Декларација за осуда на српскиот геноцид врз Македонците и Албанците

28.02.2017

Периодот од 1912 до 1941 е период на српска окупација на Македонија, проследен со планска колонизација со српско население, насилно менување на презимињата на ИЌ, но и неспорен историски геноцид извршен со крвавото задушување и масакрирање на цивилното население во Тиквешкото востание 1912 и Охридско- Дебарското востание 1913 година, потсетува ТМРО.

Tиквешкото востание било сурово задушено

„Во овие востаниа заедно против Српската окупација се бореле и Македонците и Албанците. Донесување на официјална резолуција на македонското собрание со кое се осудува српскиот геноцид во тој историски период е легитимна и нормална постапка која требаше да се донесе уште 1991, но и денес во 2017 ќе има иста важност. Жртви на српскиот геноцид се и членови на моето потесно семејство и ТМРО не гледа никаква причина  зошто сите политички субјекти не би потпишале историски документ како потсетник на минатото и поука за иднината“, изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.

Read 930 times