КАКВО ОБЕДИНУВАЊЕ Е МОЖНО

ЈорданПетровски 17.02.2020

Во ова предвечерје на избори кои конечно ги прифати Заев, од сите страни доаѓаат повици за обединување. По мое видување ниту еден од овие повици не е искрен. А, не е искрен затоа што не посочува околу што би трабело да се обединиме. Односно, не ја објаснува суштинската цел на обединувањето а тоа е деморатизација и владеењето на правото во Македонија како основен услов за опстанок на Македонија како држава!

Се манипулира, повторно, со веќе по кој знае кој пат повторената приказна, да го срушиме оној што е во моментот на власт Заев денеска , Груевски, Црвенковски/Бучковски, Љупчо, Црвенковски... во минатото. Суштинскиот проблем на Македонија не се личностите кои ни ги нуделе и ни ги нудат да ги рушиме, туку проблемот с во тоа што не е променет системот кој беше воспоставен во 1945 година! Тоа е систем кој почива на политички и економски криминал, политичка и економска корупција, лажен соживот -- братство и единство, систем на присила, систем кој казнува успешни и самостојни луѓе/умови, а кој наградува неморални поведенија, ситем за кој Уставот за коните се парче хартија за кои не треба да се држиме како пијан за плот!! Проблемот е што службите за безбедност кои, според Уставот, треба  да ги санкционираат криминалот и корупцијата се центарот од кои тие се стимулираат. Парите и моќта да обезбедуваат привилегии и да преиначува судски пресуди ѝ се потребни на службата за да ја плаќа соработничката мрежа која е енормно голема и брои околу 400 илјади луѓе!

Оттука, според мене понудата на најголемата опозициска партија, која нуди економска обнова е неостварлива бидејќи 99% од економијата во државата е под капата на Службата! Затоа ми се наметнува прашање, дали Мицкоски мисли да продолжи да ѝ слугува на Службата и само тој и неколкумина околу него да ги почувствуваат бенефитите од промената на човекот кој бил досега на власт, а за тоа како и сите премиери досега да биде обвинет, ама неосусуден, за криминал кој ќе се прикажува во милијарди!?

Ванхауте го беше детектирал проблемот во Македонија со 100% точност! Еве ја неговата дијагноза:

Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ.
Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени.
Рано е да се зборува за каков било друг план. 

Но секогаш пред човек да направи вистинско дело од лукавиот добива понуда да го избере патот по кој ќе тргне и се разбира до која цел ќе стаса. Дали ќе стаса до целта да остане запишан во историјата како човек кој направил големо дело или ќе го избере патот кој води до целта да остане запишан во историјата како човек кој заради некои ситни погодности го изневерил сопствениот збор, сопствената појдовна идеа? А таа беше СМЕНА НА СИСТЕМОТ. Господинот Вaнхојте лукавиот го стави на искушение нудејќи му дружба со фондацијата Отворено опшетство Македонија. Превејаните комунистички манипулатори од ФООМ му понудија на господинот Ванхауте слава. Почнаа да го канат на трибини кадe му даваа простор да говори. Медиумите платени од ФООМ секој ден пишуваа за тоа што рекол Ванхауте. Дали само настапите на трибините, написите во весниците беа причина господинот Ванхауте да заборави на зборот кој го дал, СМЕНА НА СИСТЕМОТ и да стане ДРУГАРОТ Перо во комуњарската братија на ФООМ не би сакaл да шпекулирам.

Истото се случи и со Прибе! Значи, иако Ванхауте и Прибе знаеа дека решението на проблемот не е една партија да се замени со друга, тие не само што го дозволија тоа туку и го наметнаа решението, една партија да се замени со друга, без да се направиат вистински реформи во од нив посочените области.

Има уште една битна работа кој мора да имаме на ум ако сакаме да дојдеме до вистината каде лежи проблемот. Ниту еден премиер освен Заев не биле осомничени и аболицирани за криминал пред да влезат во политиката и да станат премиер! Ама откако станаа премиери за сите се пишува дека сториле криминали, а дел од нив се судени.

Значи изворот на проблемот е СИСТЕМОТ, а не луѓето. Досега ние ги менувавме луѓето и тоа се покажа неуспешно! Зар не гледате дека и сега чуварите на системот пак заговараат да направиме смена на луѓе а не на системот?

