Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

За Нас


Во последниве неколку години по спонтана иницијатива на Трајко Трајковски , познат на УДБе како Жеглигово, почнаа да заживуваат контактите и да се прави поврзување помеѓу борците за МАКЕДОНСКАТА КАУЗА кои останаа верни на идеалот на ВМРО. 

Во групацијата влегоа и влегуваат луѓе десничари, кои немаат никакви лични политички амбиции во Македонија. Еднинствена силна заложба им беше и е да се спроведе ЛУСТРАЦИЈАТА, Македонија да раскине со комунистичкото минато и да стане земја препознатлива по демократиja.

Луѓето од групацијата решија своите лични контакти и позиции во државите во кои живеат да ги ставаат на РАСПОЛАГАЊЕ на ВЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА со ДЕСНИЧАРСКА ПРОВЕНИЕНЦИЈА. Затоа очекувавме да бидеме прифатени со доверба и задоволство од власта во Македонија и затоа не ни помислувавме да правиме некакво средство за информирање. 

Но, според се што се случува, особено со лустрацијата, Македонија не мрднала ни чекор од комунистичкото едноумие. Затоа сметаме дека мора да најдеме некој брз и ефикасен одговор на лагите и манипулациите дека политичките елити во Македонија имаат волја за исчекор и демократски капацитети.

Благодарејки на интернетот, размената на мислења, идеи и информации е многу полесна од порано, поради што и се појави КОТЛЕ. Ќе одиме чекор по чекор . Започнавме со форумот па дојдоа колумните а ќе дојдат и вестите... Крајната цел е менување на јавната свест, до која се доаѓа преку вистината. А до вистината се стигнува само ако има што повеќе места за слободно изразување на фактите, мислењата и демократска дебата преку аргументи за тоа што ни се случило, што е сега и што ќе биде.

КОТЛЕ е замислено како место каде од разни „миродии“ треба да излезе вкусна„ чорба“ која ќе зборува за Македонија. Вистина која е резултат на збир на историското наследство од времињата пред Филип и Александар Македонски, преку Јустинијан и неговата Прима, КИРИЛ и МЕТОДИЈ, ВМРО од 1893, борбата против фашистите и борбата против комунистите, која трае скоро во целиот 20-ти век, па се до денес, кога таа борба, за жал, се уште е активна и актуелна.

КОТЛЕ е сајт без граници и без цензура. Но КОТЛЕ најостро ќе се спротивстави на секакво повикување на насилство. Повикување на убиства како средства за решавање на политичките и идеолошлите несогласувања.

test