ПРИДОНЕСОТ НА МИРКА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ТОАТАЛИТАРИЗМОТ ОД УРЕДНИКУВАЊЕТО НА ГЛАСИЛОТО НА УДБА "ПУЛС" ПА ДО ДЕНЕСКА !!

Јордан Петровски 15.12.2013

Мирка говори за човекови права, зборува дека таа била репресирана ама го одбегна главното, од кого била репресирана, по која линија на работа на УДБа или СДБ е ОБРАБОТУВАНА? Дали е Предходна Обработка или е Оперативна Обработка?
Употребата на тајната полиција во идеолошки цели, како метод на владење на група фанатици без интегритет и идентитет е применета за прв пат во Русија 1917 година. 1991 година за жал по втор пат во Македонија, група комуњари со тешки морални девијации, легендарни опортунисти и увлекувачи, гагаџии, шверцери, профитери и главното, заколнати заљубеници во тоталитарниот едноумен коминистички систем и Белград, како и 1945 година, на нелегитиме начин ја приграбија власта.! Тие се подготвени за да го зачуваат системот, да се борат до последна капка крв на наивните македонски граѓани и гласачи. За да бидат поуверливи комунистите 1990 година, се поделија во две банди: СДСМ и ДПМНЕ, ама како и секогаш кога се во прашање идеолошките, комуњарските банди, судирот од фингерајка прерасна во вистинска битка за тронот, битка за тоа која идеологија сега веке материјализирана и изразена во валути ке го има тронот ...

[Image: nq3hxj.jpg]
Првиот број на ПУЛС, гласилото на полициско политичкото подземје излезе на 24 јануари 1991 на денот на мојот 40 роденден. Есента 1992 година бев почестен со текст во ПУЛС!!




За оние помладите, Мирка беше уредник на гласилото на УДБа, "ПУЛС" а во него, во интерес на зачувување на тоталитарниот едноумен систем по дојава од Фрчковски и останатите чувари на комуњарското едноумие ги најавуваше луѓето кои беа предвидени за отстрел. Луѓето кои ја прозреа понудената лажна демократија и самостојнoст, демократија и самостојност осмислена во едно крило на Кремаљ а доработена и надградена во КОС и УДБа, поточно во Земун и на Дедиње. Тие луѓе започнаа битка против системот кои планираше само да го смени рувото. Е, за тие луѓе пишуваше Мирка статии, во кои освен името на човекот кој беше на отстрел се друго беше лага и манипулација. Значи Мирка учествуваше, беше значаен чинител во задушување на демократијата во Македонија, значаен чинител во КРШЕЊЕТО на човековите права и слободи. Нејзините текстови беа објавување на пресудите кој ги изрекуваше комуњарската врхушка. Таа беше селскиот протоѓер кој пресудата ја разгласуваше меѓу народот.

Мирка вели била дисидент ама дисидент, кој до ден денеска не го ОБЕЛОДЕНУВА своето досие. Досие Мирка можела да има во неколу случаја:

1. Ако била противник на комуњарскиот едноумен тоталитарен систем. Да ја потсетам Мирка и бранители на нејзиниот лик и дело, на почетокот на деведесетите, да не говорам за период пред тоа, отворани се досиеа на ИДЕОЛОШКИТЕ И ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОТИВНИЦИ на едноумниот тоталитарен КОМУНИСТИЧКИ систем кои беа згора на тоа и за Самостојна, Суверена и Демократска Македонија, дали Мирка може да се најде во таа група на луѓе??!!

2. Ако била СОРАБОТНИК НА УДБа и СДБ.

3. Како РУСОФИЛКА, поточно Сталинистка.


Бидејки Мирка не го обелоденува досието, тоа раѓа сомнеж дека Мирка има или досие на СОРАБОТНИК и сигурно била ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА со псевдоним "ЈОХНУ ВАЛКЕР"

Или како Сталинистка под псевдоним "САМОГОНКА"*

Како МАКЕДОНСКИ ЕКСТРЕМИСТ И ВРХОВИСТ нема теоретска шанса Мирка да има доисие, затоa и неможам да ни да претпоставам каков псевдоним би и дала УДБа.


Продолжува ...

"самогонка" е руска домашна ракија со јачина над 70 степени и се пече од се ....

Read 1657 times