Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ОРДАНОСКИ, ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДОБРИ СНАЈПЕРИСТИ НО ИМА ИСКУСНИ РАКУВАЧИ СО АМИ 8

 

Јордан Петровски 26.03.2018

Заради ментална хигиена не читам колумни од Сашо Орданоски но оваа ја прочитав заради поракaта која ја праќа ДИП СТЕЈТОТ –политичко-полициското подземје (ППП) во Македонија и која Орданоски ја пренесува во колумната.

Во својата колумна „Политичко самоубиство?“ која по сѐ има за цел, пред да се случи извршување на делото, да наметне, дека носителите на бившата власт од ДПМНЕ ке бидат нарачателот на физичката ликвдација на Зоран Заев! Затоа Сашо Орданоски во колумната го Зоран Заев представува како човек кој е решен да се справи со криминалот и криминалците од  предходниот „режим“ и затоа, врвот на ДПМНЕ како дел од криминалниот „режим“ ке се обиде да го ликвидира Заев.

За да делува поубеливо Ордансоки ни го посочува атентатот покојниот на српски премиер Ѓинѓиќ:

Еве, да ви предложам една непријатна теза: БАШ ТАКА, пред 15 години, беше ликвидиран Зоран Ѓинѓиќ во Белград. Тој со судни маки и по цена на голем личен ризик – како и Заев во Македонија – собори од власт еден грд, злосторнички режим, седна на власт со големи амбиции и очекувања во јавноста, но не расчисти со политичките и криминалните екстензии и експозитури на паднатата власт, туку влезе во разни „домунѓавања“ со нив, за да одржи политичка стабилност и да добие што поширока поддршка за реформите; неговите противници, пак, кога сфатија дека најлошото го преживеале без влакно да им фали од главата, се повратија од шокот заради загубената власт, се прегрупираа, веднаш ги реставрираа бизнисите со разно-разни претставници на новата власт на Ѓинѓиќ, наново се окуражија (а пари, патем, имаа во неограничени количества!) и, во суштина, продолжија да го прават она што најдобро го знаеја: криминали, политички ујдурми, валкани медиумски пропаганди, увози-извози, рекети, закани, елиминации, дискредитации… До денот 12 март 2003 година, кога лично на Ѓинѓиќ му го свирнаа куршумот директно в срце!

Првото прашање кое ми се наметна после читањето на колумната –пораката – беше, зошто Орданоски како можен нарачател на ликвидацијата на Заев не го зел врвот на ДУИ кои беа ОСУМ години коалициони партнери со ДПМНЕ и беа дел од криминалниот „режим“??  И онаа најбитното во колумната на Орданоски, „домунѓавањето“ како главен доказ за тоа кој ке биде нарачателот!!  Ордансоки вели дека Заев се „домунѓавал“ со „паднатата“ власт, читај Груевски и „фамилијата,“ што е далеку од вистината !! Заев се „домунѓаваше“ со криминалниот врв на ДУИ за да добие мнозинство и да стане премиер и сеште се се „домунѓава“  со криминалниот врв на ДУИ , за да опстане на власт!!

Второто прашање кое ми се наметна е зошто Орданоски не го зел за пример атентатов врз Глигоров? За „домунѓавањето“ на Глигоров со неговите ликвидатори, да речеме дека Орданоски ништо незнаел пред да се случи атентатот, но за тоа дека такво „домунѓаваање“ се водело, доказ од прва рака дава синот на Глигоров, Владимир!! 

Владимир Глигоров, го сведочи тоа во една своја колумна:

Moj deda nije težio nagodbi sa onima koji će ga kasnije ubiti. Moj otac jeste, ali je imao sreću.

Кога на оваа сведочење на Владимир Глигоров ке се додаде дека пред и во време на атентатот врз Глигоров, Орданоски како директор на МТВ бил меѓу најинформираните луѓе во Македонија за атентатот, пред се заради функцијата директор на МТВ и другарството на Орданоски со тогашниот  министер на „џандармеријата“ Љубомир Данаилов Фрчкоски, станува јасно дека неземањето на атентатот врз Глигоров како пример е одбегнување со намера. 
Орданоски неможел да незнае за тоа дека: 

Во текот на 1995 година, меѓународната заедница и странските амбасадори во Скопје вршеле посебен притисок да запре криминалното кршење на санкциите кон Белград. Глигоров добил на увид документација за вмешаноста на нашите олигарси во тој процес, па повел и политичка акција - средби со лидерите на политичките партии, пролетта 1995, за да создаде и политичка клима за запирање на криминалот

