ЗАЕВ И СДСМ ГО АМНЕСТИРАА ГРУЕВСКИ ЗА СИОТ КРИМИНАЛ

 

[Image: platforma.jpg]

Јордан Петровски 09.03.2017

Ваква лага може да се продава на малоумни луѓе и на партиски војници, толку им е умоти и на едните и на другите:

 

-“Претседателот на ДУИ го информирал германскиот пратеник дека се прават напори за да се деблокира Собранието и за да почнат да функционираат институциите.“

 

Прашање до оние кои јадат гурабии дека  СДСМ  имало мнозинство од 67 пратеника. За избор на председател и се останато врзано за работа на Собранието е потребен 61 глас. Зошто СДСМ со своите коалицини партнери не свика седница и избере председател на Собранието? Вистинит  одговор на оваа прашање уверен сум дека нема да добијам. 

Ама прашањето на кое треба да одговори Заев и СДСМ  е што треба да прифатат СДСМ, поточно да изгласат за да ги добијат гласовите од пратениците на ДУИ.  Зар толку можат да бидат заслепени од желбата за власт Титовите комуњари  од СДСМ па не гледаад дека се наоѓаат во жив песок, за некој ден веке живиот песок ке им дојде и до носот! Избори треба да побараат веднаш, секој изминат ден им носи загуба од по некоја илјадарка гласови. 

Со блокирањево на Собранието од стана на СДСМ,  СДСМ јасно покажа дека постои некаков договр помеѓу СДСМ и ДУИ кој е на штета на Македонците! Со оваа Заев и дружината ја одработија амнестијата на Груевски. Да појаснам зошто велам дека Заев со дружината му ја одработи амнестијата на Груевски. На изборите кои се неминовни  и се единствено решение за излез од кризата предизвикана од ПЛАТФОРМАТА , ДПМНЕ ке однесе убедлива победа.

 

Целиот текст со изјавата на Ахмети:

 

Ахмети-Хелбах: Да се деблокира Собранието и институциите

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со Кристијан Хелбах, специјален претставник на германското МНР, со кого разговарале за новонастанатата ситуација по изборите на 11 Декември и политичката состојба во земјава, како и напорите за да се излезе од политичката и институционалната блокада.

„Ахмети говореше за улогата на ДУИ за оддржување на сеопфатни и кредибилни избори, како и нашето инсистирање за заокружување на Охридскиот договор, системски реформи и евроатлантска интеграција. Ахмети истакна дека изборите беа организирани за да ја решат кризата, а не за да ја продолжат или продлабочат кризата“, соопшти ДУИ.
Хелбах, како што информираат од партијата, истакнал дека Германија има разбирање за одлуката на Ахмети и ја нагласил поддршката на Берлин за интергирана Македонија во евроатлантските структури и Македонија со ефикасни системски реформи.
Претседателот на ДУИ го информирал германскиот пратеник дека се прават напори за да се деблокира Собранието и за да почнат да функционираат институциите.
Исто така, Ахмети нагласил дека оправдувањата на Иванов се неоддржливи затоа што Заедничката изјава е резиме на изборните програми на Албанските парламентарни партии и на ниту еден единствен начин не го загрозува уставниот поредок на Македонија.
MКД.МК
Read 594 times