Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ПОЛИЦИЈА И ПОЛИТИКА

ИЛИЈА МАКСИМОВСКИ

И последната дилема дали дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, под покритието на тековната - трансформација, можеби нешто и работи паѓа во вода. Македонската јавност по којзнае кој пат беше потресена од информацијата, но и дирекно од најновата експлозија, поставена дури и во дворот на полициската станица Бит Пазар во Скопје. Додека терористите, без разлика кои се и од кои причини и цели, ги реализираат своите планови, задожените за безбедноста на земјава го трошат буџетот за конструиранје политички аферa

 

[Image: 9855.jpg]


Експлозијата пред полициската станица Бит Пазар ми ја смени концепцијата на пишуванје текстови. Без оглед на тоа дали е точен редакцискиот злобен виц меѓу колегите од “Денес” дека бомбата, можеби, ја фрлило некое мало шверцерче кое претходно добило ќотек од некој битпазарските полицајци или зад експлозијата стои терористичка организација, работите стануваат се појасни. И повознемирувачки.
Сега дилемата се намалува, до револт. И најголемите песимисти, кога се работи за долго очекуваната, најавувана и промовирана трансформација на МВР, добиваат за право кога тврдае дека некогашниот идеолошко-политички сервис не станува параметрално-државен. Ако агенцијата за разузнавање и има извесен простор да се вади на својата младост во однос на искусните шпионски служби на соседните и останатите европски земји. Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање ја губи основата за какво било оправдување на одложувањето на трансформацијата на полициските и безбедносните структури. И одговорноста на нејзините раководители. Пред се, поради толку потребното а се позагубено граѓанското чувство на сигурност, но и како суштински дел од функционирањето и доградувањето на македонската државност во актуелна балканска, но и европска реалност, радикализирана во косовските намери и во најавеното стационирање на зголемени воени сили токму на овие простори.

Неодамна случените и јавно, на голема врата обнародени и промовирани “благопријатни” промени во врвот на Дирекцијата, со кои на местото на пензионираниот нејзин прв човек Добри Величковски дојде надо-младо-будниот Зоран Верушевски, барем на почетокот беа, иако со резерва, сепак прифатени како обид за промени. Но, ако Верушевски од портпарол на МВР дојде на одговорното место на прв македонски контраразузнавач, настаните не му оставаат простор на адаптација, запознавање со состојбите , учење на занаетот од постарите колеги од југословенската разузнавачка школа итн.

По првичниот привиден впечаток на промени и во јавноста, но и внатре во полицијата, во суштина се потврдува продолжувањето на досега познатата ситуација за подредување на политичко-партискиот интерес кој СДС го спроведува, на штета на државните функции на МВР. За потврда на ваквата теза и не е потребна некоја посериозна анализа и некакви специјални извори на информации и податоци на кои вообичаено се повикуваат авторите на ваквите анализи. Едноставно, она што секојдневно се случува пред очите на македонските граѓани, од времето на политичките афери во првите парламентарни избори од типот на “Сина птица”, “Дувло”, велешките бомбаши, Бит Пазар итн. До актуелните афери, толку очигледно и сериозно го оптоваруваат нормалното функционирање на државата. И, ако во годините по деведесетата, во постјугословенскиот хаос и имаше, ако не оправдување тогаш барем основа за барање разбирање за потфрлањата на службата на државата, она што сега се случува во нејзиниот сектор, на голема грижа ги става најмногу нејзините граѓани.

ЗАСТАРЕНИ ШЕМИ

Важни безбедносни информации редовно, безмалку комично, испливуваат во јавноста, а се почестите терористички акти (подметнати експлозиви, киднапирања, неразјаснети убиства) се здобиваат со право на граѓанство.
Во времето на еднопартиската власт беше вообичаено, ако “непријателите” ги немаше, да се исфабрикуваат, да се конструираат… Едноставно, тогашната СДБ со која сите избегнуваа да имаат воопшто или барем што помалку контакти, кои по правило беа различни, суверена во својата недопирливост и тајност, поради “виши интереси” располагаше и уживаше во максималната концентрација на моќ. Впрочем, како и во сите тоталитарни системи.
Тогаш од страв, денес од неговата наследна форма, сектор на државната безбедност се уште е забранета и непожелна зона од која треба да се бега, а од луѓето кои таму работат да држи понастрана односно, подобро човек да не им се најде на патот.