Од овој цитат јасно е дека Глигоров се обидел да се „домунѓава“ со лидерите на политичките партии кои во тоа време беа власт: Црвенковски, Андов, Ѕинго и според мене на тој состанок мора, според функциите да присуствуваат министерот на џандармеријата Фрчкоски и секретарот за државна безбедност, односно УДБа, Слободан Цобе Богоевски.
Второто  „домунѓавање“ на Глигоров било со Слободан Цобе Милошевиќ на ден пред неговиот атентат и тоа било последна можност за договор, односно Глигоров само требело да даде СОГЛАСНОСТ дека шверцот на цигари ке продолжи и после прекинот на ембаргото кон Србија за АМИТО кое веке било паркирано пред „Бристол“ да не експлодира.
Овдека морам да споменам една приказна која  после атентатот кружеше низ Македонија и во која се објаснува зошто е избран „Бристол“ за место на атентатот. Имено наредбодавачот на атентатот сакал да прати порака „дека секоја ороспија завршува пред ‘Бристол’“. Во што бил ороспилукот на Глигоров  до ден денеска не разбрав. 

За да фрлам малку повеке светло на атентатот ќе цитиам делови од новинарски текстови во кои има интересни детали за истиот. Причина што ке го оптоварам текстот со овие цитати е во тоа што тие веке не се достапни на интернетов. Политичко- полициското подземје со тргањето на архивите на весниците од интернетот на генерациите родени по настаните им ја ускратува можноста да имаат каков таков увид во случувањата од порано и да добијат вистинита слика за настаните од блиското минато!!

ВМЕШАНОСТА НА БИЗНИС ОЛИГАРХИЈАТА И БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ

