимање на слободата на новинарството и за начинот како ги третира новинарите кои не се повинуваат на неговите наредби за кого и што смее да се пишува.

Во снимките Рамковски се заканува на новинарите да не објавуваат ништо во врска со неколкуте високопрофилни случаи на корупција во кои се вмешани високи државни функционери и проминентни олигарси. Една од овие државни функционери, Петра Митева—поранешна директорка на Управата за јавни приходи, беше задолжена да им изврши инспекција на фимите во сопственост на г Рамковски во 2006. год. Нејзината Управа состави смешен извештај во кој тврдеше дека не постоеле никакви неправилности во даночното работење на фирмите на дотичниот. Симптоматично е што две години подоцна, кога г-ѓа Митева се најде себе си под истрага за неповрзана злоупотреба на јавна должност, г Рамковски отворено пред целиот новинарски состав на „Време“ се закани на новинарите да ја заштитат Митева. Оваа епизода е доволна за да може да се заклучи дека медиумски конгломерат кој е длабоко заглавен во тешки долгови на даноци, вмешан во сериозни финансиски проневери и други криминални активности не може да се очекува да ја има улогата на чесен стражар против злоупотребата на државните институции.

Групата на новинари кои беа присутни на тирадата на Рамковски која подоцна беше објавена во опишаната снимка набргу мораше да замине од картелот на Рамковски, бидејќи не им беа исплаќани плати, придонеси за пензиско и социјално осигурување. Тоа беше последната група на навистина независни новинари во Македонија. Тогаш никој не крена глас, па ни нивните колеги кои денеска плачат на вашето рамо.

Има уште многу да се пишува, но не сакам да ви одземам премногу време. Затоа, ќе ви ја објаснам суштината на работата на идеолошката полиција, која во Република Македонија сè уште постои под името Служба за државна безбедност:

Идеолошката полиција прогонот не го прави за да на Прогонетиот („Предмет на Обработка“) му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди Осомничениот. Да нема недоразбирање, тоа Службата не го прави од неспособност или од незнаење, туку заради тоа што целта на системот на работа е да се здобие со нов кодош—при што од секој „противник “ прави „свој“ човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! Дали господине Фуле можете да верувате дека од 4.000 досијеа Идеолошката полиција, ако навистина индициите постоеле, не можела да обезбеди докази за ниту еден да биде изведен пред суд?



Со почит,

Јордан Петровски

Претседател на Комитет за демократизација на Република Македонија, Сент Катеринс, Онтарио, Канада

Read 1468 times