Тоа истовремено значеше дека “човекот од државна безбедност” може да прави се, или ништо поради само нему и на неговите претпоставени познати државни интереси. Од обични сообраќајни прекршоци, преку мали повредина законот, до самоволија на заститени личности.

Исто така, она што се случуваше во првите години по воведувањето на парламентарна демократија, кога СДБ според традицијата на своите претходници (ОЗНА, УДБА итн.) функционираше во барањето на внатрешни непријатели, се изродија до ден-денес не докрај разјаснети афери “Сина Птица”, “Дувло”…. Зошто не, и последната љубовна афера на претседателот Глигоров. Бидејки, за да биде јасно, доколку Дирекцијата за аферата дознала по нејзиното објавување во јавноста, тогаш навистина нешто крупно не е во ред. Со тоа оваа, секаде во светот крајно сериозна сфатена и третирана државна сфера, во наши околности се сведува на политичка фабрика за интриги, најчесто против опозицијата, но и компромитирање на личности во власта, до ниво на улични шпиони и провокатори кои во својата професионална транзициона фаза на работење тешко се откажуваат од привилегијата на најповластена сфера во секој државен систем. Можеби најмногу и затоа што луѓето кои се во врвот на “службата” тешко се одвикнуваат и се откажуваат од задоволствата, но и поради тоа што во некогашните највисоки (југословенски) нивоа многу ретко имало автономни македонски кадри. Сосема сигурно е и дека дел од причината треба да се бара и во невоспитувањето нов, а прекинувањето на досегашниот образовен систем за функционирање на кадри во сферата на безбедноста, најмногу со укинувањето на Факултетот за безбедност по што безбедносната анализа е во рацете на приучени кадри со кои сигурно, веројатно не случајно, е многу полесно да се управува и да се манипулира. Сепак, недвосмислено, најголема причина лежи во политичката закоравеност и привилегиите што управувањето и располагањето со оваа сфера им ги дава на политичките шефови, во случајов владеачкиот СДС, во услови кога и единствениот систем на парламентарна контрола преку соодветната собраниска комисија е, исто така под нивна контрола.

И на првите, уште повеќа на вторите парламентарни, како и на првите локални избори, јасно се виде дека наместо во интерес на државата, СДС сите државни расположиви сретства ги става во функција на своите политички интереси.

Уште повеќе. Традицијата од југословенскиот период, кога и размислувањата различни од владејачката, тогаш една партија, беа дефинирани и третирани како антидржавни, терористички и сл. Се пренесе и во сегашната парламентарна атмосфера кога најмногу националните партии, но и поединците со поголема економска моќ, особено политички недефинираните, останаа предмет на работа на овие служби. Поради тоа подоцна, безмалку кај сите партии, се воспостави вистински синдром на “политичка шпионажа” до ниво на партиски товар. Околу тоа колку во партиските редови и кадри има уфрлено луѓе на службата за државна безбедност, кои наспроти законските одредби, работат не во функција на државните, туку на партиските интереси на партијата на власт. Што е најлошо, настаните кои се случуваат ја потврдуваат ова теза и конструкција како во професионалните сфери без исклучоци, до ниво на механизам, фрустрација и уплав дека “СЛУЖБАТА СЛУША СЕ”.

Во ваква ситуација како единствено сигурен заштитен механизам, кој веќе се формира, е граѓанска воздржаност и повлекување, инаку толку типична за недемократските држави. Не навлегувајки во социолошко-психолошката сложеност на она што ваквата состојба им го носи на граѓаните, зачудува натамошната, очигледна злоупотреба на институцијата за државна безбедност, на сметка на политичките интереси на владеачката СДС. Повеќе факти зборуваат дека речиси ништо не е сменето на релацијата политика-полиција-граѓани. “Историските” изјави на министерот за внатрешни работи, Томислав Чокревски, за тоа дека тој знае кој од пратениците се “трудни до заби” но не сака да каже, за полициско-новинарските бракови, вечната евиденција и увид на полицијата, само потврдуваат дека и понатаму функционира комунистичкиот синдром, но сега како државен проблем – политизација на полицијата. Бидејки, ако Чокревски мисли сериозно, а во секој случај треба да се сфати сериозно, тој, можеби несвесно, но сепак помалку авторитетно а повеќе авторитарно, лоцираше “непријатели” кон Министерството што тој го води постојано ги има под контрола. Апсурдот е во заклучокот дека, според Чокревски, непријателите седат во врвот на системот. Или Чокревски има норми кои не одговараат на еден министер на полиција на парламентарна држава, или СДС преку своите министри за сметка на партиските , државните интереси ги става на страна, или најнакрај најлошото – македонскиот парламентарен систем се распаѓа одвнатре.