Оваа приказна би ја започнал со двајцата македонски и двајцата српски бизнис-олигарси кои еден ден пред атенатот врз Претседателот Киро Глигоров престојувале во хотелот „Бристол“ во Скопје, поконкретно македонскиот „крал на тутунот“, сега покоен, потоа „принцот на бакарот“ кој порано се занимавал и со политика и српскиот „фармацевт“ на привремена работа во Македонија. Четвртиот е сега починат српски трговец со драгоцени метали. Двајцата македонски и двајцата српски олигарси со своите придружници, вечерта на 1 октомври 1995 година, престојувале во хотелот „Бристол“, вечерале во ресторанот, а потоа дел од нив меѓу кои еден од македонските бизнисмени и Србите останале да ноќеваат во хотелот. Во тој период, беше сосема невообичаено за таквата политичка елита да ноќева во толку ефтин хотел, што никогаш претходно се немало случено. Тие таму најмалку се задржале до утрото другиот ден, при што изнајмиле соба во поткровјето на хотелот „Бристол“ од каде што спокојно можеле да ја набљудуваат улицата и да го надгледуваат паркираното бело „ами 8“ спроти хотелот, кое ќе грмне на 3 октомври, утрото, во 9,50 часот. Сомневањата за можната вмешаност на чудната екипа тајкуни (бизнисмени кои се збогатиле на сомнителен начин) или пак за нивните евентуални сознанија за подготовките на атентатот ги мултиплицира и моето сознание дека еден од нашите бизнисмени претходно имал чудни патувања во странство, во Норвешка и контакт со фирма која се занимавала со производство на воен експлозив. (Да потсетам дека експлозивната направа била составена од три видови експлозив меѓу кои и разорниот ПЕТН). Во документацијата на Втората управа на ДБК, постоеле и фотографии кои ги потврдуваат овие настани. Поконкретно, овие фотографии кои најверојатно исчезнале по заминувањето на Слободан Богоевски од местото секретар за државна безбедност, биле фотографирани од германски турист. На едната од нив се гледа паркираното „ами 8“, и истата била и објавена во медиумите, а на другите кои се чувале во тајност, биле и бизнис-олигарсите, односно споментатите сомнителни лица.Приказната за средбата на македонските и српските тајкуни во „Бристол“ особено добива на значење ако се разгледа во политичко-економскиот и безбедносен контекст во кој се случи атентатот. Познато е дека обидот за убиство на Претседателот се случува во време кога македонската бизнис олигархија ревносно ги полнеше своите бисаѓи со црни пари, кршејќи ги санкциите на ОН кон СР Југославија преку извозот на нафта, цигари, реекспортот на бакар, злато и други метали, со што отворено го помагаше режимот на Милошевиќ во Белград. Таа олигархија, предвлодена од „кралот на ембаргото“ Штерјо Наков, тутунскиот бос Данчо Шутурков и „златното момче“ Ванчо Чифлиганец, под политичката закрила на Бранко Црвенковски имаше изворен интерес да ја продолжи својата лукративна финансиска операција од регионални размери. Истите интереси ги имаше и олигаргхијата на Милошевиќ, која под изговор на обебедување „јужен превев“ за економски воздух, ги полнеше своите кипарски и швајцарски конта. Кога се разгледува можноста за вмешаност на Чифлиганец во атентатот на Киро Глигоров, мора да се земат во предвид и рудниците, меѓу кои и „Бучим“ на Вачно Чифлиганец, односно видот на експлозивот што тие го користат. Исто така, мора да се напомене дека најмалку истражувана е третата линија на атентатот, односно евентуалната поврзаност на воено-разузнавачките служби на Србија со слични структури во нашата земја и нивната соработка за ваквиот терористички чин. Таа линија е најмалку работена поради тоа што Србија не сакала да соработува. Во тој контекст интересно е да се спомене и кражбата на експлозив од армиски магацин во Визбегово и 14 далечински управувачи за детонирање, во времето на министерот Ханџиски. Полицијата немаше спроведено истрага за таа кражба, која ја криеја тогашните државни структури, а познато е дека експлозивната направа во атентатот на Глигоров била активирана со далечински управувач. Таа трага можеби и ќе дадеше одредени податоци за српската врска во атентатот. Како и да е, несомнено е дека атентатот е производ на соработка и на финансиските тајкуни, и на дел од извршната власт, работејќи за своите лични заеднички интереси, бидејќи, Претседателот Глигоров, пак, во оваа констелација најверојатно претатавува ненадејна пречка која требало да биде елиминирана. Во текот на 1995 година, меѓународната заедница и странските амбасадори во Скопје вршеле посебен притисок да запре криминалното кршење на санкциите кон Белград. Глигоров добил на увид документација за вмешаноста на нашите олигарси во тој процес, па повел и политичка акција - средби со лидерите на политичките партии, пролетта 1995, за да создаде и политичка клима за запирање на криминалот. Во тој контекст може и да се разбере тврдењето дека атентаторите врз Претседателот Глигоров - барем во една од димензиите - инспекторската - треба да се бараат дома. Работите дополнително се вжештуваат ако се има предвид и судската изјава на висок функционер од тогашната власт пред надлежните органи за истрагата околу атентатот, според која Црвенковски сакал сакал предвреме да го смени Глигоров од функцијата. Според моите сознанија, станува збор за изјава на Стојан Андов, тогашен претседател на Собранието, кој пред судот наводно изјавил дека премиерот Црвенковски неколку месеци пред атентатот му рекол дека СДСМ има намера да побара смена на Глигоров.

Притоа, Црвенковски побарал поддршка од Андов, предлагајќи му тој како најискусен политичар да се нафати да биде кандидат за таа функција. Црвенковски дополнително образложил дека најамбициозен кандидат за нов Претседател бил Љубомир Фрчковски, но тој не ги исполнил условите - немал наполнето 40 години, возраст потребна за да се кандидира за највисоката државничка функција. Врзувањето на „тајната вечера“ во „Бристол“ со политичката гилотина што „младите лавови“ на чело со тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски му ја подготвувале на Глигоров, не е воопшто бенигно. Но, бидејќи атентатот врз претседател на држава по правило е политички чин, Црвенковски, како политички претставник на македонската олигархија, доколку навистина постоела намера во врвот на СДСМ за предвремено симнување на Глигоров од претседателската функција, со тоа ја дал неопходната поткрепа што би можела да послужи како добра инспирација на оние што сакале да го убијат. Висок српски разузнавач, порано резидент на српската тајна служба во Бугарија, кој располагал со топ-информации за инволвираноста на тајните служби во терористички акти, бил и самиот инволвиран во неуспешниот атентат врз Милошевиќ, на поранешен висок македонски разузнавач, кој работел во сите три безбедносни служби му рекол: „Кога ќе се разоткрие вистината за атентатот врз Глигоров, ќе излезат имињата на повеќе наши бизнисмени.“ Доказ за вмешаноста на бизнисмените е и тоа што МВР ги следело олигарсите. Во периодот на ембаргото и санкциите кон СР Југославија спровело и акција за следење на комуникациите на неколку македонски фирми, меѓу кои и на „Фершпед“. Притоа, се дошло до сознанија дека црните бизниси се договарале во комуникација со Кабинетот на премиерот Црвенковски. Според моите сознанија Кипар е дестинација каде што се префрлени огромни суми на девизи, на сметките на нашите политички и бизнис олигарси. Како и да е, какви и да се нашите ставови кон Киро Глигоров, тој бил наш Претседател, и атентатот врз него е државен удар. Должни сме во целост да се расветли атентатот, неговите нарачатели, планери и реализатори, и улогата на Црвенковски и бизнис олигархијата.

