14.10.2017
Народот се расправа кој е патриот а кој предавник а СЛУЖБАТА-УДБа И КОС ги пљачкосува. Правосудството е катастрофа, суди по диктат на СЛУЖБАТА-УДБа И КОС. Политичките и Идеолошките неистомисленици се прогонуваат СЕУШТЕ по истите линии на работа како и пред 1991 година. Медиумите ги контролира СЛУЖБАТА-УДБа И КОС! Мракот ке трае се додека не се расветли минатото, барем она од 1990 па навака, а минатото неможат да го расветлат луѓето од минатото кои беа креатори на мракот, Најчевска, Фрчковски, Верушевски, Бошковски, Трајановски, Милчин, Пендаровски, Јанкуловска, Мијалков, Калачџиев, Пировска, ....... долг е списокот, предолг за жал!
„СМК поднесе тужба поради незаконскиот избор на претседател на Собранието до Управен суд! 26.05.2017“
„Поднесена претставка до Уставен суд за изборот на Талат Џафери 10.05.2017“
Дали Управниот или Уставниот суд кои според мегафоните на СДСМ се под целосна контрола на Груевски и Фамилијата се огалсија со пресуда односно прифаќање на представката?? Не!! Молчат како да не постојат!! Ваквата постапка на Управниот и Уставниот суд јасно укажува на фактот дека тие судови не се под влијание на Груевски и Фамилијата, туку дека се под влијание на друг центар на моќ. Центар кој ја има вистинската моќ!
Да се вратам малку поназад во времето кога Груевски имал „неприкосновена“ моќ врз судовите и ке посочам две судски одлуки:
Првата е попречувањето да отпочне воопшто судски процес против „најголемите непријатели“ на Груевски: Фрчкоски, Верушевски, Богоевски итн. Првин кривичната пријава е одфрлена со дрзок фалсификат.Фалсификат кој е воочлив и за лаик во правото. Имено за да Кривичната пријава се отфрли како застарена Јавната Обинителка Михајловска свесно не го зема последниот датум од моето досие. Еве да се уверите и сами во вистинитоста на тоа што го говорам:
Бидејки мојата битка за правда ја продолжувам користејки го правниот лек посочен во решението за отфрлање на кривичната пријава создавам нови маки на судството на Грувески во битката да го заштити Фрчкоски и дружината. Првин мојата „тужба“ седи со месеци нераспределена од тогашната председателка на судот Кацарска. Па после моите интервенции конешно бива распоредена кај Владимир Туфегџиќ, превејан манипулант, тој го води предметот неколку месеци и ЗАПОЧНУВА истрага и повикува на сослушување еден од обвинетите. Но ја прекинува истрагата и таа му е доделаена на истражен судија Басотова која е пред пензионирање. И таа не се ни обидува да постапи по предметот туку купува време со манипулации и лесно воочливи лаги. Еве еден пример:
Истражниот судија Босотова во мај 2010 година ме известува дека се пратени покани за сослушување до обвинетите за да после ПЕТНАЕСЕТ месеци ми испрати барање да и доставам одреси на обвинетите. На моите поплаки Судскиот Совет остана глув, а нели и тој бил на Груевски??
Босотова заминува во пензија и конечно судот во ликот и делото на истражната судика Софче Гаврилова Ефремова наоѓа „храбра“ и НЕГРУЈОВИСТИЧКА истражна судика која откако од председателот на судот Горан Бошевски ке го осмисли решението и ке ме запознае со него ТРИ месеци пред одлуката да ја донесе истражната судика Софче Гаврилова Ефремова. Еве да го видите и тоа чудо:
Да не го оптоварувам текстот со многу скенови ке прескокнам неколку работи и ке го посочам составот Кривичниот Совет кој ја отфрли мојата жалба на одлуката на истражната судика Софче Гаврилова Ефремова:
И тука се е Грујовите сваровски судии??
И уште еден пример, овој од мојата тужба за клевета против Фрчоски во којашто судијата игра улога и на адвокат на тужениот.
Многумина ке ми забележат дека текстов не ја одсликува реално состојбата и како пример ке го посочат однесувањето на Мијалков при апсењето на Љубе Бошковски, укажувајки дека Љубе Бошковски е уапсен и осуден по желба на Мијалков а причина се навредите кои во предизборието Љубе ги изкажа. Но ке ги потсетам на еден факт имено и Ване Цветанов неше жесток плукач по власта во тоа предизборие, па мораше да „бега“ од Македонија и по него да биде распишана потерница од МВР. Но Ване на денот кога Љубе беше уапсен се врати во Македонија иако имало потеница по него тој не беше ниту приверден ниту апсен!! Апсењето и осудувањето на Љубе е затоа што Љубе го прекршил договорот со УДБа!!