УЧИТЕЛКИТЕ ВО ТАНГА, ПРВАЧИЊАТА И НИВНИТЕ ТАТКОВЦИ

          Тешко на тие мајки првачиња на школо што пратија, зашто најсреќни на првиот училишен ден беа татковците. Ги гледаш татковциве цело време нешто снимаат со мобилни и камери и природно ти доаѓа да помислиш дека ги снимаат своите првачиња. Кога вака, случајно погледнуваш во дисплејот на еден татко и гледаш татково го снима дискретното ама исполнето деколте на учителката. Друг татко до него, кадарот на камерата го исполнил со истото деколте, ама зумирано. Штом заврши пригодниот говор на учителката се заврте кон децата и ете ти беља, блесна нејзината танга, убаво оцртана под белите цевка-пантолони. А бе мислам во истиот момент уште триста мобилни почнаа да штракаат и да снимаат во правец на учителката. На тој таткото до мене почна да му се тресе раката и да му игра левото око. Се кладам дека по прославата штом стигнал на работното место, одма ја аднал на фејсбук.

          Слично искуство од првиот училишен ден споделуваат и други татковци од нашиот град. Повеќето од нив по средбата со новата учителка на нивното прваче живи ќе се изедат што не можат да се вратат во прво оделение, оти факт е, ние своевремено немавме толку добри учителки. И нашите учителки наместо танга носеа волнени гаќи. После една мајка видно револтирана од тоа што се случи раскажуваше дека одредени учителки, некои од нив нејзини пријателки, на првиот училишен ден добиваат најмногу понуди за пријателство на фејсбук. И сите тие понуди се камуфлирани под девизата: Учителке, би сакал да бидеме во постојан контакт во интерес на моето дете! Имало учителки кои по првиот училишен ден буквално биле прогонувани од попалени татковци со подлабок џеб, па дури и пријавувале за вознемирувањата во полиција, но кога полицајците таквите поплаки ги удирале на виц, на учителките не им останувало ништо друго освен да потклекнат на додворувањата или да почнат да пијат за да го намалат стресот од нив. Е па...

Брзај брзај прваче кон школскиот двор,

те чека учителка пијана ќор!

Песни сказни стихови таа ќе ти реди

потоа на тато во скутот ќе му седи!

          Неубаво ама вистинито. Има разни говеда што себеси се нарекуваат татковци. Не дека јас не погледнувам во згодна жена, со танга или без неа, па еве нека е и учителка на моето дете, ама сепак да коментиран полугласно за нејзините дињи, да стенкам и офкам додека ја држам камерата обземен од сладострастие или да ја адднам на фејсбук за да се лигавам на нејзините фотки од Крф е малку без врска. И еве, дури и некој од тие татковци да успее да ја заведе учителката на своето прваче, тоа е секогаш меч со две острици. Ако добро ја сервисира, неговото дете сигурно нема да има проблем со оценките, но прашање е дали тие ќе одговараат на неговото реално знаење. А што ако утре ѝ раскине или ако од преголема возбуда му падне шеќерот пред учителката и љуфне како швалер? Тоа на неговото дете може многу лесно да му се одрази на успехот и да му го заебе просекот, а детето ни криво ни должно.

          И уште нешто, не толку важно како тангата и деколтето на учителките на нашите деца. Гледам на најобјективните телевизии во Македонија не пропуштаат да потсетат дека денес да се има прваче е луксуз, но ете, добро е што владата обезбедила барем, бесплатни учебници и така им спасила на родителите 200 евра од домашниот буџет. Па згора на сѐ, тие бесплатни учебници, не се некои обични и прости од какви што учевме ние кога бевме копиљаци, туку тоа се учебници направени по програма на Кембриџ, нормално малку адаптирани на нашава реалност во која сѐ е розево, во која ништо од она што ние сме го учеле повеќе не важи, во која хероите од минатото станаа најголеми предавници, а предавниците од истото минато, добија свои споменици, улици и булевари. Станаа патрони на училишта, на плоштади и спортски клубови и сали. Нека се носат во триста пички мајчини! Ќе имам проблем со содржината на тие учебници кога-тогаш, ама ќе го издржам и тоа некако и како вистински дисидент моите деца ќе ги упатувам на адресата на вистинското спознавање. Ќе им посочувам апокрифни содржини кои утре од нив ќе направат луѓе, а не робови во ова посрано бачило во кое сите мантраат: Подобро пеесет години како овца, отколку еден ден како лав!

          Да, на време ќе ги информирам дека треба да научат добро барем два светски јазика, да одберат професии кои се глобално интересни од овде па до Австралија и дека немаат никаква одговорност да ги враќаат долговите на кумот Ставре и останатите бандити кои наводно им обезбедиле бесплатни учебници за да учат од нив во прво оделение. Ќе им сугерирам да го напуштат бачилово во првата погодна ситуација, зашто секој државен долг е откинување од устата на идните генерации во корист на мала група актуелни крадачи кои арчат без усул, онака најовчарски, зашто знаат дека си имаат работа со овци, а не со мислечки ентитети и индивидуи. И ајде да видам нека дојде некој педерастичен шиљокуран како пола од министрите наши и нека ми каже дека бегањето од бачилото не е патриотски чин зашто тие обезбедиле бесплатни учебници. Вака ќе им речам: Читајте ми од усни педерчиќи мили, за ваша несреќа не сум овца и знам, нема ништо бесплатно на овој свет, па така и тие учебници не се бесплатни! Платени се тие и преплатени со даноците, со де-де-ве-то и со катаљон други срања и казни што ги смислувате за да скриете дека царот е гол ко од мајка роден!

          Ете така ќе направам, а во меѓувреме ќе фаќам сеири на фејсбук за учителките во танга и за татковците на првачињата со длабок џеб кои се удираат во гради дека се способни претприемачи во едно демократско капиталистичко општество со злободен пазар, а ваму секој ден трчаат да му го бацат голиот газ на царот, за да им дозволи да го туркаат својот бизнис. Замислете, од царот им зависи бизнисот, а не од пазарот. Е тоа се комуњари пичка им мајчина! Затоа, другпат овчички драги, трипати размислете каде и кога го употребувате зборот комуњар, оти некоја учителка во танга, со мајчински збор, сигурно ве чека на повторување во прво оделение.  

Read 4309 times