Дел од интервјуто со белградскиот адвокат Фила:

ИНПРЕС: Вие бевте последниот што Милошевиќ, го одведовте во Централниот затвор во Белград. Бевте сведок на неговата лична и семејна драма. За тоа нешто подоцна. Сега какви беа врските на кланот Милошевиќ, посебно на наговиот син Марко, со Македонци во сомнителни бизниси? Тука посебно со македонскиот и балкански, поранешен „тобако – бос“, Данчо Шутурко?

Фила: Знаете, мојата адвокатска канцеларија во Белград е сместена покрај гигантите, како што се „Цептер“, „Белградски саем“ и други. Правно ја застапував и „Делта“, фирмата со која се поврзуваат тие бизниси, па и самиот Шутурко. Е, сега, дали некој нешто зел? Сосема е логично да се сомневате. Најверојатно, некој и зел нешто. Но треба да се знае дека СРЈ беше под ембарго и ништо не можеше да се купи по редовна цена. Можностите за екстра профити беа огромни. Јас ќе ви откријам дека тутунот од Македонија беше плаќан со жито. Фактурите се поминати преку една трета земја, да не ја бламираме јавно. Во суштина стоката само „про форма“ ќе излезеше од Србија, наводно во друга држава (европска), а само по 5 метри, од „ничија земја“, се враќаше назад. Во прашање беа пратки кои овозможуваа, поединечно, чист ќар од 100 до 200 илјади тогашни марки. Значи, во прашање беа стотици милиони марки. Дали нешто зеле Шутурко и другите? Веројатно сите зеле „по нешто“!?

ИНПРЕС: Атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров (октомври 1995) некои го поврзуваат со спречувањето на сомнителните бизниси. Се споменуваат српски, словачки „врски“ (Братиславска), бугарскиот „Мултигруп“, чиј прв човек Илија Павлов, ненајавен (како што подоцна откри Глигоров) влегол во комплексот на вилата „Биљана“ во Охрид, за лично да го негира тоа. Сепак, факт е дека атентатот се случи наредниот ден по средбата Милошевиќ-Глигоров, во Белград?

Фила: Пред да ви одговорам, сакам да соопштам еден општ став. Јас особено го ценам Глигоров. Тој беше добар пријател и на мојот татко. На историјата ќе и оставиме да покаже дали тој беше во право со неговата идеја околу Албанците. Сега за прашањето. За атентатот, јас бев скептичен и тогаш и сега. Не наоѓам никава корелација во тоа што атентатот беше ден по средбата со Милошевиќ. Знам дека наредниот ден по атентатот, врвни луѓе од безбедносните структури на Србија (Станишиќ и други), беа повикани во Скопје за да помогнат. Со нив имав добри релации и кога брзо се вратија во Белград, мене ми кажаа: „Не знаеме зошто не повикаа кога е сосема јасно дека е тоа дворски атентат, извршен од луѓе во самото непосредно опкружување на Глигоров“. Значи, нивното мислење е дека атентатот е извршен одвнатре, а не однадвор. Барем во Србија и ден денес е присутно мислењето дека го направил некој од соработниците на Глигоров.

