Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ТЕШКИ ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ НА ЗАЕВ!!??

Јордан Петривски 01.02.2007

 


 
[Image: zaev-1200x545_c-777x437.png]
Јордан Петровкси 02.03.2017
Тешки лаги и манупулации на Заев а никој не лаже и не манипулира без некоја голема потреба или нужда.
 

Медиуми: Јавноста деновиве е преплавена со разни информации околу содржината на договорот со ДУИ. Дали можете на јавноста да и објасните што точно е договорено за да се спречат понатамошни бранови на шпекулации?

Заев: Јас на неколку пати јавно зборував многу транспарентно тогаш кога тоа беше возможно и кога имавме нешто конкретно. Сето тоа што досега е разговарано се начела и принципи и се е во функција на зачувување на Уставот и во рамки на Уставот на Република Македонија. Сето тоа кое што е разговарано е заради зајакнување на унитарноста на Република Македонија. Документите коишто треба да произлезат од евентуален договор којшто се склучува после,а не пред добивање на мандат, се документи преточени во програма на Влада, којшто се доставува до Собранието на Република Македонија и распределба на одговорност преку ресорите во самата таа Влада доставено исто така до Парламентот на Република Македонија. Доколку се добие мандатот ние после тоа поминуваме на разговори за сите други детали. Важно беше да бидат потврдени сите наши позиции, нивни позиции, стојалишта во делот на наша платформа, имаме многу значајна и убава платформа којашто произлегува од „Животот за Македонија“, дадовме свои коментари по нивните платформи, разговаравме за употребата на јазиците во Република Македонија, но сето тоа се принципи и начела зад којшто стоиме, треба да работат експерти, стручни и правни луѓе на сета таа документација, за да можеме транспарентно тоа да го објавиме пред граѓаните, да отвориме дебата, да дискутира Парламентот како што е редот во демократски процеси како што се пропишани согласно Усатвот и законите во Република Македонија.
 
1-Сето тоа кое што е разговарано е заради зајакнување на унитарноста на Република Македонија.

Што е тоа што е разговаранo а ке ја зајакне унитарноста на државата?
Другите манипулации нема да ги коментирам ниту да барам појаснување!

Заев:Околу 80 проценти од тоа што го разговаравме со Ахмети беше како ќе ги враќаме парите назад!! 

Дали Заев со оваа заедничка акција која ја договарале со Aхмети за враѓање на УКРАДЕНИТЕ пари ни соопштува дека ДУИ не е замешана во криминалот кој го правела власта, власта чии дел од 2008 па до денеска се ДУИ?
Се надевам дека господинот Заев ке ги прочита овие редови и ке најде време да одговори.

More in this category: « Котле - Смицко