Затоа еве ќе изнесам мое видување како да го решиме проблемот, односно како да се промени системот по демократски пат.

Прво и основно е тоа што НИЕДНА ПАРТИЈА сама не може да освои доволно пратеници да го стори менувањето на системот!

Од тука ако се сака промена на системот за да се изградат темелите за градење на демокртска држава мора да се обединат партиите кои сакаат демократска и правна држава, држава во која ќе се почитуваат ИНДИВИДУАЛНИТЕ човекови права и слободи, држава во која сите ќе бидат еднакви пред законот, држава каде што институциите ќе го бранат Уставот, правото и изборната волја на граѓаните искажана на избори, односно обединување на СУВЕРЕНИСТИТЕ!!

Значи обединувањето е можно ако сите партии и движења се откажат од своите идеологии. Левичарите од социјалната држава, десницата од укинување на стекнатите социјални права! Ниедна партија или движење да не го наметнува своето видување во кој сојуз треба Македонија да се приклучи!
Па откако ќе се направи менување на системот,менување кое не смее да трае повеќе од една до една ипол година, да се распишат нови избори и сите партии да учествуваат самостојно или дел од нив како коалиции во изборите на кои ќе ги понудат своите идеолошки определби и своите оределби за влегување во сојузи!

Што треба да се стори доколку обединувањето биде успешно и донесе доволен број пратеници за формирање на влада без да се коалицира со некоја друга партија?

Првин треба да се поништат сите закони, договори, избори на функционери итн. кои се донесени со кршење на Уставот. Тоа е единствено можно да се стори бргу и ефикасно само со лустрација. Затоа владата која ќе биде избрана ќе треба веднаш да побара мислење од Венецијанската комисија за тоа дали во Македонија треба да се спроведе лустрација и за период после 1991 година, иако Венецијанската комисија веќе дала такво мислење. Барањето да биде поткрепено со приложување докази сочинети од законите, правилниците и другите нормативни акти кои се донесени после 1991 година со кои е нормиран НУСТАВЕН прогон на идеолошки и политички противници на системот, а за кој постојат непобитни докази во форма на досиејата на обработуваните! Со тоа ќе се елиминира секаков приговор за спроведувањето на лустрацијата од земјите на ЕУ, Велика Британија и САД, а и на оние кои ќе ги опфати лустрацијата.

Прво и најважно што ќе се добие со лустрацијата е доказ дека сите власти кои ја воделе Македонија од 1991 година биле марионетски и работеле за туѓи интереси. Со тоа и ќе се поништат сите закони, договори и спогодби кои ги донеле, односно прифатиле, тие власти!

Но тука би требало да стои клаузула дека сите договори кои се прогласуваат за неважечки ќе се стават во мирување се до формирање на партиска влада на изборите кои би биле спроведени по распуштање на обединетата (сенародна) влада.

Причина плус за одлагање на примената на поништувањетто на сите договори е следнава:

Според искуствата на Латвија која имала идентични проблеми како Македонија, лустрацијата ќе донесе ЗАБРАНА на партиите кои се произлезени од Комунистичката партија на Македонија и на врхушките од тие партии кои нема да бидат осудени на затворски казни да им се забрани учеството во политичкиот живот.

Значи, на необремените приврзаници на партиите кои ќе бидат збранети мора да им се овозможи да можат да формираат нови партии, да ги консолидираат и рамнопрвно да учествуват на тие избори.

На тие избори партиите како што напишав погоре би ги понудиле своите видувања за сојузи, за државно уредување итн. и победникот на тие избори по пат на референдум би морал според Уставот да провери дали нивната опредлеба за сојуз (дали НАТО, БРИГЗ, ЕУ) е прифатлива за граѓаните.
Сенародната влада би имала задача, покрај лустрацијата да направи попис, да го прочисти избирачкиот список, да ги устрои безбедносните служби по теркот на демокртска држава.

На потег е ВМРО ДПМНЕ!
Тие се партија која треба да повика на обединување под принципите кои ги наведов погоре за да конечно се промени по легален и легитимен пат тоталитарниот комунистички систем и да се растури тајната идеолошка полиција, изворот на сите зла.

Оваа воедно е и тест за ВМРО ДПМНЕ дали заслужува да добие подршка од оние кои заговарааат бојкот! 

Read 1075 times