 

Дел од текст објавен на 23.10.2008 година:

Бившиот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски, од комотната позиција на универзитетски професор во вторникот конкурираше за наградата од 1 милион евра што ја дава МВР за битна информација во врска со атентатот на Киро Глигоров. Професорот не можеше да ја открие мистеријата за тоа кој се обиде да го убие претседателот на "Оазата на мирот" додека тој беше министер во МВР, но затоа 13 години подоцна во неговиот универзитетски кабинет му дошол "крунски сведок", негов полицаец, кој му дал јасна слика за тоа што се случувало во структурите со кои тој, инаку, раководеше и на кои им издаваше наредби

Според Фрчко, Бранко го нарачал атентатот, ДБК го извршила, а тој го покрил. И тоа во Вашингтон, каде што замина како полицаец, а се врати како дипломат. 

Признанието на професорот во целост ја потврдува анализата на Форум, објавена пред две недели по повод 13 години од трагичниот настан, дека атентатот на Глигоров беше само обид да се исплаши претседателот кој упорно и тврдоглаво инсистираше на борба против организираниот криминал, наспроти тогашниот премиер Бранко Црвенковски за кого отворено се ширеа муабети дека е близок со структури кои го организираа шверцот со нафта и цигари, како и пирамидалните штедилници.

Впрочем, уште во тоа време се говореше дека Црвенковски бил приморан од Глигоров да го одржи познатиот говор во Собранието за расчистување со "октоподот" и за криминалните "пипки" кои длабоко навлегле во државните структури. 

„Професоре, јас сум тој службеник на МВР кој ја сликаше фотографијата на наводниот германски турист пред Бристол на која се гледа паркираното ами 6, ден пред атентатот. Еден од државна (н.з., Дирекцијата за државна безбедност) ми рече да сликаме куп фотки секој ден, не ми објаснуваше зошто. Јас сликав и му ги предадов фотографиите и негативите нему и заборавив“, пишува Фрчкоски за тоа што му кажал некогашниот полицаец на некогашниот негов шеф, во кабинетот на сега веќе „еминентниот“ професор и „експерт“ без чија запршка нема политичка чорба во Македонија!

Бившиот министер, кој неуспешно ја водеше истрагата за трагикомичниот атентат на Глигоров извршен токму во негово време, на овој начин признава дека атентатот не бил организиран од надворешни фактори како што најавуваше во 1995 г., туку од внатрешни структури, полициски структури.

Со сета нему својствена апсурдност, Фрчкоски раскажувајќи ја „прикаската“ пропушта да потсети дека тој беше челникот во МВР во тоа време, тој ѝ издаваше наредби на Дирекцијата за државна безбедност и, згора, сите информации му беа достапни. Сега, 13 несреќни години подоцна, се прави невешт, вистинољубив, безмалку безгрешно зачнат!

Зошто и токму сега Фрчкоски го објавува ова? Кои се мотивите на министерот кој не го реши случајот, а за тоа подоцна од неговиот премиер Црвенковски наместо со оставка беше награден со позицијата министер за надворешни работи? Кои, пак, биле мотивите на човекот, кој отишол право кај својот поранешен шеф, а не кај сегашната министерка за внатрешни работи или во јавното обвинителство кои го водат случајот?

 

Еден текст од 24.10.2008 годнина

 

Фалшлива тревога за атентатот врз Глигоров

Вчера, вторник, во Македонија вистинска гужва крена колумната на Љубомир Фрчкоски во Дневник во која тој раскажува како вработен во Седмата управа му раскажал дека снимката на автомобилот ами - 8 во кој беше поставена бомбата со која беше извршен атентат врз Киро Глигоров, не ја направил случајно некој германски турист, туку вработениот во МВР кој разговарал со него, по наредба на неговот шеф. По ова следеше лавина од реакции, а интересно е што напишаните зборови на Фрчкоски во „Дневник“ беа ударна вест во сите медиуми. Тоа впрочем и не би требало да е спорно. Каде е тогаш проблемот?
Во една една ситница која открива други игри за целата оваа работа: Истото што Фрчкоски вчера го објави, веќе беше напишано во дневниот весник „Нова Македонија“ од 3 октомври оваа година токму по повод атентатот врз Глигоров. Текстот е на Александар Божиновски, одличен новинар кој долго време има солидни контакти во МВР.
Во истиот текст има дури и изјава на Фрчкоски во која горе-долу го кажува истото што и во колумната. Впрочем, еве што објави Нова Македонија пред само 18 дена:
„Од многуте информации, последната до која дојде ‘Нова Македонија’ е судбината на фотографијата објавена во медиумите на која се гледа автомобилот бомба, паркиран пред хотелот ‘Бристол’. МВР тогаш тврдеше дека фотографијата ја добило од германската разузнавачка служба, а тие пак од германски турист. Името на туристот остана непознато, иако еден од истражните судии, Ставре Џиков, го барал под дрво и камен во Германија.  ‘Никој ниту чул, ниту пак знае за тој турист’ - вели Џиков.
Остануваат отворени прашањата за тоа кој бил вистинскиот автор на фотографијата, зошто токму тогаш таа е направена и на крајот кој го наредил тоа... Некогашниот новинар на ‘Нова Македонија’, Зоран Петров, кој го истражуваше атентатот и како новинар и како вработен во Агенцијата за разузнавање вели дека и тој наишол на неверодостојни информации за тоа кој е вистиснкиот автор на фотографијата.

