Читам колку многу крокодилски солзи пролеаа Грујовите мегафони за судбинете на Ристо и Васил Шишкови. Читам ама никаде не сретнав да споменат кој е вистинскиот виновник, никако да споменат зошто виновникот е неказнет.
Судбината на Ристо ја кроела УДБа, а со тоа и траумите на Васко се дело на УДБа. Главниот кројач на несреќата на семејството Шишкови е жив и здрав и мува не го лази а мува не го лази благодарејки на Грујо и неговиот закон со кој ги заштити злосторниците.
За да моите зборови бидат аргументирани ке прикачам неколку делчиња од досиеата на Ристо и на Дане Поповски.
Формално против Ристо Шишков ОПЕРТИВНИ и други мерки се превземат на 28.12.1974 година. Поводот за превземањeто ОПЕРАТИВНИ мерки ја отсликува целата нечовечност и бескрупулозност на УДБа, на луѓето од УДБа.
Прочитајте:

Дали човечко битие кое има само ронка од човечност ке ја користи семејната неслога за да од сопругата бара да стане кодош, да каже против кого од функционерите Ристо говорел.
Еве го бисерот на нечовечноста. :
Но сето тоа е со цел.
Да му се накалеми на Ристо дека бил организатор на подметнувањето на бомбите. Иако Бабан и врвот на УДБа точно знаеле кој ги подметнувал бомбите и по чиј налог се подметнувани.
Службените белешки говорат друго, Ристо Шишков станува интерес за УДБа кога почнува да контактира со Дане Поповски:
За луѓе кои имаат совест и морал и оваа што прикачив ке е многу да за донесат суд каков монструм е тајната полиција. За Груевски и неговите изготвувачи на законот за лустрација, Бонева и Димовски како и за СДСМ и неговите борци за човекови права Милчин, Најчевска, Трајаноски ..., борци кои со сите сили се бореа и борат да нема казнување на вакви злостои да напишам и илјадници страници ке нема фајде, тие со својата битка, злосторите да останат неказнети се директни учесници во вакви злостори. Судбината на Шишкови е само една од илјадниците судбини.
Вистинската лустрација треба да се занимава, не со тоа кој што кажал туку да се занимава со местенките кои ги правела УДБа, "ПЛАСТИКА", "ПЛАСТИКА 2", "ПЛАСТИКА 4". Местенки во кои страдале невини луѓе, поетот јован Котески, местенки во кои за да соработниците на УДБа стекнат легитимитет и тие биле судени и лежеле затвор.
Бабан и врвот на УДБа точно знаеле кој ги подметнувал бомбите и по чиј налог се подметнувани.
Документите се превземени од сајтот на Комисијата за Верификација на Факти
Јордан Петровски