Ели Секуловска фб статус 28.08.2021
Научени да чекаме , во смрзнатото време . Порано , во социјализмот чекаа да дојде комунизмот , а сега чекаат да се отоврат вратите на Европа . Македонија чека . Затоа што така е навикната , да чека . Оти тоа е дел од таа комунистичка доктрина , која го инвалидизира човекот и ја смрзнува сликата .
Социјализмот создаде своевиден парадокс на чекалница ,како кај Бекет .
Зошто не доаѓаш?
Доаѓам.
Се вели дека не е лесно да се направи добра репрезентација на социјализмот затоа што во него ништо не се случува .
Го чекаме комунизмот, беше најголемото историско ветување , иако знаеа дека тоа никогаш нема да се случи .
Но , чекањето , чекањето и чекањето не им го направи тежок ,туку животот на "неутралните луѓе" , напротив им го направи неподносливо лесен - Кундера ( Неподнослива леснотија на живеењето) . Затоа што во социјализмот френетично ништо не се случува . Се е замрзнато Админстрацијата работи од 8 до 3 , како и денес и никој за ништо не се труди .Одговорност нема за ништо . Пасивноста е одлика на животот .Пасивноста е одлика на "финиот граѓанин" , кој не се буни , туку чека ! Троа сигурност дека на први има плата . Борба нема . Но , за да им биде интересно , ќе ја претворат Македонија во арена на оговарања , подметнуваеа и провинцијализам . Потоа , си наоѓаат група на виновници , на кои од време на време ќе се канализира негативната енергија на , "неутралните "де . Паметните , разборитите , способните , втерани во еден ќош . Замолчани . Истепани .
. Па и денес не сме се одвикнале од чекање со ништо неправење , чекаме и чекаме , со истата матрица на чекање и ништо неправење и чекаме да не викнат во Европа .