’За мене тоа е заговор. Без сомневање. Многу добро се сеќавам на таа фоторафија. Се гледа како еден случаен минувач гледа во човекот кој фотографира. Јас го најдов тој човек и ми рече дека фотографот бил пристар човек и воопшто не му личел на Германец. Всушност беше сигурен дека тоа е наш човек. Не ми е јасно зошто тој наводен Германец ни беше претставен како турист што сосема случајно поминувал и ја сликал Старата железничка станица,’ вели Петров.

Тогашниот минстер за внатрешни работи Фрчкоски вели дека од вработен во УБК бил информиран оти спорната фотографија е од МВР. ‘За тоа треба да се види што всушност правеле надлежните во МВР по моето заминување од таа функција... Внатрешен политички заговор не постои, но сигурно има луѓе во нашите безбедносни служби што им помагале на тие однадвор. Лично сум уверен дека ветрот за тој атентат дува од Србија,’ вели Фрчкоски.“

Ете тоа го објави „Нова Македонија“ на 3 октомври. Ако внимателно читавте, ќе забележите дека истото поради што сега се дигна врева, со сите елементи е бајата вест. И за јавноста, но и за безбедносните служби кои очигледно ова го знаат одамна.
Тогаш, зошто се молчело досега и зошто одеднаш се дигна ваква гужва? Зошто сега, а не на 3 октомври кога пишуваше „Нова Македонија“? И зошто Фрчкоски веднаш не го соопштил на Обвинителството тоа што го знае, туку чекал да го каже најпрво во „Нова Македонија“, а откако таму помина без многу гужва, да го напише во својата колумна во Дневник?

 

Неколку интересни имиња споменувал Петрит Аме во своето сведочење:

Цигарите се претвораа во опинци, кикиритки, салами...



...Инаку, главен за шверцот на цигари во РМ бил Шутурков, за кого кажа дека ја ужива заштитата на премиерот Бранко Црвенковски и на СДСМ и дека како противуслуга за тоа го финансирал СДСМ.За секоја пратка на цигари која ќе поминела преку територијата на РМ морало на Шутурков да му се плати таксата од 25.000 ДЕМ. За таа цел Шутурков ќе издал сертификат дека цигарите се производство на „Македонија – табак“, додека пак на границата со СРЈ се покажувала друга фактура, во која стоело дека камионот е товарен со опинци, кикиритки, салама и друга стока. Од самата граница цигарите ги преземала СДБ на Црна Гора и ги носела до директорот на „Зета,“ Ѓукановиќ, кој парите од цигарите ги употребувал за исплата на пензиите и социјална помош...

...Во многу пријателски бил со Златко Соколиќ, сопственик на „Интерфалко“ за кого кажа дека за време на ембаргото многу шверцувал нафта, цигари и хемикалии. Според Петрит, на Златко многу му помогнале да добие контингент Слободан Богоески - советник во Владата на РМ и премиерот Бранко Црвенковски, за што Златко им плаќал големи суми на пари. Преку „Интерфалко“ поранешниот министер за стопанство Јован Андонов - Реган перел пари, а меѓу честите гости на оваа фирма ги спомна и Зоре Темелковски и Павле Трајанов, за кои кажа дека најверојатно имаат добро профитирано за услугите што ги имаат направено за оваа фирма...

...Петрит кажува и за перењето на цигари што се вршело преку братот на поранешниот министер за внатрешни работи на РМ Љубомир Фрчкоски, на фри-шопот „Челебија“...