Законот за внатрешни работи во делот за Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање регулира дека предмет на работата на оваа служба е “заштита од шпионажа, тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократски институции, утврдени со Уставот на РМ, со насилни сретства, како и заштита од потески форми на организиран криминал”. Исто така Законот регулира дека директорот (од неодамна – Зоран Верушевски) е самостоен, а за својата работа им одговара на министерот за внатрешни работи и на Владата. Бидејки шпионажата, посебно економската, е евидентна, тогаш бездруго и тероризмот, шверцот на оружје во огромни количини е исто така евидентно, како што впрочем се и другите активности насочени кон загрозување и уривање на демократските институции.Ова, потврдено во оценките на премиерот Црвенковски, го наметнува фактот дека надлежните иснтитуции се способни за спроведување на законот. Доколку, пак, ова не е точно, тие најпрвин би почнале да ги решаваат многуте отворени прашања од нивната надлежност, на пример, атентатот врз претседателот Глигоров. Или, дека во спроведувањето на своите надлежности се сериозно, до нефункционираност хендикепирани. Нивната добра желба е друга работа, освен ако не се има намера некој врз судбината на државата и нејзините граѓани да изигрува детектив.

ПОЛИЦИЈАТА КОНСТРУИРА НОВА ПОЛИТИЧКА АФЕРА?


Јордан Петровски, приватен бизнисмен од Куманово, познат и јавно деклариран по своите опозиционерски ставови, иако не е член ниту во една политичка партија, кој во последните неколку години покрај радикалните негативни промени во работењето на својата фирма преживувал и вистински “третман” од вработени во Дирекцијата, деновиве по долго молчење , за “ДЕНЕС” изјави:

Во текот на 1996 година, најпрво со недефинирана надлежност на полициска покана, бев повикан во Министерството за внатрешни работи во Куманово каде на пчетокот не се знаеше карактерот на поканата за разговор. Сепак, по првичното чудење во полициската станица, завршив на разговор со лице вработено во секторот за државна безбедност. Подоцнежните десетина телефонски и усни повикувања за контакти доаѓаа од луѓе кои се претставуаа како вработени во секторот за државна безбедност, без лично идентификување, а се спроведуваа како во службените простории на МВР во Куманово, така и во мојот ресторан, каде тие лица си даваа за право да доаѓаат во секое време без да кажат дали се работи за службена или приватна посета на ресторанот. Тоа во мала средина како Куманово не остана без негативни последици кај моите гости.

Во разговорите кои овие лица ги водеа со мене, најмногу се интересираа за моите деловни контакти, а посебно за контактите со лица од Република Бугарија, потоа евентуални познанства со луѓе од бугарската партија ВМРО-СМД. На нивно инсистиранје контактирав со бугарскиот амбасадор Ангел Димитров во Скопје, а како повод за тоа беа посочени ненаплатени побарувања од бугарски деловен партнер. До контакт со бугарскиот амбасадор и дојде во бугарската амбасада во Скопје, каде ме однесе лице со свое возило, без да се идентификува, но претставувајки се како вработен во службата за државна безбедност.

Мојата средба со бугарскиот амбасадор заврши само на разговор и со предлог изнесен од мене, но сугериран од “безбедникот”. Имено, според сугестијата предложив по дипломатски пат да ми се обезбеди наплата на побарувањата на мојата фирма. Од страна на амбасадарот Димитров тоа беше оценето како невозможно.
Останатите разговори на кои ме повикуваа службениците на ДБК беа во службените простории на МВР во Куманово, кога, исто така, ми понудија помош и асистенција во граѓански судски спор, со мој доскорешен деловен партнер. Истовремено, лицата кои настапуваа во име на Дирекцијата за државна безбедност (најчесто лицето Кузман), си даваа за право да контактираат со членови на моето семејство на апсолутно недефиниран начин. Поради неиздржливоста на таквиот притисок последниве месеци со истото лице имавме неколку жестоки расправии, по што разговарите и контактите станаа се поретки, речиси прекинати, но во секој случај последиците од нивното влијание се чувствуваат и предизвикуваат кај мене немир, но и страв дека луѓето од тие структури си даваат за право да ме малтретираат како граѓанин, без да бидам заштитен”.

