jordan plevnesh

Долго време барам службени белешки од некчие досие од кои ке може јасно да се согледа како УДБа вршела избор на лице кое ке се биде да го направи свој соработник. Конежно да дојдам до такви материјали ми помогна делот од досието на Левко Џабазовски во кои е даден начинот, причината зошто изборот да се врбуваат браќата Љубе и Јордан Цветановски -Плевнеш.
Како увод ке ја дам целата службена белешка:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Нови сознанија за соработката на Јордан Плевнеш и брат му сега веке покојниот Љубе Цветановски најдов во досието на Левко Џамбазовски еден од тоицата судети за Ванчомихајловизам од групата “БАНКАРИ”!!

Дали во исто време кога се местат Дане и Љубен се местат и Борис Градишки и групата околу Крсте Вељановски кои не биле дел од ВМРО ПРАВДА ама биле блиски до идеите на ВМРО, немам точни сознанија. Првата службена белешка која ми е достапна за Градишки и Крсте Вељановски е од 1975 година а таа е од комисијата за лустрација.

 

[Image: Trojka-Plef54e.jpg]

 

 
[Image: Trojka-Ple4857.jpg]

 

Но и од тие службени белешки кои ги дала комисијата за лустрација неможе многу да се разбере, затоа ке биде добро некој од блиските на Крсте Вељановски, Цветан Најдовски – Десановски, Левко Џамбазов и Митко Босилков да дадат малку повеке детали, службени белешки од нивните досиеато за  улогата на ОО “ТРОЈКА”.

Во овој текст за  ОО “ТРОЈКА” ке пренесам неколку цитати од фељтонот кој го обајави весникот ВРЕМЕ” а беше врзан за ППР “БАНКАРИ” или попознат како фељтон за дел од “БОМБАШИТЕ”, велам дел бидејки во фељтонот се зборува за Досието за битолчанецот Крсте Вељановски и ОО “ТРОЈКА”.  “БОМБАШИ”, службата “прогонува” за да  намести недолжни луѓе, според онаа што сум го прочитал од 1970 па се до 1985 година, кога конечно успева во местенката, го апси и осудува  поетот Јован Котески, човек кој немал никаква врска ниту со Данета и Љубена, ниту со битолските БАНКАРИ, ниту со Борис Градишки и групата околу него. Да појаснам можеби поетот Јован Котески се познавл со дел од погоре споменатите ама тој не бил дел ниту од ВМРО ПРАВДА ниту од  групи на Вељановски и Градишки.

Досие за битолчанецот Крсте Вељановски

-“Во тој извештај на досието се спомнува и контакт на „Банкарите“ со една друга следена група заведена под псевдонимот „Тројка“.

-“Според нашето мислење, ова може да биде резултат на националистичката определеност на битолчаните и нивното неприфаќање на ванчомихајловистичките ставови за бугарскиот каракте на Македонија“, пишува во досието. …..”

Писателот Плевнеш подметнал експлозив на скопскиот универзитет?

-„Во врска со експлозијата во Скопје, Крсте Вељановски пред соработникот (кодошот Смилевец, н.з.) искажал мислење дека тоа е дело на групата „Тројка“ во која биле опфатени и млади луѓе од универзитетот во Скопје“, стои во извештајот на Службата за државна безбедност од 1975 година.

Во самото досие нема повеќе детали за овој настан, но се гледа дека СДБ се обидувала да го потврди овој податок.

„Иако беше настојувано податокот да се расчисти, досега не е потврден“, наведува безбедносниот инспектор.”

Оваој дел од фељтонот во ВРЕМЕ ке го издвојам:

– “Патувањето на ‘Банкари’ во Бугарија треба да се има во вид при евентуална реализација на ‘Тројка’ (инспекторот мисли на апсење на оваа група – нов. заб.)”

Го издвоив затоа што службата планирала АПСЕЊЕ на ОО “ТРОЈКА”, апсење на Јордан Плевнеш и брат му Владе Цветановски!!