ЖЕЛБАТА ЗА ВЛАСТ НАЈТЕШКО ПСИХИЧКО ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ЧОВЕК

 

Јордан Перовски 09.03.2017

Од двеве видеа кои се мал дел од интервјуто на потпаролот на ДУИ јасно 

 

 

Понудата на СДСМ  за законот за унапредување на  албанскиот јазик е подобра од онаа на ВМРО ДПМНЕ.Понудата на ДПМНЕ за албанскиот јазик ка оценуваме како недоволна. ВМРО ДПМНЕ прифати повеке од тоа што барале албаснките партии и за оваа постои пишан документ. Нема разлика во тоа што прифатија СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во преговорите со ДУИ кога е во прашање ПЛАТФОРМАТА!

 

 

Го гледав интервјуто со Бујар Османи. Кој тоа вика дека во ДПМНЕ нема Албанци? Ете, он е најекспониран албански вмровец, а гарант има и други што се уште јавно молчат.

После овие мислења кои сум ги цититал, посебно второво мислење кое е мислење на голем подржувач на СДСМ, водството на СДСМ заслепено од желбата за власт или пак водстото е свесно дека со постапките кои  не кореспондираат со ветувањата кои беа дадено кога се обзнануваа “бомбите“, со избори сега, избори кои се единствен излез од кризава, ке доживее катастрофален пораз. Па затоа по секоја цена се обидува да направи влада, влада за која секој разумен човек знае дека ке трае многу кратко. Зар на водстовот на СДСМ не им е доволен сигнал тоа што ДУИ  со платформата на СДСМ  им ја поништи предизборната програма, справување со криминалот, па и новата  уцена на ДУИ,  околу доконституирањето на парламентот СДСМ несака да ја види. Ако намерите на ДУИ и на останатите потписници на ПЛАТФОРМАТА на партиите од Албаскиот блок им се надминување на кризата предизвикана со “бомбите“, тогаш за нив ке биде најважно што побргу да се доконституира парламентот, па и без доделен мандат за формирање на влада, носејки закони во Собранието да ја блокираат работата на владата на Груевски и така да праќаат јасна порака до граѓаните кој навистина несака расчистување со криминалот.  

Read 921 times