 

Како завршија сведоците:

-Подоцна, по атентатот, загина Аслан Нуиши, поврзан со мерцедесот во кој се возеше Глигоров, а Петрит Аме исчезна. Се самоуби Драган Гаврилов, човек од опкружувањето на Глигоров. Неговото самоубиство, за кое не можеше да се најде некоја посебна причина, никогаш не беше сосема разјаснето, ...

-Еден од најзначајните моменти коишто потврдуваат дека атентатот врз Глигоров е дело на конспирација на тајните служби, политиката и криминалното подземје се мистериозните несреќи на полицајците и ликвидациите на балканските криминалци. Таа врска ја самоуби полициската службеничка во Втората управа на МВР, Тања Павловска - заради нејзините точни сознанија за амито...


-Во тој контекст, пак, најинтригантно е наводното самоубиство на полициската службеничка Татјана Павловска во 1997 г., една година пред веќе очигледниот трансфер на власта. Официјално, сè уште МВР го води случајот како самоубиство. Меѓутоа, полицискиот извештај од самото место каде што била пронајдена, најверојатно направен од увидна екипа којашто сè уште не била инструирана што треба да стои во записникот и за кого станува збор, фрла голем сомнеж врз официјалната верзија за трагедијата. Имено, полициски извори велат дека Павловска била пронајдена во последните улички во населба на падините на Водно, со три прострелни рани и со покриена глава?!

-И скопскиот контроверзен бизнисмен Спирос Куцурелос, кој беше доведуван во врска со атентатот, беше најден мртов во неговиот дом. Според полицискиот извештај, Куцурелос се самозастрелал.

 

Од онаа што сум го напишал и цитирал досега во текстот јасно е дека Заев не се „домунѓавал“ со криминалците од  поранешното водство на ДПМНЕ и јасно е дека се започнати и судски процеси за врвот на Груевски и „фамилијата“ и дека и со елиминација на Заев, Груевски и „фамилијата“ нема да можат да ги попречат судските процеси против нив. Значи Груевски и „фамилијата“ со елиминацијата на Заев би имале голема шанса да им се случи „Шилегова улица“, односно Груевски и „фамилијата“ да бидат ликвидирани (мртва уста не зборува) при „бекство“, при „вооружена престрелка “, самоубиство со три четири куршуми за да не паднат живи во раце на полицијата или некој од другите специјалитети на ППП! Значи можноста за „Шилегова улица“ е единствената можна поврзаност на можната ликвидација на Заев со атентатот на Ѓинѓиќ!!

Да потсетам, Заев се „домунѓавал“  и се „домунѓава“ со криминалното водство на ДУИ!! „Домуѓавањето“ е не за политичка стабилност во државата туку исклучиво за Заев да дојде на власт и да се одржи на власт во овие месеци.  

За врхушката на ДУИ нема ниту едно обинение!! А пред изборите Заев го изјавуваше следново: 

ДУИ е партнер на Груевски во криминалот и корупцијата!! Примарната цел на ДУИ поради која останувале во владата била моќ, власт и пари“.

Но од она што се случи, односно случува после „домунѓавањето“ на Заев со Ахмети, прифаќањето на спроведување на Тиранската платформа на Заев и врвот на ДУИ нема мотив за елиминација на Заев. Заев за задоволување на сопственото его е подготвен да прифати ако побара Ахмети и федерално уредување на Македонија.

Некој ке ми приговори ама еве деновиве е отворена истрага против Ахмети за пописот. Тоа е пропаганден меур, на службата за пропаганда на Заев за да се отргне за малку вниманието на граѓаните од неисполнувањето на предизборните ветувања од страна на СДСМ односно Заев, лошите кадровски решениија и она што е најгорчливо во моментот, НЕУСТАВНИОТ закон за Албаски јазик* и капитуланскиот однос во преговорите со Грција, врзани за името, идентитетот, јазикот, опсегот на името.

Дека покрената истрага на СЈО против Ахмети е пропагандна манипулација, потврди интервјуто на директорот на Заводот за статистика на Македонија а кое го даде „случајно“ веднаш по објавата за отворената истрага од СЈО за пописот 2011 година, и во кое ја даде следната изјава за пописот од 2011 година:

„Ако не се прекинеше, ќе произлезеше дека во земјава има 3 милиони жители со оглед на тоа што очигледно се попишуваа и лица кои беа единици на попис, но и лица кои не беа. Голема е веројатноста дека имаше и повеќекратно попишување на исти лица, со единствена цел, на крајот, некоја од етничките заедници да биде со поголема, односно со помала застапеност во вкупното население“.

