Јордан Петровски 20.10.2019
За да не ни се повторува 1945, 1991, 1998, 2006, 2016 година, ке мора да се преброиме за да утврдиме кои се мнозинство во Македонија: дали ФЕДЕРАЛИСТИТЕ-ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТИТЕ или СУВЕРЕНИСТИТЕ!!
Најлесен и најсигурен начин за да се преброиме се изборите кои се закажани за 12.04.2020.
Заев, односно СДСМ (дали тука ке влезе и ДПМНЕ ке дознаме наскоро) и неговите коалициони партнери веке се изјаснија дека тие остануваат процесот за прием во ЕУ да го продолжат како Република Северна Македонија!! Дека ќе направат се договорот со Бугарија да биде докрај завршен, односно да се усогласи „историјата“.
СУВЕРЕНИСТИТЕ -десницата, следбениците на идеата на ВМРО ке бидат оние кои ке понудат ПОНИШТУВАЊЕ на сите закони што ги донел парламентот под претседателство на НЕЛЕГИТИМНО избраниот Претседател на парламентот Таљат Џафери! Ке бидат тие кои ке спроведат лустрација за целот период на владеење на комунистите а тоа е од 1945 па до се надевам 13.04.2020 година.
Ке понудат и своја визија за демократизација и приклучување на Македонија кон земјите од Западниот свет!
Да ги потсетам оние што заборавиле или оние што незнаат: ВМРО е единствениот политички субјект на Македонците кои бил и останал за поврзување на Македонија со западниот свет!! Најцврст доказ за тоа е ВМРО СДРМА -Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на АМЕРИКА. Првиот обид ОРГАНИЗАЦИЈАТА ВМРО да стане политичка партија е со формирањето на ВМРО СДРМА!!
Само на овој начин, со ваква предизборна кампања ке имаме чиста и јасна позиција кој е кој и што е што во Македонија. Ке имаме победник кој добил чиста и јасна подршка од гласачите за политиките кои ќе ги спороведува после изборите!!
За прв пат ке нема, „кога ке дојдам на власт прво ја растурам тајната полиција“!! Ке нема „се колнам во моите деца име не менувам“!! Ке нема „не правам коалиција со терористи“ а после изборите веднаш да се прави коалиција!! Ке нема „парламентот донесе одлука да ги амнестира убијците на цивили Македонци од војната 2001 година и јас бев должен да го спроведам тоа“.
Ако нема вака чиста и јасна понуда од партиите изборите МОРА ДА БИДАТ БОЈКОТИРАНИ од сите оние на кои им е доста од лаги и подметнувања, на сите оние на кој им е доста од играта Курто и Мурто, од играта едно зборува пред избори а после избори прави што сака!!