Бидејки во случајов се работи за личност која е блиска кон ВМРО-ДПМНЕ- овската опција, можната конструкција, доколку не се работи за самоволие и злоупотреба на службена должност, е ‘полициски” јасна. Преку евентуалното воспоставување “дипломатска” врска за наплата на побарувањата на Петровски од бугарскиот партнер се гради солидна конструкција за предеизборната кампања и познатите, веќе чуени тврдења дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од Бугарија. Во целиов случај зачудува самоувереноста на лицата кои настапуваат во име на Дирекцијата. Со тоа ги компромитираат сите вработени во неа, зашто се знае дека голем дел од нив, како најдобри и најсовесни професионалци, во изминатите години на градењето на македонската државна самостојност на својот грб изнесоа не мал товар од сложените состојби на југословенскиот распад.

До колку во случајов навистина не се работи за поединечно или групно самоволие, со уште посложени последици е опцијата на поделено функционирање на Дирекцијата за политичко-партиски потреби, што со оглед на насоченоста кон странско дипломатско претставниство реално може да предизвика и сериозен меѓудржавен дипломатски скандал. И да се сака овде да се биде добронамерно критичен во поглед на одговорноста, Законот за внатрешни работи сосема јасно, во член 14, определува дека “Директорот е самостоен во извршувањето на работите на Дирекцијата и за својата работа му одговара на министерот и на Владата на Република Македонија”.

Во долното ниво на претставувањето на секторот на државна безбедност се и зачестените и конкретно познати примери, оделни авантуристи кај граѓаните лажно да се претставуваат како “инспектори”, веројатно претпоставувајки дека и самиот поим “државна безбедност” им обезбедува заштита, будејки кај граѓаните страв.

Сепак, во крајно сериозната и се понапната атмосфера пред есенските парламентарни избори и пред реалната можност сегашната владеачка гарнитуре да падне, станува очигледно дека ке се користат сите методи и оружја, без разлика дали тоа значи кршење на Уставот и законите, повреда на основните човекови права, за политижкиот фер плеј на кој сите партии, вклучително и СДС толку инсистира. На голема мака во ваква состојба се малите, средни и големи новопечени бизнисмени со политиката, кои во изминатите осум транзициони години беа во ситуација да натрупаат, секој за себе, голем капитал. Настанатите услови на безмалку вонредни парасистемски економски и политички услови, но и желбата за брзо богатење, оправдано или не, овие луѓе ги ставаат во категорија на потенцијални жртви на обработка во методите во службите за државна безбедност. Особено што најголемиот дел од нив биле ставени или прифатиле ситуација на кршење на законите или правилата, или барем користеле услуги кои, кога-тогаш, мораат да ги вратат.

Попуаларните, иако се покажа, не толку ефикасни јавни радикални трансформации и палења на полициските досиеја, како дел од демократизацијата на бившите социјалистичко-комунистички, а пред се тоталитарни системи, во Република Македонија како дел од СФРЈ, изостанаа. И тоа не како политичко-партиска пропаганда, за што обиди имаше и кај нас, туку најчесто како формалин акт на најдемократскиот дел од политичките процеси во ослободувањето на личноста.

Според очигледната присутност на вака сериозна состојба, блиска до криза во функционирањетона безбедносните системи на земјава, државното раководство согласно законите, но и демократските принципи на политичка одговорност, ке мора да премери дали ке се определи за трансформација на полицијата и на нејзините специјални делови. Агенцијата за разузнавање и Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање или наспроти тоа, ке се определи за продолжување на партиската контрола и злоупотреба на овие државнички функции, кои по правило се повратно најпотребни токму во кризни состојби. Безмалку, како во состојбата во која се наоѓа Република Македонија, а во која политичките афери од типот “Сина птица”, “Дувло”…итн. Според се , со “заслуга” на партиска полиција на СДС, можат да се повторат.

Текстот е објавен на 28.05.1998 година во неделникот "ДЕНЕС"