Со  оваа изјава на директорот на Заводот за статистика во старт се руши обинението/истрагата на СЈО за пописот од 2011 година, односно истрагата ке мора да биде прекината.

Заев, односно СЈО предоцна се сетија да поведат истрага за ДУИ. Истраги и покренување на обиненија за ДУИ, поточно за врхушаката на ДУИ, за нивниот дел од криминалите за времето на коалицирање со ДПМНЕ, се правеше пред или во време на преговорите за коалиција. Само тогаш, со таква постапка Заев ке беше на јасно, дали во ДУИ се подготвени да се справат со криминалот во нивните редови. Сега е премногу доцна, владата зависи од ДУИ, а во ДУИ, Ахмети е неприкосновен владетел!!

Да ги потсетам оние кои сеуште навиваат за прогласување на Законот за албански јазик со указ а веруваат во истрагата на СЈО за Ахмети, дека Заев со тој закон му го качи рејтингот на Ахмети кај Албанците до невидени размери. Тој му овозможи на Ахмети сега многу лесно да може да го одбие овој „напад“ од СЈО. Образложение за тоа е дека сега, заради притисокот кој Заев и пратениците на СДСМ го трпат од Македонците и од ЕУ заради злоупотребата на Европското знаменце  за носење на Законот за албански јазик, дека Заев и СДСМ се обидуваат да го заплашат Ахмети и да го натераат да прифати одлагање во овој момент на ново прекршување на Уставот за да законот со Указ потпишан од Таљат Џ биде прогласен и да започне да се применува. Со вакви будалии од Заев и неговите советници, од Ахмети прават уште поголем херој кај Албанците. 

Крајот на колумната на Ордански  заслужува посебна „обработка“ бидејки е порака која ја праќа УДБа, односно политичко-олициското подземје, т.е. македонскиот ДИП СТЕЈТ!

Јас мислам дека снајперот за Заев веќе е нарачан. Јас така би играл, да сум на нивно место. А потоа политичката „оставина“ на Заев ќе се распадне за една недела по неговата ликвидација, со комплетно нова историска интерпретација на „бомбите“, со елиминирање на сите поддржувачи на реформите и со редефинирање на нивните, фамилијарните, „вистински“ заслуги за Македонија. А СДСМ на Заев речиси веќе и да нема да постои.

Снајпер нема да биде потребен, бидејки може да се случи заради употреба за прв пат пак да се утне и Заев само да биде ранет. Од причина што се работи по мое длабоко убеување за иста екипа која го организираше атентатот на Глигоров ке се прави набавка на „АМИ“, но сега наместо едно ке има две амиа,  кои ке стојат паралелно на улицата и тогаш промашување ке нема!!

Орданоски делумно нештои погоди, кога вели: 

А потоа политичката ‘оставина’ на Заев ќе се распадне за една недела по неговата ликвидација“.

Мотив за ликвидација на Заев имаат само оние кои го донесоа СДСМ на власт и кои сакаат СДСМ да остане на власт, бидејки живиот  а сменет Заев, каков го создал Господ—лажлив, превртлив, бескрупулозен (оставањето на цедило на Лазаревси, Костовски) кога е негова кожа е во прашање, може да го стори она што не го сторија Љупчо, Бучковски, Греувски, Мијаков—да пропее јавно. 

На ППП им е јасно дека нивните проекти, Тиранската платформа, Пучот од 27 април, „решавање “ на спорот  за името со Грција, кој наместо решавање на разликите за името, стана бришење на Македонскиот идентитет, јазик и држава заради влез во НАТО и ЕУ не успеаа. И така планот, сите предходно споменати „направии“ со кои ППП, т.е .ДИП СТЕЈТОТ, планираше да се покријат неисполнувањата на предизборните ветувања за еднаквост пред законот, „враќањето“ на демократијата, слободата, економската благосостојба на граѓаните и расчистување со кримималот, што ке значеше демонтажа на политичко-полициското подземје, мора да се покријат, односно да се најде виновникот во сопствените редови. Затоа опстанокот на СДСМ како партија е единствено можно ако сѐ она што предизвикува незадоволство кај граѓаните да му се припише на Заев. Да потсетам тоа веке го прават Милчин, Најчевска, Астеруд, Попсимонова и компанија, дали по нарачка од ППП или пак самоницијативно не е битно.