Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ЕВЕ НЕКОЛКУ ВИСТИНИ ЗА ИЗБОРИТЕ НА 21 АПРИЛ И 5 МАЈ 2019, ВЕ МОЛАМ РАЗБУДЕТЕСЕ

 

cid:image013.jpg@01D4EA33.6C4C7A10

Пишува: Јанко ТОМОВ, 8 април 2019 година,
Бризбен, Австралија This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Во гласањето на првиот круг на 21 април, за претседателските избори, ако нема доволен одзив, изборната комисија вели дека нема да биде важно гласањето и нема да има друго гласање на 5 мај. Ако пак имало излезност, ќе се одржал 2 круг на гласањето на 5 мај. Ако пак на тоа гласање не се постигнал Цензусот  од 40% одзив, немало да се признае претседателското гласање.„Тоа било проблемот бидејќи станал неуспехот на минатиот референдум, што Европската унија била загрижена, за можен Бојкот на изборите“, вели Сашо Клековски.

„Ако народот на неспорен начин и даде поддршка на претседателските избори, значи го прифаќа нејзиното историско предавство и причината ќе биде завршена“, вели Ристо Никовски, во написот: „Што се случува во Балканот“, од 28март 2019 год., во Нова Македонија.

И без поддршки на претставничката на  ВМРО-ДПМНЕ  Силјановска, со бојкот на претседателските избори, ќе има предвремени Парламентарни избори, заедно со претседателските, ако Македонскиот патриотски народ го Бојкотира ова гласање.

Се гледа подлоста на Груевизмот во ВМРО-ДПМНЕ, раководено од Мискоски и неговите подржувачи, кои не признаваат никого, освен сами себеси. Не ги признаваат и не ги стимулираа досега, а ниту ги спомнуваат во националните празницимакедонските организации во иселеништвото-дијаспората, како и организациите во етничките делови на Македонија, под Грција Бугарија и Албанија .Исто така не ги канат досега докажаните новинари-патриоти, кои се отстранети од повекето окупирани македонски весници од антимакедонската СДСМ и ДУИ, за членови и за раководители во ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски, како што вели  познатиот Македонски патриот, кој ги испокрши со чекан сите бугарски натписи на шовинистичките споменици од Балканските војни во 1912-13 година, на границата  со Егејска Македонија, дека Груевски, при своето бегство во Унгарија, ги понел со него и ги скрил сите поважни документи од просториите на зградата на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека некои големи патриоти, кои го помагаа поранешниот претседател Никола Груевски и неговите раководства, во изминатата декада, пронајдоа дека се излажани од него, бидејќи ги оставил на цедило, како и поголемиот дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ.

Се прашуваме, кои се тие претставници на ВМРО-ДПМНЕ, за наредните редовни Парламентарни  избори или предвремените Парламентарни избори, заедно со претседателските?  Многу од нив се во затвор, други во куќен притвор, трети ги чека судење, четврти се исклучени од партијата поради велепредавство, тие што останаа не набедени за криминал, тие немаат никакви способности да во сите прилики во дуели или настапи пред јавноста, да правно и историски пред се, да го бранат македонскиот национален идентитет и Меѓународното право на уставот на Македонија, а со тоа и   да го преставуваат својот Македонски гласач!?

Мицкоски ветува се за подршка на Силјановска за изборите на 21 април и 5 мај. Само тој и Силјановска зборуваат на предизборните кампањи, низ републиката. Се прашуваме: каде се останалите членови од раководствата на ВМРО-ДПМНЕ, да изустат некој збор!? Ги нема. Ги нема бидејќи се докажаа дека се неспособни, не само сега, кога треба, туку и во изминатата декада, кога владееја со Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ, знаејќи дека нема свои способни  кадри, за да се спротивстави на криминално владеачката СДСМ и албанските партии во Македонија, се одлучиле , „како давеници за сламка“, со Силјановска и Мицкоски, да учествуваат на претседателските избори. Меѓу големиот број на повици за подршка на овие избори, е следниот повик на ВМРО-ДПМНЕ:

„Бојкотот е слепа улица после кој нема чекор напред„

МАКЕДОНИЈА 04.03.2019 / 11:28

Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение. Затоа да си подадеме рака и да ја искористиме неповторливата шанса да го поразиме Заевизмот на избори и само така да ја издигнеме Македонија. Да застанеме заедно под бајракот на заедничката победа, додава Мицкоски“

 

На таквите повици, на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзините подржувачи, во Фејзбук, познатиот поборник за Бојкот на претседателските избори и доследен на минатиот Бојкот на Референдумот во 30 септември 2018 година,  Игор Аврамовски Александров, ќе рече:

„Ми пишува пријател: “Ако победи кандидатот на СДС ќе не обвинат нас за поразот, затоа што сме бојкотирале, па ќе излеземе предавници.”

Загрижувачки кукавичко размислување. Во чии очи ќе излеземе предавници? Во сопствените или во очите на оние што им честитаа на Заев/Ахмети потпишување на протокол за влез во НАТО како ‘Република Северна Македонија’ и бараат гласови со став дека треба ја прифатиме предавничката ‘реалност’? А ако победат со наши гласови и им помогнеме да ја легитимизираат Северната дивотворба, како што Заев не може да ја легитимизира без ‘опозицијата’, тогаш што ќе бидеме? Јунаци? Можеби ќе бидеме јунаци за Стево Пендаровски, кој јасно кажува дека за хунтата не е битно за кого ќе се гласа, туку само дали ќе се излезе на гласање?

Вистинското предавство е предавството на сопствените уверувања и вредности. Предавство е она што го промовира Гордана Силјановска, дека е нормално доменот на мислата и доменот на делувањето меѓусебно да се косат“.

Понатаму Игор Александров, на 5 март, во Фејзбук, ќе одговори на некои од коментарите:

„Да, бојкотирачите вам ќе ви ја ослепат колаборационистичката улица. Наредниот чекор ќе го одредат вистински борци, кога тогаш. Тогаш вие може само да следите или да одите на бацирака кај Заев, за столчиња покрај Љубчо, Љубе, Стојанчо, Мијалков, Нино ... и останатата истрошена багра на пластелински ‘вмровци’ и ситнодушни профитери од брендот ‘ВМРО-ДПМНЕ’“.

Само Бојкот на овие избори и надеж дека најпосле, по долго чекање, македонските интелектуалци, кои досега се докажаа способни и патриоти во бранење на нашата Македонска националност и уставното име, пред Парламентарните избори, заедно со претседателските, дека ќе формираат нова политичка партија, каде  ќе се зачленат голем број на интелектуални патриоти  или пак од корен да се смени раководството на ВМРО-ДПМНЕ, со нови патриотски и високо образовани кадри.

 

 пс.од технички причини со задоцнување го објавуваме текстот на Јанко Томов